Види друже, технички не си во право.Се извинувам вака што ќе улетам на темава, ама секој кој вели дека кучињата-скитници „не напаѓаат без провокација“ според мене е морон. Друга причина не гледам за ваквото наивно-како-паднат-од-Марс размислување.
Фала богу дека за кучињата поимот „провокација“ има друга дефиниција. Еве, најголемата провокација поради која јас сум напаѓан е што поминувам покрај романска амбасада навечер. Значи, чекорам. Сакам да кажам, едно е она кое кучињата го подразбираат како провокација (чекорење, возење тротинет), а друго е она кое луѓето го подразбираат како провокација. А оние кои мене ми велат да не провоцирам се луѓето. Значи, или се прават наудрени, или ми наговестуваат да лебдам наместо да чекорам. Трето нема.Види друже, технички не си во право.
Кучињата како такви, освен ако не се побеснети, нема да нападнат без "провокација". Е сега, проблемот е што провокација за нив е кога возиш точак, кога одиш некаде блиску до нивната храна (а не се ни гледа тоа), кога им улетуваш навечер додека јадат или одиш блиску до кучка со мали кученца.
Мора да разграничиме овде, кучињата во никој случај сами по себе не се криви, што да прават, кучиња се. Да очекуваш од нив да имаат интелигенција еднаква на човекот е нереално. Имаат добра душа, да, ама и малите деца имаат добра душа па не им даваш да си играат со пиштоли бидејќи толку им сече.
Местото не им е во град како скитници, а сите што тврдат спротивно се во тоа паднат-од-Марс размислување...
Луди бездомници немаат право на мислење.Со нив и си зборувам
Само ти мислиш дека е лудо на куче да зборувашЛуди бездомници немаат право на мислење.
Да де, затоа тие што зборат секакви глупости и не ги сака никој си наоѓаат утеха во кучињата.Само ти мислиш дека е лудо на куче да зборуваш
Всушност, кучето е како бебе - врска нема што зборуваш, ама реагира на расположението на твојот глас.
Ајде вака:Да де, затоа тие што зборат секакви глупости и не ги сака никој си наоѓаат утеха во кучињата.
Каква врска има ова со уличните кучиња?
Познати личности се, тоа им е работа покрај другото т.е. маркетинг.Ајде вака:
Шарлиз Терон - посвоено 8 кучиња до сега, еден од најзначајните активисти на ПЕТА, огромен борец против продажбата на кучиња.
Орландо Блум - посвоено куче од Африка.
Џорџ Клуни - посвоено куче од шинтерница.
Камила Паркер Боул (жена му на Принц Чарлс) посвоено куче, активист во организација за права на животните.
Рајан Рејнолдс, Сандра Булок, Џенифер Анистон, Дру Баримор, Елен ДиЏенерс, Алиша Кис, Кејт Винслет, Бриџит Бардо, Пинк, Робин Вилијамс, Викторија Бекам, Анџелина Џоли, Памела Андерсон, Бред Пит, Ким Бесинџер, Моби, Рене Русо.... се само дел од влијателните луѓе за кои ти сметаш дека зборуваат глупости и никој не сака да ги слуша. Башка, ептен се поврзани со уличните кучиња.