Настрана глупостите за Европа како ексклузивно право на белиот уберменш, континентот ќе се избори против наездата со средствата кои историски ги познава. Европа нема да остане старата курва која ја гледаме денес. Не би се грижел многу за нив.
Ние овде немаме начин. Немаме капацитет. Не знаеме како. Целото незнаење иде затоа што се немаме изборено за ништо. Се што оваа држава добила, го добила благодарение на туѓ интерес, игра на околности или невнимание на окупаторот. Зад нас имаме десет дена држава пет на пет во Крушево и едно парче тоалетна хартија како производ од таа револуција кое денес гордо некои го сметаат за уставен документ. За да еден народ има права, треба за тие права да се избори, крв да даде, да живее и да умре за нив....па потоа, кога ќе успее да се избори за таа слобода, да ги преточи во уставот и законите, да ги запамети и да ги живее.
Што од тоа имаме ние денес? Не си ги знаеме правата и слободите оти не се наши. Ништо не сме направиле за да ги добиеме. Сме живееле во "клати врата земај плата" држава на Србите, Хрватите и Словенците, а кога сме се отцепиле од таа држава, во интермецото помеѓу плачењето по Југославија и новата античка ера сме го прекопирале белгискиот устав и сме го направиле свој. Овој народ е спектатор. Редовен сеирџија на својата мака. Со незнаење ќе си ја испратиме државата во заборав и ќе си станеме горди блгари, американци и аустралијанци. Во таков курварлук барем сме докажале дека не бива.