Редовна војска повторно?

Член од
15 октомври 2012
Мислења
193
Поени од реакции
49
не свакам која е поентата на темата празни муабети само, од каде то оти ке има редовна војска? ако имаше редовна војска немаше да ја уриват касарната во битола (и други градови) и да си прат станбени објекти и што уште не, а која на времето имала 8000 војници. Редовна војска не е заклучно стандардите на НАТО, само професионална, а ние пошто му се молиме уште само шо му го немаме бакнато на грците и да не примеа :) енд оф дискашн

PS: а инаку која професионална војска кои тигри, волци, лавој, мачки кучки кои црни ѓаоли, скраја да е нема ратни времинја ко порано, та со 2000 души држава се брани, смешно нели? :)
Voslucaj daima vojna. ima rezerven sostav ima dobrovolci kolku sakas.imame i policija golema brojka etoa.Za grcite neberi gajle sitna riba se.Grcite nesmeat da pisnat vo mat pozicija se.Turcite imse pozadi dole Albanija inije ovdeka nemat sansa?Netreba da mislis na vojna dadade Gospod samo mir daima.Vojna nema daima zatvoren etoj slucaj.
 
Член од
8 април 2012
Мислења
165
Поени од реакции
84
БЕЗБЕДНОСНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО СКОПЈЕ

Нашата резерва е слаба за војна

Многу е битно во ова време кога сите патиме од економска криза, што одлучивме како најдобро да ги искористиме ограничените ресурси за безбедност на нацијата, смета претставникот на НАТО, Генерал Гери Хофман

Македонија не е во состојба да одговори на безбедносните предизвици во регионот доколку не се предимензионираат резервните сили. Моменталната резерва во АРМ е мала и недоволна да ја покрие целата држава. Ова го истакна генералот во пензија Илија Николовски, кој вели дека безбедноста на Македонија директно зависи од организираноста на резервистите во армијата.
- Со вакви димензионирани сили и ваква резерва, не ќе бидеме во можност да одговориме на безбедносните предизвици во регионот, вели Илија Николовски, претседател на здружението на ветерани и резервисти.
На шестата конференција за улогата на активниот состав и резервата на вооружените сили, присуствуваа и претседателот Иванов, министерот Бесими и началникот на Генералштабот, Котевски.
- Имаме активен состав на армијата на Република Македонија, а имаме предвидено и активна резерва, изјави Претседателот Ѓорѓе Иванов.
- Војниците на АРМ денес ние со гордост ги нарекуваме наши амбасадори. Тие се светски амбасадори за мир, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими.
- За нас приоритетна цел ќе биде одбранбеното планирање, кое јасно ја дефинира потребата од изедначување на способноста и опременоста на резервата, изјави началникот на ГШ Горанчо Котевски.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Незнаев дека со помагање при окупација на некоја земја се станува амбасадор на мир.А за топовско месо ако им треба нека ги викнат синовите на оние што седат во влада и парламент да се борат,дека истите и ги прават војните.

.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.465
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112112845497&id=9&setIzdanie=22735

Од 2007 година досега 2.963 граѓани се пријавиле доброволно да служат во АРМ. Засега нашата армија има доволен број доброволци за да може во иднина да се пополни недостигот од професионални војници, но ваквата слика може да се промени, сметаат стручњаците, и во иднина да немаме кадар за професионална војска

Откако го напуштивме системот на регрутација, 13-те илјади регрути беа заменети со 4.700 професионални војници
МАЛ БРОЈ ДОБРОВОЛЦИ ЗА СЛУЖЕЊЕ ВОЕН РОК
Ако не се зголеми бројот на доброволците што се пријавуваат да служат воен рок, или ако не се променат условите за ангажирање професионални војници, Армијата на Република Македонија во иднина би можела да остане без доволно војска.
Минатата недела 281 војник-доброволец, од кои 20 беа жени, дадоа заклетва во велешката касарна дека доброволно ќе отслужат точно 63 работни дена од воениот рок во АРМ. Од Министерството за одбрана објаснија дека во седумнаесетте ротации, колку што ги имало од 2007 година досега, кога е укинат регрутниот систем, вкупно 2.963 граѓани се пријавиле за доброволно отслужување на воената обврска.

Еден од условите да станеш професионален војник е да имаш завршена воена обврска во АРМ. Досега сите професионални војници беа ангажирани од војниците што отслужија воен рок според регрутниот систем, но како што одминува времето бројот на отслужените регрути ќе се намалува поради староста, па АРМ во иднина ќе мора да ги црпи кадрите исклучиво од редовите на доброволците.

Засега нашата армија има доволно регрути, кои се пријавуваат доброволно да отслужат воен рок, за да може во иднина да го пополни недостигот од професионални војници, кои ќе си заминуваат од работа поради старосната граница. Но ваквата слика може да негативно да се промени, сметаат стручњаците, и во иднина би можеле да се најдеме во ситуација да нема доволно кадар за професионална војска.

Да се врати задолжителната воена обврска

Пред повеќе од пет години, меѓу првите во регионот Македонија ја укина обврската за служење воен рок. Овој чекор беше оправдан со воените реформи што секоја земја-аспирант мора да ги направи за приближување кон НАТО. Во 1990-тите во просек годишно АРМ имаше по 13.000 регрути за кои се издвојуваа приближно 45 милиони евра. Откако се отфрли безбедносниот систем на регрутација, 13-те илјади регрути беа заменети со 4.700 професионални војници, 1.900 подофицери, 919 офицери и 364 цивилни лица што работат за потребите на армијата.

Пензионираниот генерал Митре Арсовски објаснува дека тој и неговите колеги, поранешни генерали на АРМ и на некогашната ЈНА, во јавноста неколкупати го кажале своето мислење на оваа тема.

- Ако се врати, задолжителната воена обврска би била полезна и за државата и за младината - смета генералот.

Регрутите би научиле подобро да ракуваат со оружје во споредба со овие 63 дена, колку што им трае обуката, со што би се одржал рентабилен бројот на воени резервисти, а младите би развиле осет за дружење, ред, дисциплина и за морал.

- Учеството на младите во одбраната е лекција за патриотизам, за разлика од сега, каде што во најголем дел доброволците се пријавуваат од економски причини за да можат потоа да се вработат во АРМ - смета воениот експерт.

Тој е дециден дека поради тие причини треба да се иницира повторно враќање на регрутирањето во АРМ.
Генералот го дели ставот дека, наместо големите бројки регрути што годишно пристигале во минатото во АРМ, сега треба да се регрутираат само 30 проценти од тогашниот годишен просек.

- Овие луѓе што би се регрутирале на годишно ниво или на некој пократок временски период би ги одмениле професионалните војници во вршењето на помалку битните работни обврски - објаснува поранешниот прв човек на Генералштабот на АРМ.

Експертот го истакнува фактот дека иако сите тежнееме да влеземе во НАТО и во ЕУ, сепак цело време не треба да се игра на таа карта, туку треба да се размислува и на втора варијанта за безбедносна заштита на државата или на план Б.

Доброволците се пријавуваат поради лошата економија

- Што ако не влеземе во НАТО? Како ќе ја одбраниме државата со 5-6 илјади војници и без никаква резерва? Целата ситуација ќе нѐ доведе на многу лизгав терен, во кој ако се загрози Македонија, ќе немаме бројна армија да си ја одбраниме - резимира генералот.

Воениот аналитичар Благоја Марковски е дециден дека ваквото темпо на регрутирање на доброволците во војската е сосема доволно да се затворат неопходните потреби на АРМ.

- Македонија пред неколку години се одлучи за професионални војници, а со тоа целосно се отфрли регрутниот систем - вели аналитичарот.

Тој објаснува дека ваквите, условно кажано, мали бројки по 200 доброволци во класа се сосема на место бидејќи и онака еден професионален договор на војник трае од девет до 15 години.

- Мислам дека бројката на оние што сакаат да се вработат во АРМ е сосема иста со оние што си заминуваат оттаму, поради старосната граница, и тука никогаш нема да се создаде несакана празнина - објаснува тој.

Според неговото мислење, дури и ваквата бројка од приближно 200 доброволци во класа е добра и е благодарение на лошата економска ситуација во државата и слабата можност да се најде цивилна работа.
- Замислете да се подобри економијата и да се отворат повеќе работни места во цивилниот сектор, тогаш јас ви велам дека никој од младите не би сакал да работи толку ризична професија каква што е професионалниот војник. Сигурен сум дека дури тогаш ќе имаме проблеми, а оваа скромна бројка дополнително ќе се намали. Е сега, треба да размислуваме однапред и плански за во иднина да избегнеме можна ситуација и да не се најдеме во несакан ќор-сокак и да најдеме дополнителни начини што би ги мотивирале младите доброволно да се пријават за служење во АРМ - заклучува Марковски.
Задолжителна воена обврска сѐ уште има во 11 држави од Европа
Во Европа задолжително служење воен рок има само во 11 земји, и тоа во Ерменија, Австрија, Белорусија, Кипар, Данска, Финска, Грција, Норвешка, Русија, Швајцарија и во Турција.

На Балканот сите држави преминаа на моделот на професионална армија, а прва тоа го направи Словенија во 2003 година. По голема дебата во 2004 година тоа го направи и Унгарија, а потоа и БиХ, Романија, Македонија и Црна Гора во 2006 година. Воената обврска Бугарија ја укина во 2007 година, додека Хрватска една година подоцна. Албанија изврши професионализација на војската во 2008 година, а последна беше Србија во 2010-та.
Доброволци за отслужување воен рок

Година Број на доброволци
2007 199
2008 509
2009 471
2010 412
2011 418
2012 726
Вкупно: 2.936
 
Bidi siguren deka ako ja napadne Makedonija druga drzava i decata keja branat .sto ostanuva za nas vozrasnite.teskoe nekoj davleze aida vleze nema daizleze nikogas?
 
Член од
8 април 2012
Мислења
165
Поени од реакции
84
Каков е вашиот став за враќање на задолжителното служење на воениот рок, тема која особено ги засега младите?

АРМ од 2006 година е целосно професионална воена структура. Факт е дека тој модел е застапен во голем број земји, членки на НАТО. Професионализацијата на вооружените сили има голем број на предности кои во изминативе години ги ползуваме и ние. Сепак, искуството на некои армии (Р.Турција, СР Германија) укажува дека комбинирањето на професионалниот и регрутен состав на армијата има повеќекратни предности како модел. Генералштабот на АРМ направи компаративна анализа на концептите за пополнување на активниот и резервниот состав во АРМ. Се разгледува модел со кој АРМ би била пополнета со 85% професионален и 15% регрутен состав. Анализите покажуваат дека со воведувањето на задолжителното служење на воениот рок би се постигнале голем број позитивни ефекти. Вкупниот одбранбен потенцијал на Македонија би се подобрил, а активната и општата резерва на АРМ би се пополнувала континуирано и квалитетно. Одредени финансиски трошоци на АРМ со овој модел би се намалиле, а служењето на воениот рок би имало позитивни ефекти и врз младината на нашата држава. Сепак, за донесување на една ваква одлука потребно е да се вклучат и други експерти од јавноста и политиката.

Елизабета АРСОСКА

фото: Ѓорѓи Личовски

--- надополнето: 23 ноември 2012 во 21:52 ---
Задолжителна воена обврска сѐ уште има во 11 држави од Европа
Во Европа задолжително служење воен рок има само во 11 земји, и тоа во Ерменија, Австрија, Белорусија, Кипар, Данска, Финска, Грција, Норвешка, Русија, Швајцарија и во Турција. Значи тука треба да се додаде и една ГЕРМАНИЈА а да не ја заборавиме една од нај влијателните членки на НАТО .,ВЕЛИКА БРИТАНИЈА .каде сто и еден принц МОРА да служи војска.се сеќавате едниот служеше на фокландските острови кога се расправаа со Аргентина а другиот на двапати одесе во Авганистан нели ја напаѓаа базата каде што беше сместен. А во последно време многу дрзави размислуваат за вракање на регрутна армија или 50;50 пола професионална пола регрутна. Тука спаѓаат :ИТАЛИЈА .ШПАНИЈА .ПОЛСКА .ШВЕЦКА .СРБИЈА .ПОРТУГАЛИЈА . А се изненадив и кога слушнав дека последниве 2г и во САД се зборува за регрути во војска ај кај нив се е можно они сегде војуваат па неможат да се покријат со луѓе и со пари па сакаат да компензираат и покријат со регрути .
--- надополнето: 23 ноември 2012 во 21:56 ---
Вкупниот одбранбен потенцијал на Македонија би се подобрил, а активната и општата резерва на АРМ би се пополнувала континуирано и квалитетно. Тоа е она сто сака да го казе ГЕНЕРАЛ во пензија МИТРЕ АРСОВСКИ
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Ја кажав еднаш,и па ќе кажам.РЕДОВНА ВОЈСКА ПОД ИТНО.Овие "мажи" да одслужат воен рок,и тоа косичињата што ги тераат на страна да им ги поткастрат малце.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Ја кажав еднаш,и па ќе кажам.РЕДОВНА ВОЈСКА ПОД ИТНО.Овие "мажи" да одслужат воен рок,и тоа косичињата што ги тераат на страна да им ги поткастрат малце.
само под еден услов- задникот да е пресуден за прием во војска:ROFLMAO:
(како во Кина- таму е единствен услов газот:pos: )
 
Kajgana Shop

На врв Bottom