AntiZionist
undergoing construction
Не можам да разберам зошто сеуште маркетингот е непознат поим во Македонија, цело време го мешаат со адвертајзинг (или реклами) кога тоа е еден мнооогу поширок концепт, со повеќе елементи а адвертајзингот е само the tip of the iceberg. Маркетингот во другите земји е стигнат до степен до кој што фирмите им дозволуваат на купувачите сами да ги дизајнираат амбалажите на производите (пример од Америка), па дури и додавање на атрибути на производи што реално не постојат (или практично лажење) а што се однесува до истражувањето на пазарот да не праиме муабет (пазарот е поделен на мноооогу таргет групи секоја со свои посебни карактеристики и пристапи) Не ми е јасно како овој концепт не е ни допрен кај нас. Како пример ќе ја наведам не еластичната цена на железничкиот сообраќај во Македонија која не реагира на понудата ниту на побарувачката што се смета за феномен кој не постои туку е само теорија која во пракса ја има единствено кај нас.




