Како ќе изгледа човештвото во следните 20 години?

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Локација
77.94.48.5:80
Со оглед на тоа колку ни е напредна денес технологијата, тешко дека можете да се спротивставите на предвидувањата во однос на тоа што не чека во иднина на тоа поле, особено кога такво предвидување доаѓа од Реј Курцвејл, човекот кој Forbes го нарече „врвна мисловна машина“.
kako-kje-izgleda-choveshtvoto-vo-slednite-20-godini-109951.jpg

Курцвејл кој е основач на Singularity University и воедно човекот кој го измисли софтверот преку кој текстот се претвора во говор, вели дека во наредните 20 години можеме да очекуваме голем напредок.
Курцвејл своите предвидувања ги искажа на конференција одржана во силициумската долина. Според него, во иднина луѓето ќе можат селективно да бришат делови од својата меморија, а нашиот мозок ќе достигне неверојатна точка на развој така што ќе можеме да учиме нови нешта уште од најрана возраст.
Курцвејл за некои од работите кои ги предвидува одреди и години. На пример, според него до 2029 година, машините ќе достигнат ниво на интелигенција како луѓето и ќе можат да не засмеваат, како и да не расплачат. До 2030 година, нанороботи ќе можат да ги поправаат нашите органи како и да ги чуваат со што ќе станеме поздрави, а во период од 25 години компјутерите ќе имаат големина колку една крвна ќелија така што ќе можеме да ги поврземе со нашиот мозок без операција.
Врвот во следниве дваесетина години би бил достигнат во 2045 година кога луѓето и машините ќе бидат длабоко интегрирани и ќе биде постигнат технолошки сингуларитет.

Извор
 
Не ми се свиѓа толку сајбер пост-апокалиптичната дистопија. Повеќе сум наклонет на steampunk верзијата. :)

Терминатор 1 во суштина е егзистенцијалистички филм. Овие дистопичните моменти се нагласени во двојката...

Двата дела се одлични, за разлика од понатамошните продолжетоци, кои се тешко срање...

:)
 
Терминатор 1 во суштина е егзистенцијалистички филм. Овие дистопичните моменти се нагласени во двојката...

Двата дела се одлични, за разлика од понатамошните продолжетоци, кои се тешко срање...

:)

Двојката ми беше ептен подобар, ваљда пошто едно време кецот го даваа на Сител секоја недела. :icon_lol:
 
Живи били па видели дали ќе се остварат неговите прогнози, јас може ќе доживеам а може и не, Ставрогин сигурно не доживува пошо стар е он веќе . Ама кога ќе се сретнеме горе кај Господ ќе му кажувам до кај стигнало човештвото, атеизмот и технологијата .
 
Никој не може да знае.
Порано се мислело дека во светот нема да има место/потреба за повеќе од 2-3 компјутери.
 
Живи били па видели дали ќе се остварат неговите прогнози, јас може ќе доживеам а може и не, Ставрогин сигурно не доживува пошо стар е он веќе . Ама кога ќе се сретнеме горе кај Господ ќе му кажувам до кај стигнало човештвото, атеизмот и технологијата .

Јас сепак се надевам да истуркам до 2045...

:)

Долговечни се мажите во моето семејство, сите преку 80 истуркале...
 
Што знам, сите предвидувања околу технолошкиот развој некако ми се избрзани. Па уште и со конкретни датуми баратаме, хм? И пред 2000 година имаше прогнози, вака ќе било, така ќе било, ова ќе имало, она ќе немало, па не излезе се` според очекувањата. Имаше прогрес, секако, но не како што некои предвидуваа и сонуваа.
Друг проблем е кој ќе ги користи евентуалните благодети. Ми се чини дека најголемиот дел од народов и тогаш ќе умира од разно-разни болештини.
А тоа со роботите... Ќе си копаме очи по форуми со разно-разни машини кои ќе сакаат да посвојат дете, со православни терминатори, со андроиди-хомосексуалци. Робокоп е како измислен за фашистички режими.
 
Јас сепак се надевам да истуркам до 2045...

:)

Долговечни се мажите во моето семејство, сите преку 80 истуркале...
Mногу сакам ти да ја доживееш таа 2045 година и да си сеуште активен на форумов и да дадеш мислење за целокупната ситуација на човештвото.:)
А Дивидер ако доживее знам што ќе каже за роботите:"Ѓаолска работа".:D
 
Што знам, сите предвидувања околу технолошкиот развој некако ми се избрзани. Па уште и со конкретни датуми баратаме, хм? И пред 2000 година имаше прогнози, вака ќе било, така ќе било, ова ќе имало, она ќе немало, па не излезе се` според очекувањата. Имаше прогрес, секако, но не како што некои предвидуваа и сонуваа.
Друг проблем е кој ќе ги користи евентуалните благодети. Ми се чини дека најголемиот дел од народов и тогаш ќе умира од разно-разни болештини.
А тоа со роботите... Ќе си копаме очи по форуми со разно-разни машини кои ќе сакаат да посвојат дете, со православни терминатори, со андроиди-хомосексуалци. Робокоп е како измислен за фашистички режими.

Замисли сега не можеме да се разбереме, а тогаш тек муабетите. Јас имам право на дете, шо ако сум робот. :D
 
Замисли сега не можеме да се разбереме, а тогаш тек муабетите. Јас имам право на дете, шо ако сум робот. :D
Ќе бараат роботски рамковни права, 'ќе има паради, ќе сакаат екстра струја за дрогирање, ако им писнеме одма delete.
Модераторите-роботи ќе бидат страшни и сеприсутни. Постовите ќе им бидат отприлика вакви 0001010101011010! :mad: 10101010110101:tapp:0101011:facepalm:
 
И знамето ќе го лупнат таму кај што ќе има 25% население од нивната сорта.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom