Пропалица
Мртов/а
Со оглед на тоа колку ни е напредна денес технологијата, тешко дека можете да се спротивставите на предвидувањата во однос на тоа што не чека во иднина на тоа поле, особено кога такво предвидување доаѓа од Реј Курцвејл, човекот кој Forbes го нарече „врвна мисловна машина“.
Курцвејл кој е основач на Singularity University и воедно човекот кој го измисли софтверот преку кој текстот се претвора во говор, вели дека во наредните 20 години можеме да очекуваме голем напредок.
Курцвејл своите предвидувања ги искажа на конференција одржана во силициумската долина. Според него, во иднина луѓето ќе можат селективно да бришат делови од својата меморија, а нашиот мозок ќе достигне неверојатна точка на развој така што ќе можеме да учиме нови нешта уште од најрана возраст.
Курцвејл за некои од работите кои ги предвидува одреди и години. На пример, според него до 2029 година, машините ќе достигнат ниво на интелигенција како луѓето и ќе можат да не засмеваат, како и да не расплачат. До 2030 година, нанороботи ќе можат да ги поправаат нашите органи како и да ги чуваат со што ќе станеме поздрави, а во период од 25 години компјутерите ќе имаат големина колку една крвна ќелија така што ќе можеме да ги поврземе со нашиот мозок без операција.
Врвот во следниве дваесетина години би бил достигнат во 2045 година кога луѓето и машините ќе бидат длабоко интегрирани и ќе биде постигнат технолошки сингуларитет.
Извор