Како да ја преболам ? Како да ја заборавам ? Како да ги заборавам сите убави моменти поминати со неа ? Што треба да направам за да не помислам повеќе на неа ?
Не ме бива за совети, сум кажал и порано но ајде ќе се обидам да ти помогнам.
Имаме многу прашања, и за истите сакаме одма да добиеме одговори, но за жал некои од нив се и реторички.
На овие прашања што си ги поставил ти, неможе никој друг да ти одговори освен самиот ти, јас само можам да ти кажам дека се што се сака, се се може.
Можеш да ја преболиш, со тек на време ќе си најдеш друга девојка која што ќе ти докаже дека е подобра.
Да ја заборавиш, да заборавиш на сите убави моменти со неа и да не помислиш повеќе на неа, тоа пријателе нема да можеш, сепак ти со неа си имал нешто, си чувствувал нешто за неа, двајцата сте биле како едно.
Овие работи неможеш да ги направиш од причина што секогаш кога ќе ја видиш, ќе ти се јавува тоа чудно и тешко чувство, како да имаш камен на срцето кој што тежи еден тон.
Знам како е и јас сум го почувстувал тоа, всушност незнам дали има некој што не го почувствувал, но знаеш како викаат: "Времето ги лечи сите рани".
Јас би ти рекол, дај му на времето, време и се ќе си дојде на свое место.
Незнам колку време сте биле заедно, незнам која е причината поради која што сте раскинале, но тоа е веќе завршено, треба да гледаш напред.
Сега си скршен, и што би рекле на попуст, ќе бараш утеха кај некоја друга, лесно ќе може да те заведат, но немој така да постапуваш, тешко е знам, но направи пауза, дај си време на себеси, така ќе може да сфатиш некои работи, почни да излегуваш со пријатели, со друштво, а нова љубов ќе дојде сама по себе, и тоа кога најмалку очекуваш.
Јас се сеќавам првиот пат кога раскинав, не беше моја вина, туку таа сметаше дека може да има некој подобар од мене, и згреши, не се преценувам, но не се ни потценувам, тешко ми беше, не ми се правеше ништо, еве помина една година од тогаш, јас сеуште ја барам неа во секоја друга девојка, но неможам да ја најдам, но знам дека ќе се појави некоја што ќе направи сето тоа да исчезне.
Не за џабе викаат: Некои личности не напуштиле, но затоа што Господ спрема нешто подобро за нас.
Искрено, се надевам дека ова ќе ти биде од помош
