Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.174
Поени од реакции
3.729
Како да ја преболам ? Како да ја заборавам ? Како да ги заборавам сите убави моменти поминати со неа ? Што треба да направам за да не помислам повеќе на неа ?
Фино лепо наоѓаш друга и градиш ѕид помеѓу тебе и таа што сакаш да ја заборавиш бившата always works for me :)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Бидејки го немам ова правено досега :D Како да и кажам дека сакам да се разделам без да се навреди?
Кажи и ја вистината, така нема да се навреди. Сите мразат лажење. Речи и дека веќе не оди и подобро е да се разделите отколку да се измачувате. Само немој да прифаќаш паузи/повремени средби затоа што тоа е давање лажна надеж.

Како да ја преболам ? Како да ја заборавам ? Како да ги заборавам сите убави моменти поминати со неа ? Што треба да направам за да не помислам повеќе на неа ?
Да излезеш надвор, да се социјализираш. Да сфатиш дека веќе не сте заедно. Колку и да ја сакаш, колку и да било се' убаво очигледно нешо фалело чим не сте веќе заедно. Разбистри си ја главата, уживај некој период со пријателите или спортувај а љубовта ќе дојде кога најмалку се надеваш.
--- надополнето: 18 ноември 2012 во 13:20 ---
Фино лепо наоѓаш друга и градиш ѕид помеѓу тебе и таа што сакаш да ја заборавиш бившата always works for me :)
А додека ја љуби замената - мисли на бившата :tapp:
Ко да не смее некој извесен период да биде сам и да се излуфтира, па мора одма после крај на врска да бара замена за партнерот/партнерката.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.174
Поени од реакции
3.729
А додека ја љуби замената - мисли на бившата :tapp:
Ко да не смее некој извесен период да биде сам и да се излуфтира, па мора одма после крај на врска да бара замена за партнерот/партнерката.
не реков дека одма мора да иде со друга нека си биде сам али не да се затвори и да тагува во тоа каква грешка направил дека не требало да раскинат, НЕ напторив нека си се излуфтира со тоа што ке излегува ќе запознава нови девојки нови пријатели а не да се затвара и да гледа романтики со марамчето во рака.
 
Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Како да ја преболам ? Како да ја заборавам ? Како да ги заборавам сите убави моменти поминати со неа ? Што треба да направам за да не помислам повеќе на неа ?

Не ме бива за совети, сум кажал и порано но ајде ќе се обидам да ти помогнам.

Имаме многу прашања, и за истите сакаме одма да добиеме одговори, но за жал некои од нив се и реторички.
На овие прашања што си ги поставил ти, неможе никој друг да ти одговори освен самиот ти, јас само можам да ти кажам дека се што се сака, се се може.

Можеш да ја преболиш, со тек на време ќе си најдеш друга девојка која што ќе ти докаже дека е подобра.

Да ја заборавиш, да заборавиш на сите убави моменти со неа и да не помислиш повеќе на неа, тоа пријателе нема да можеш, сепак ти со неа си имал нешто, си чувствувал нешто за неа, двајцата сте биле како едно.
Овие работи неможеш да ги направиш од причина што секогаш кога ќе ја видиш, ќе ти се јавува тоа чудно и тешко чувство, како да имаш камен на срцето кој што тежи еден тон.

Знам како е и јас сум го почувстувал тоа, всушност незнам дали има некој што не го почувствувал, но знаеш како викаат: "Времето ги лечи сите рани".

Јас би ти рекол, дај му на времето, време и се ќе си дојде на свое место.
Незнам колку време сте биле заедно, незнам која е причината поради која што сте раскинале, но тоа е веќе завршено, треба да гледаш напред.

Сега си скршен, и што би рекле на попуст, ќе бараш утеха кај некоја друга, лесно ќе може да те заведат, но немој така да постапуваш, тешко е знам, но направи пауза, дај си време на себеси, така ќе може да сфатиш некои работи, почни да излегуваш со пријатели, со друштво, а нова љубов ќе дојде сама по себе, и тоа кога најмалку очекуваш.

Јас се сеќавам првиот пат кога раскинав, не беше моја вина, туку таа сметаше дека може да има некој подобар од мене, и згреши, не се преценувам, но не се ни потценувам, тешко ми беше, не ми се правеше ништо, еве помина една година од тогаш, јас сеуште ја барам неа во секоја друга девојка, но неможам да ја најдам, но знам дека ќе се појави некоја што ќе направи сето тоа да исчезне.

Не за џабе викаат: Некои личности не напуштиле, но затоа што Господ спрема нешто подобро за нас.

Искрено, се надевам дека ова ќе ти биде од помош :)
 
R

Rockstar90

Гостин
Епа не можам веќе. Не знам зошто ме лаже дека е со другари на кафе, а иде со колешките од работа на пијачка. Знам дека кога ми кажува не регирам баш најдобро, ама не гледам голема причина зошто на секои 2 недели мора да пие кафе со колешки. И мене колеги од факултет ме викаат, па не идам секој пат, само за он да не си помисли нешто. Што да правам??? Освен ова, се супер ни функционира, ама со ова ме тера да се посомневам во неговата љубов, и немам доверба па и кога ми збори вистина јас си правам 300 филма и мислам дека ме лаже. :confused:
 
Член од
23 октомври 2012
Мислења
11
Поени од реакции
14
Сакам да имам сериозна врска но проблемот е што пијам лекови за висок притисок и за спиење (лекслиум) , никој освен моите дома не знае дека ги пијам , и кога сум у врска ми е страв дека поради лековите мозам да ја изгубам девојката (дека она ке дознае дека ги пијам и толку ке биде) и стално сум сингле , и поима неам со да праам , а и докторот ми рече дека ке си ги пијам лековите до крај , и ај сеа ти види :mad:
 
Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Сакам да имам сериозна врска но проблемот е што пијам лекови за висок притисок и за спиење (лекслиум) , никој освен моите дома не знае дека ги пијам , и кога сум у врска ми е страв дека поради лековите мозам да ја изгубам девојката (дека она ке дознае дека ги пијам и толку ке биде) и стално сум сингле , и поима неам со да праам , а и докторот ми рече дека ке си ги пијам лековите до крај , и ај сеа ти види :mad:
Зашто пиеш лекови за спиење ?
Сон како сон, и јас сум имал бели ноќи, но по некое време, ќе се вратиш во нормала.
 
Член од
23 октомври 2012
Мислења
11
Поени од реакции
14
Зашто пиеш лекови за спиење ?
Сон како сон, и јас сум имал бели ноќи, но по некое време, ќе се вратиш во нормала.
У почетокот ги пиев у комбинација ради притисокот а сега мислам дека сум психички зависен од нив не физички (демек ако не се напијам знам дека не сум и нема да спијам и цела недела додека не се напијам , се е до глава)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Сакам да имам сериозна врска но проблемот е што пијам лекови за висок притисок и за спиење (лекслиум) , никој освен моите дома не знае дека ги пијам , и кога сум у врска ми е страв дека поради лековите мозам да ја изгубам девојката (дека она ке дознае дека ги пијам и толку ке биде) и стално сум сингле , и поима неам со да праам , а и докторот ми рече дека ке си ги пијам лековите до крај , и ај сеа ти види :mad:
Физички активен си?
Стрес имаш ?
Ако имаш проблеми со стресот реши ги со некоја активност.За два 3 месеца ќе ги снема.
 
Член од
23 октомври 2012
Мислења
11
Поени од реакции
14
Физички активен си?
Стрес имаш ?
Ако имаш проблеми со стресот реши ги со некоја активност.За два 3 месеца ќе ги снема.
Све сум пробал и везбање и шетање , мртов уморен ке бидам ке легнам и пак не ми дава душа да заспијам додека не се напијам . Се е до главата , си го знам проблемот сеа за сеа таква е ситуацијата , ова трае веке 10 години не е од вчера, јбг
 
Научи да медитираш и ќе го освоиш светот :)
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Епа не можам веќе. Не знам зошто ме лаже дека е со другари на кафе, а иде со колешките од работа на пијачка. Знам дека кога ми кажува не регирам баш најдобро, ама не гледам голема причина зошто на секои 2 недели мора да пие кафе со колешки. И мене колеги од факултет ме викаат, па не идам секој пат, само за он да не си помисли нешто. Што да правам??? Освен ова, се супер ни функционира, ама со ова ме тера да се посомневам во неговата љубов, и немам доверба па и кога ми збори вистина јас си правам 300 филма и мислам дека ме лаже. :confused:
Немаш доверба во него, дури и кога знаеш дека е искрен?

Не го сакаш. Подобро раскини му и најди си друг. За двајцата ќе биде подобро.
--- надополнето: 20 ноември 2012 во 00:57 ---
Сакам да имам сериозна врска но проблемот е што пијам лекови за висок притисок и за спиење (лекслиум) , никој освен моите дома не знае дека ги пијам , и кога сум у врска ми е страв дека поради лековите мозам да ја изгубам девојката (дека она ке дознае дека ги пијам и толку ке биде) и стално сум сингле , и поима неам со да праам , а и докторот ми рече дека ке си ги пијам лековите до крај , и ај сеа ти види :mad:

Најди девојка и кажи ѝ во лице: „Мора да пијам лекови за висок притисок и за спиење“ и тоа на првиот состанок.

Ако не сака да живее со таков човек, ќе си отиде. Ако остане, значи ќе сака.

Ти не си сам зашто имаш проблеми и мора да пиеш лекови. Сам си зашто никогаш суштински не си се отворил пред девојките, т.е. никогаш не те запознале целосно, заедно со твојата медицинска состојба.

Ако се криеш од нив, и тие ќе се кријат од тебе. А никој не сака да живее со неискрен човек покрај себе, т.е. да ѝ кажува дека нема проблеми, а ги има.

Ако си отворен кон нив, и тие ќе бидат отворени кон тебе. А на некоја можеби и ќе ѝ се допаднеш, и покрај проблемите, бидејќи ако свесно ги споделуваш со нив значи дека зрело се носиш со нив во животот.

Порасни. Отвори се. Биди ранлив и искрен. Тоа не се прави со ниту еден лек, ниту пак постои лек што може истото да го спречи. Ако одлучиш да бидеш несреќен - ќе бидеш. Ако одлучиш да бидеш среќен - ќе бидеш.

Изборот е твој.

Со лесно.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.731
Поени од реакции
13.478
Епа не можам веќе. Не знам зошто ме лаже дека е со другари на кафе, а иде со колешките од работа на пијачка. Знам дека кога ми кажува не регирам баш најдобро, ама не гледам голема причина зошто на секои 2 недели мора да пие кафе со колешки. И мене колеги од факултет ме викаат, па не идам секој пат, само за он да не си помисли нешто. Што да правам??? Освен ова, се супер ни функционира, ама со ова ме тера да се посомневам во неговата љубов, и немам доверба па и кога ми збори вистина јас си правам 300 филма и мислам дека ме лаже. :confused:
Најголемиот проблем лежи во самата тебе со сите тие двојби околу тоа дали што како. Поготово што тие ти се на така високо ниво. Со таков став сигурно ќе го изгубиш. Затоа што ако не е со колешките онда е со колегите. Превише очекуваш да биде поголемиот дел од времето со тебе. Тој став треба да го смениш кај себе. Не гледај толку сомничаво во него, туку малку поотстрана. Поготово вие женските барем малку повеќе знаете да детектирате невера. Не ја вложувај сета своја енергија кон сомнежите, и најважно од се` не му давај до знак дека се сомневаш во него. Биди ти таа што ќе му го офвлекува вниманието, ама на позитивен начин. Испробајте нешто ново, што не би повлекувало голем ризик за уништување на врската. Ако врската е од долг калибар, разговорот е битен истотака. Но не у стилу - „ај ти не ми посветуваш доволно внимание“ туку одоколу прашај како му е нему. И така ќе дознаеш повеќе за него.
Среќно
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Уште јога да пробам и толку :)
Yoga Nidra (y) Ако си заинтересиран пиши ПП, имам едно аудио каде човек те води у медитацијата. Шансите да заспиеш се премногу големи. Медитацијата се одвива само во лежечка состојба што е совршено во твојот случај. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom