L
Luki Junior
Гостин
Тава са желби и планове. Доволно сам свесен оти може и никојпат нема да се остварат. Ама колку се остваре, толку.Стварно, мислам дека храната е еден артикал што може конкурентно да се извезува. И секоја чест за тебе. Домакински тип, штедење струја, производство на нива...
Не знам дали е подобро да се концентрираш во одредена работа пример само производство на свежо овошје. Мислам дека со една работа подобро ке ја специјализираш, и контролираш.
Ширење на работата во производство на овошје, па преработка и производство, па продажба...бара многу предуслови, носи одредени ризици...
Затава го правеме на етапи. Прво да набилдаме доволно производство, за да може да тераме пари од дека да направеме ладилник. А за да набилдаме производство треба ниви, садници, и механизација. Ниви под концесија не дават на сите. Затава се оде на варијантата на купувајне ниви. Е сега човек требе да изваде вишок пари за да може да купува ниви, шо моментално го правеме.
Гледаме барем секоја година да се купат 5-6 декара земја и да се подигат нови насади. (250 до 300 евра ти е декар. У декар одат 30-35 садници секој по евро и пол).
Механизација имаме, ама у наредните 3 години тракторо требе да се смене/ или да се купе оште еден + приклучна механизација на него ( плуг + фреза+ култиватори). Таква инвестиција е некаде околу 10 до 15 000 евра.
Е сега, пари у македонија лесно не се печалат. Да добиеш еден обичен кредит од ИПАРД требе првороденото да си го таксаш. Заради тија работи се удара на штедејне од дека шо може да се заштеде, наблега се да се изваде повеќе производ од моменталните дрва за да има евро плус за инвестирајне.
Бројката шо сакаме да стигнеме на производство е негде 60 тона годинашно. За 2ца човека шо се занимават рекреативно со таа работа е супер (не е основна дејност).
И сега идејата е да се откупат оште 60 тона, и сето тава да се сместе у ладилник и етапно да се изнесува од македонија. Може модул варијанта и за сушејне, или правејне компот, а може и двете. Ама е идеја. Дали ќе се остваре, не знам.
Убаво е шо дава државата субвенции, јас сам секојпат благодарен за тај благодет од власта колку и социјалистички и популистички да изгледа. Они сами отплатиле голем дел од садниците.
Јас менаџер и економист не сам. Немам школо за таква работа. Ама знам да си направам сметката и да видам дека сам у плус дека сам у минус.
Не викам оти мојте нешта шо ги произведувам имат огромна вредност, или носат милиони у девизи за државата. Не. Не носат.Моментално некаде производството годишно бруто е околу 12-3 000 евра. Најголем дел го собират за извоз, мал дел останува у Македонија по пазарите.
Ако ме гледаш од економски отпечаток, јас сам мравка спореден со големите играчи на пазаро.
На локално ниво е ногу поразлично. Давам на човеци шо немат, неам пушка да ги пукам тија шо ме крадат, наемувам работници коа не можам да надваксам, позајмувам механизација и совети на комшии и пријатели, наваѓам пласман и за други човеци шо имат производство ама не знаат/не са информирани дека да го продадат. Градеш си статус, наваѓаш си го местото у општеството. Живот компот... Од нула сме почнале дома пред ногу години, па сме стигнале додека шо сме стигнале.
Поуката од мојта практика:
- Работа, работа и само работа.
- Помалку црева у администрацијата (сигурно 3-4 се влечат на мој грб)
- Колку и да е сиромаштија, или колку и да е напредна една држава, јадејне мора да има на масата. И секојпат ќе има човек шо е спремен да плате за добро јадејне.
- Производство и извоз на јадејне може да направе позитивна промена за наплив на девизи.