Пушење во тек на бременост

  • Креатор на темата Креатор на темата Anon
  • Време на започнување Време на започнување
Сам си одговори. Ако мислам дека ми пречи на бременоста, нема да пушам. Ако мислам дека не ми пречи, ќе пушам.
А сигурно нема некој друг да дозволам да ми дозволува или брани нешто.
Jас како пушач би те разбрал ама тешко на овие што не пушат дека ќе им објасниш,поготово од сабајле каква криза лупа...:D
 
Ти секако не мораш да се откажеш, твое право нели ;). Сакав само да потенцирам дека не можеш да тврдиш априори дека е никому ништо врз база на твојот личен пример.

Статистиката од медицина покажува дека кај мајки што пушат во текот на бременоста има зголемени и статистички мерливи ризици по плодот па која сака да си игра лото со сопственото дете нека оди на нејзината свест и совест ;).

Ти секако ќе имаш маж што нема да му смета твоето пушење во бременоста зашто инаку би стапил некомпромисот во игра а многу идиотски би звучело да слушнеш дека двајца се разделиле зашто девојката не сакала да остави цигари за време на бременост и затоа се раскарале ;) .

Додека детето е кај мене во стомак, нема да дозволам друг да одлучува што со мене и него. Кога ќе се роди, нормално, таткото и законски добива право да одлучува.
А и убаво си рече, тешко дека би била со некој кој ќе може ,,да ми забрани,,.
Дури смешно ми звучи ова забранувањево, можам да си замислам фаца кога некој маж би ми рекол ,,не смееш,,.
 
Сепак нема да престанам да пушам, додека докторот не ми каже - ако испушиш уште една цигара, детето без лева рака ќе ти се роди.
Не сум видела една трудница која пуши, и ниту едно од бебињата не се роди фалично.
Не го бранам пушењето, но нема дента кога ќе дознаам дека сум бремена да си ги фрлам цигарите.

А бе не мора да значи дека ќе се роди фалично или дека ќе му фали лева рака (каков екстремен пример даде еј:icon_mrgr: ), ама можно е да му влијае на други начини. Имам читано дека се зголемува ризик за заболување од астма, послабо психофизичко развивање и слично.

Jас како пушач би те разбрал ама тешко на овие што не пушат дека ќе им објасниш,поготово од сабајле каква криза лупа...:D
Нема везе и јас сум пушач, па си зададов цел дека дента кога ќе останам трудна, ќе биде денот кога ќе ги оставам цигарите.
 
Не и држи вода муабетот. Искрено, не знам од кои причини, крајно субјективни (да го трнеме личниот пример со нејзе и сестра и) ама стварно не ми е јасно. Иде со нож во тенк (то вика еден мој мноооогу добар другар) со дискусијава.

Јас не го оправдувам или бранам пушењето.
Јас сум зависник, и немам намера да се откажам.
Пушам секаде, не ми текнало да седнам внатре во кафич, во сред зима надвор седам. Пушам и кај што јадам, и кај што спијам. Сабајле, уште не станата од кревет, палам цигара.
 
Додека детето е кај мене во стомак, нема да дозволам друг да одлучува што со мене и него. Кога ќе се роди, нормално, таткото и законски добива право да одлучува.
А и убаво си рече, тешко дека би била со некој кој ќе може ,,да ми забрани,,.
Дури смешно ми звучи ова забранувањево, можам да си замислам фаца кога некој маж би ми рекол ,,не смееш,,.
А бе колку е твое детето, толку е и негово, сигурно нема на сила да те тера, ама сепак треба да размислиш дека е и негово дете, не можеш туку така да го игнорираш кога станува збор за здравјето и на неговото дете. Твое е телото, ама негово е “семето.“ :)
 
Не е муабетот таа да бара маж што нема да му смета, па ако за време на бременост го пукне нешто во глава и му присмета да бара развод (како што спомна во еден пост, кој и е избришан, од не знам кои причини:confused:)

Не треба јас да и придавам жртва, за таа да се жртвува за СВОЕТО дете. Велат, кога ќе станеш родител, светот ти се менува.....можеби така размислува зошто сеуште не е.

Искрено, се надевам дека до моментот кога ќе забремени, ќе ги смени ставовите. Ми делува како паметна личност, не знам што и стана со темава...:ROFLMAO:

Постот е избришан оти некому не се допаѓа ;)

Инаку, можам да се жртвувам само ако јас така сакам. Немам обичај да почитувам туѓи желби.
Ако одлучам да пушам додека сум бремена, ќе пушам. А ако некому му пречи, а тоа не сум јас, може слободно да си роди сам дете и да не пуши.

Не ми е реакцијава ,,аууу нема шанси,,. Има шанси да не пушам тогаш.
Ама само ако ЈАС сакам. А муабетот потекна од тоа дека ти ,,ќе и го скршиш вратот,,.
 
Нема везе и јас сум пушач, па си зададов цел дека дента кога ќе останам трудна, ќе биде денот кога ќе ги оставам цигарите.
Ако успееш од мене имаш 300 грамска Милка со лешници,но комплетно да ги оставиш,и ти пожелувам среќа и упорност во оваа храбра одлука.:)
 
За мене, во моментот кога ќе дознаам дека сум трудна, веќе не сум јас на прво место, веќе не сум јас битна. Се разбира дека бебето е најбитно. Не се прашувам јас што сакам (освен за храна и остали работи, тука мажот и оро ќе игра да ме снабди со храна, имаче хормоните ќе ми вриштат:icon_mrgr: ), од секоја навика има и одвикување, така да тука ставам црта. Ем за здравјето на детето, ем за моето здравје.
 
А бе не мора да значи дека ќе се роди фалично или дека ќе му фали лева рака (каков екстремен пример даде еј:icon_mrgr: ), ама можно е да му влијае на други начини. Имам читано дека се зголемува ризик за заболување од астма, послабо психофизичко развивање и слично.

Нема везе и јас сум пушач, па си зададов цел дека дента кога ќе останам трудна, ќе биде денот кога ќе ги оставам цигарите.

Имаме сите се и сешто читано, сите сме свесни за можните последици, на пример сигурно си свесна дека кај тебе ризикот за рак е поголем него кај непушачите. Забавно ми е што познава(в) хирург, во животот една цигара немаше запалено, страсен спортист, ама умре од рак на бели дробови.
Иронија....

Јас такви цели не си задавам, не сум љубител на ,,во здраво тело, здрав дух,, муабети, обично ако не си ја добијам дозата на цигари потребна за преживување, може физички сум поздрава, ама психички се претворам во чудовиште.

А со хормоналите промени и варијации во расположението кои одат заедно со бременоста, тешко дека ќе се откажам од мојот порок, а уште потешко дека ќе имам нерви да слушам некој.

Познавајќи се себеси, веројатно 9 месеци ќе живеам асоцијално и максимално изолирано, може само кучето ќе смее да ми припари :D :D :D
--- надополнето: 16 ноември 2012 во 01:33 ---
А бе колку е твое детето, толку е и негово, сигурно нема на сила да те тера, ама сепак треба да размислиш дека е и негово дете, не можеш туку така да го игнорираш кога станува збор за здравјето и на неговото дете. Твое е телото, ама негово е “семето.“ :)

Сепак е кај мене во тело, а за моето тело одлучувам само јас.
Тука не правам компромиси.
Совет е добредојден, наредба е од старт одбиена.

Дури и да грешам, одлуките поврзани со мене, се секогаш мои.
 
Додека детето е кај мене во стомак, нема да дозволам друг да одлучува што со мене и него. Кога ќе се роди, нормално, таткото и законски добива право да одлучува.
А и убаво си рече, тешко дека би била со некој кој ќе може ,,да ми забрани,,.
Дури смешно ми звучи ова забранувањево, можам да си замислам фаца кога некој маж би ми рекол ,,не смееш,,.

Ти никогаш не би можела да бидеш во врска со таков маж туку би се разделиле уште и пред да ви се уозбили врската. За него ќе биде незамисливо да пушиш а за тебе незамисливо да престанеш или па он да ти каже што да правиш и во судир на две доминантни личности раскинот е единствена реална опција.

Ако исклучиво бираш мажи коишто можеш да ги доминираш нормално да ти е незамисливо некој да ти каже што смееш или што и како да правиш ;).
 
Имаме сите се и сешто читано, сите сме свесни за можните последици, на пример сигурно си свесна дека кај тебе ризикот за рак е поголем него кај непушачите. Забавно ми е што познава(в) хирург, во животот една цигара немаше запалено, страсен спортист, ама умре од рак на бели дробови.
Иронија....

Јас такви цели не си задавам, не сум љубител на ,,во здраво тело, здрав дух,, муабети, обично ако не си ја добијам дозата на цигари потребна за преживување, може физички сум поздрава, ама психички се претворам во чудовиште.

А со хормоналите промени и варијации во расположението кои одат заедно со бременоста, тешко дека ќе се откажам од мојот порок, а уште потешко дека ќе имам нерви да слушам некој.

Познавајќи се себеси, веројатно 9 месеци ќе живеам асоцијално и максимално изолирано, може само кучето ќе смее да ми припари :D :D :D

А бе ОК; фала Богу сите сме различни, секој си одлучува за себе. Јас сакам цигари, пушам цигари од 15 години, ама ете, си имам зацртано дека тоа ќе биде крајот и дека со цигарите ќе мора да се разделиме, затоа што други приоритети ќе си го заземат местото.

А за хормоните... е богами тогаш и јас ги жалам мажите... треба психички да се спремат дека за се ќе бидат криви, за што и да се случува, чак и за климатските промени. :ROFLMAO:
 
Ти никогаш не би можела да бидеш во врска со таков маж туку би се разделиле уште и пред да ви се уозбили врската. За него ќе биде незамисливо да пушиш а за тебе незамисливо да престанеш или па он да ти каже што да правиш и во судир на две доминантни личности раскинот е единствена реална опција.

Ако исклучиво бираш мажи коишто можеш да ги доминираш нормално да ти е незамисливо некој да ти каже што смееш или што и како да правиш ;).

Па сигурно нема со некој рандом цуцко да праам муабет за потенцијалните фетуси.
Со овој сега што сум, ако бидне мажачка, си знае дека и да се труди да ме натера, џабе му е.
Бар тоа ми е решено.
--- надополнето: 16 ноември 2012 во 01:36 ---
А бе ОК; фала Богу сите сме различни, секој си одлучува за себе. Јас сакам цигари, пушам цигари од 15 години, ама ете, си имам зацртано дека тоа ќе биде крајот и дека со цигарите ќе мора да се разделиме, затоа што други приоритети ќе си го заземат местото.

А за хормоните... е богами тогаш и јас ги жалам мажите... треба психички да се спремат дека за се ќе бидат криви, за што и да се случува, чак и за климатските промени. :ROFLMAO:

Јасно, јас во принцип ги поддржувам оние кои се откажуваат од цигари, ради која било причина.

Зборувам лично за мене, подобро да ми дадат цигари, него да убијам некого.
 
Па сигурно нема со некој рандом цуцко да праам муабет за потенцијалните фетуси.
Со овој сега што сум, ако бидне мажачка, си знае дека и да се труди да ме натера, џабе му е.
Бар тоа ми е решено.

Е така де, него не му смета а ако му смета ти не би била со него, тоа и ми беше муабетот. Шансите за компромис кај тебе се нула, ќе биде ти како што ќе кажеш или нема воопшто да биде ;).
 
За мене, во моментот кога ќе дознаам дека сум трудна, веќе не сум јас на прво место, веќе не сум јас битна. Се разбира дека бебето е најбитно. Не се прашувам јас што сакам (освен за храна и остали работи, тука мажот и оро ќе игра да ме снабди со храна, имаче хормоните ќе ми вриштат:icon_mrgr: ), од секоја навика има и одвикување, така да тука ставам црта. Ем за здравјето на детето, ем за моето здравје.
Арно ќе беше сите со ваков став да бидат ама не се,сепак и јас би им предложил на сите кои се бремени ако не можат да ги остават комплетно за време на бременоста,барем значително да ги намалат.
 
Јас немам проблем со пушење за време на бременост. Ќе излегувам на тераса ко ќе палам цигара пошто невестата не ми пуши цигари, во случај неа да и пречи и така...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom