^ За Гордон немам негативно мислење за разлика од Томас (кој премногу ме иритираше). Кај Гордон има простор за напредок во играта во напад (иако досега е просек), додека во дефанзива се согласувам со тебе дека е одличен.
За Ејси Ло делумно се согласувам. Го имам гледано многу пати во Олимпијакос и можам да кажам дека е просек. Некогаш знае да му се случи повремен блесок, меѓутоа со оглед на буџетот со кој располага Олимпијакос (значително помал последниве 2 години) е сосем доволен како замена (10-15 минути) за Спанулис (кој е мотор на екипата и има најголема минутажа). Во Партизан од Ло се очекуваше да биде лидер (што тој реално не е) и токму затоа не беше доволно добар.
За Џералс си потполно во право. Гази човекот во Бешикташ.
Генерално со вака млад тим не треба да се очекуваат којзнае какви резултати оваа сезона во Евролигата (што не е оправдување за последниот пораз). Сепак доколку овој ростер на играчи остане заедно следните две години тогаш може да се очекува многу.