Ќе се гради аеродром на вода во Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Лелеле се надевам дека е ова само предизборно глупирање.
Хидро-аеродром во Охридско езеро.:facepalm:
 
Се надевам дека нема да се оствари оваа стварно луда идеја. Има аеродром во Охрид веќе, па нема потреба од друг, и плус нека размислат како тоа ќе влијае на животниот и растителниот свет во езерото, може да настане еколошка катастрофа..
 
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
ЕКОЛОГИСТИТЕ ПРОТИВ ИДЕЈАТА ЗА АЕРОДРОМ НА ВОДА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

НАПИШАНО ОД МИШЕЛ НАУМОСКИ НА 15 НОЕМВРИ 2012. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД
Идејата за изградба на аеродром во водите на Охридското езеро, наиде на остра осуда кај еколозите. Тие сметаат дека наместо вакви проекти, треба повеќе да се размислува за редуцирање на пловните објекти во Охридското езеро кои користат течно гориво.
pristaniste1.jpg
Ѓоко Зороски од Здружението на еколози „Грашница“ вели дека за ваков тип на проекти треба да се праша и другата страна, односно соседите од Албанија со кои го делиме езерото. Зороски вели дека според ЕСПО конвенцијата за прекугранични влијанија, секој проект кој може да предизвика штетни последици од евентуална хаварија, мора да добие согласност и од земјата која би ја претрпела штетата.


„Постои голема можност од излевање на деривати, од гориво кое се користи за авионите. Имаше неколку случаи на излевање минатите години од помал обем, но се чувствуваа последиците, и имаше големи реакции, особено кај пристаништето. Мали количини деривати, можат да загадат големи количини на вода, а езерото е доста чувствителен екосистем, и такви аеродроми обично се градат на мориња каде што постојат поголеми струења на ветрови, и се поголеми отворени екосистеми за разлика од езерото.“-рече Ѓоко Зороски, портпарол на ЕД „Грашница“.

heliodrom.jpg
Еколозите велат дека како гром од ведро небо доаѓа оваа идеја која оди против сите ставови на Европа, и УНЕСКО како институција-заштитник на градов и езерото. Додаваат дека напротив, Европа советува повеќе да се работи на заштита на животната средина, а не на нарушување на истата.


„За да се одобри сето тоа, неколку параметри треба, односно многу работи и многу аспекти да се проучат, да се разгледаат, па после да се дозволи употреба и примена на такви пловни објекти или хидроавиони. Во секој случај ако нешто такво се случи, а јас чисто се сомневам, тука сме, поддршката од граѓаните секако ја имаме тоа да го спречиме.“-вели претседателот на еколошкото друштво „Грашница“, Борис Стојаноски.

Иако екологистите изкажаа сомнеж дека проектот претставува политичка игра, сепак тие сметаат дека треба да размислуваме повеќе за следење на моделот со Женевското езеро каде има забрана за пловни објекти кои користат течни горива. Реакциите на екологистите доаѓаат по вчерашното барање кое го објави Министерството за транспорт и врски за испитување на интересот кај евентуални партнери -инвеститори за изградба на хидродром на Охридското езеро.
 
Чекај овие мислеа за хидро авиони да прават аеродром, што е комплетна глупост зошто од каде би доаѓале тие хидроавиони воопшто или мислат да градат аеродром НА езерото како на сликата погоре,при што би сакал да ги прашам ако може да ми го препорачаат дилерот дека трипаат муда како луди.



.
 
Чекај овие мислеа за хидро авиони да прават аеродром,
А ти за какви авиони мислеше аеродром?:icon_lol:

што е комплетна глупост зошто од каде би доаѓале тие хидроавиони воопшто или мислат да градат аеродром НА езерото како на сликата погоре,при што би сакал да ги прашам ако може да ми го препорачаат дилерот дека трипаат муда како луди.
А ти каков аеродром мислеше да градат?
Сигурно не замислиле да градат класичен аеродром за класични авиони.Аеродром за хидро авиони или хидродром, со друг збор нешто како пристаниште.
800px-DockandFloatsWileyPostSeaplanebase006.jpg

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom