NBA Сезона 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата #LakersMK
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
http://bt.davka.info
До вечер би требало да ја уплоадираат утакмицата.

И лани а и сега (само сега многу полесно). :)
Иако не се сомневам дека е можно компироглавиот Мајк Браун ќе најдеше начин да направи сам себе заебал.

Пази, СА со најдобриот (активен) тренер во НБА и со уигран тим кои со години играат заедно, ги тепаат ЛА со кош разлика. ЛА со привремен тренер и со повредени плејмејкер плус прва замена плејмејкер... не знам што се радуваш толку.
На тимот Сан Антонио најлош можен противник им се Лејкерс. Само Паркер е добар мечап со бековите на ЛА, на сите други позиции ЛА има предност. Кави Леонард додуша одлично се развива во добар играч и донекаде може да го чува Коби, ама тука застанувате.
Хауард и Гасол, главните предности на ЛА во однос на СА, играа лоша офанзивна игра вечерва... Во контекст дека играта требаше да оди баш преку нив. Посебно преку Хауард кој не беше ни одблиску доволно агресивен кон кошот, не е дека Данкан може да го чува ако ЛА паметно го наоѓа Двајт под противничкиот кош.

Секоја чест на Данкан за пожртвуваноста, искуството и ветеранското знаење... ама ако едно нешто не може успешно да прави, тоа е да чува доминантни високи играчи во оваа фаза на кариерата.
Прашајте ги Мемфис. :)
(и Попович кој направи се да не играат пак со Мечките во последниов плејоф)

П.С. Моментот кога ќе почнеш да наоѓаш морални победи и да се радуваш и тогаш кога твојот клуб за малку изгубил... ;)
Тие утакмици со Мемфис ама ништо не идеше од рака, + овие го имаа одеднаш мрднатиот Зек.. Ама па од кога Зек и Марк се доминантни центри?
Работите ги вртиш како што ти одговара а иначе далеку од тоа дека Данкан е толку индиферентен во споредба со било кој центар во лигата, ама и ти си правиш филмови изгледа забораваш дека лани Бајнам ви беше центар, да Бајнам со интелегенција иста на онаа на МекГи.
Ваква груба споредба играчи со играчи не очекував ти да ми правиш реално тоа може мали деца Меси Роналдо муабет да ми прават ама тим како Спарс и тим како Лејкерс ги красат други особини кои ти сепак не ги гледаш. Во целава работа неможеш да ја прескокнеш дисциплината искуството и да... прва сезона пост Фил ерата...
Тие споредби Меси или Роналдо пред зграда... јас баскет доста долго гледам така да....
Иначе да ќе се радувам тоа ми е работа Спарс Лејкерс е дерби на западот и веројатно најдобрите 2 клуба од западот минатите 10 години а вакви победи со решавачки кошеви... не бе ти рамнодушен остануваш ти признавам;)
 
абе шо думате, лејкерс им ја пуштија вчера на спарс :pos:
Што збориш бе кој рекол дека им ја пуштиле,или само да се тресне нешто,после секој пораз на лал гледам свршуеш, појче ги пратиш лал,него ли твојте дрва.Ама ако така и треба,знаеш и ти за кого да навиваш;).
 
чекај сега ќе дојдат другите стручњаци од фан клуб лејкерс и ќе ти мавнат лајк, не се секирај :)
п.с. не се нервирај, ќе влезете во плејоф (y)
 
чекај сега ќе дојдат другите стручњаци од фан клуб лејкерс и ќе ти мавнат лајк, не се секирај :)
п.с. не се нервирај, ќе влезете во плејоф (y)
Пфф не само што ќе влеземо,уствари што да ти кажуам,си знаеш ти како ида тија работе.
 
Ама и овие Лејкерс се клошари, само на Бостон не им пуштаат утакмици. :icon_lol:
 
Ама па од кога Зек и Марк се доминантни центри?
Работите ги вртиш како што ти одговара а иначе далеку од тоа дека Данкан е толку индиферентен во споредба со било кој центар во лигата, ама и ти си правиш филмови изгледа забораваш дека лани Бајнам ви беше центар, да Бајнам со интелегенција иста на онаа на МекГи.
Ваква груба споредба играчи со играчи не очекував ти да ми правиш реално тоа може мали деца Меси Роналдо муабет да ми прават ама тим како Спарс и тим како Лејкерс ги красат други особини кои ти сепак не ги гледаш. Во целава работа неможеш да ја прескокнеш дисциплината искуството и да... прва сезона пост Фил ерата...
Груби споредби?

Па цели стратегии во НБА се прават да на утакмиците да ги „спариш„ твоите играчи со играчи против кои можат да форсираат пост или шут од дистанца/полудистанца. Ако не ме разбираш, пик&рол зошто употребуваат Спарси, на Данкан полесно му е да одигра пост под кош против Дариус Морис или против Двајт Хауард?

Што е една НБА утакмица освен форсирање „груби споредби„? :)
Целата игра е да се искористат match-up (ај преведи го зборот) ситуации. Во тој контекст, тие „груби споредби„ како што ги нарекуваш се фундаментот на играта. Спарси синојќа во 4та 4тина ги стигнаа ЛА со игра преку Данкан (зошто тој добро се „споредува„ со Хауард) или ги стигнаа ЛА со игра преку Паркер? (пак, зошто тој добро се „споредува со „вментни рандом ЛА бек2 или недајбоже МетаВорлдПис)
 
Зошто бе растур систем?за разлика од другиве утакмице добро играа,само многу офанзивни скокови им дозволија,тоа ѓи кошташе.Ама на крај све усраа,прво попович,ѓи изработа онака мушки(y),и после они ја засраа,сами,гасол шутира за победа:eek:.

Абе Лејкерс баш ми се чини дека 10+ повеќе скокови имаа од Спарси, али играта каде што Артест го чува Паркер, кој е 100 пати побрз од него е катастрофална, не дека имаат подобро решение во случајов ама пак ќе кажам на Лејкерс му требаше плеј, што ќе чува брзи плејови бидејќи више многу ги има во лигава... И за последниот напад Гасол не е крив, човекот го бараше Коби како што му беше кажано ама па и тоа беше многу очигледно, многу подобро ќе беше одма од изведување преку блок да му се даде топката на Коби, немаше потреба од тоа + додавање. Во секој случај допрва имаат време Лејкерси да покажуваат кој се.
 
Што збориш бе кој рекол дека им ја пуштиле,или само да се тресне нешто,после секој пораз на лал гледам свршуеш, појче ги пратиш лал,него ли твојте дрва.Ама ако така и треба,знаеш и ти за кого да навиваш;).
Фактите викаат, дека Лејкерс се дрва моментално.
 
Па да де,затоа викам,бостон са појаки.
Sarcasm...you are doing it wrong.

Не ме заебавај, дека озбилно му реплицира на Џони Трен? Јас како симпатизер на Бостон ги скокам неговите постови, вие се замарате со него...
Пример Ванлок вреди да го читаш, затоа што човекот се разбира и знае да објасни убаво. Иако е од спротивниот табор, секогаш ги читам неговите мислења ;)
 
Sarcasm...you are doing it wrong.

Не ме заебавај, дека озбилно му реплицира на Џони Трен? Јас како симпатизер на Бостон ги скокам неговите постови, вие се замарате со него...
Е сеа ме утепа:D,ама морав да му реплицирам,дека викаше ние бостон од уста не смо ѓи ваделе,а уствари никој не ѓи чепка,а он наместо да пише нешто за својот клуб,опсесија му са лал.
 
Шуќур и мие да тепамо некого... Сиот гнев заради немањето среќа задните неколку утакмице се истури врз Фили...

Велешанец ти да си здрав и жив :icon_mrgr:
 
Бостон - Јута - 98:93

Тесна утакмица. Рондо го свитка глуждот на почеток на трета четвртина :( верувам ќе се врати набрзо, јако момче е :)
Барбоса добро го замени .. натпреваров го доби клупата на Селтикс иако Јута имаа 17 оф.скокови наспроти 4-те на Селтикс.

Посебно ме изненади Џеф Грин како изигра, имаше и едно јако закуцување ..ако го најдам клипчето ќе го ставам :)
 
У последна секунда Волкер :vozbud: Одлични се годинава Бобкетс ма да за оваа утакмици и многуте повредени и замор делуваа на Минесота.Инаку очекував конечно победа на Детроит у право време на тикет ја стаив :D
 
Ауу бананата на Бледсо... цар. И браво Клипси за победата.
Со добар тренер ова е тим што би можел да направи изненадување во плејофот. Имаат прав баланс помеѓу ѕвезди и длабока клупа.

--- надополнето: 15 ноември 2012 во 10:46 ---
П.С. Гледам во темава пак го спомнувате Џони. Абе што ве читам смешни, немате поим колку се понормални за читање темиве за НБА, одкога го ставив на игнорирање. (y)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom