Македонски Железници

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали е подобрен железничкиот сообраќај во Р.М

  • Вкупно гласачи
    181
Уште еден ‘Шпанец‘ ремонтиран и климатизиран, сликите се од сабајлево.
spanec1.jpg
spanec2.jpg

Извор:build.mk
 
После сообраќајката пред скоро 4 месеци, вратена во живот и ремонтирана ел. локомотива МЖ 441-755
После несреќата
441-755-crash.jpg

После средувањето
441-755-obnova-1.jpg

441-755-obnova-2.jpg

441-755-obnova-3.jpg

Следно на ред за генералка со нови мотори и климатизирање една маневарка и уште еден Macosa ( "Шпанец" МЖ 712-109/110).
 
Оној "шпанецот" погоре 712-103 у голаут, буквално му експлодирал моторот. Немам коментар за ова.
 
Оној "шпанецот" погоре 712-103 у голаут, буквално му експлодирал моторот. Немам коментар за ова.
Имал проблеми со алтернаторот на едниот мотор за време на тестирањето пред 6 дена, тестирањето продолжило со вториот мотор до Богомила и е вратен во депо Лисиче истиот ден без проблем.Освен ако не е некој нов малер...
 
Може некој побрзо да ми каже кога има воз релација Куманово - Скопје ? или да ми даде број да се информирам што како ?
 
После сообраќајката пред скоро 4 месеци, вратена во живот и ремонтирана ел. локомотива МЖ 441-755
После несреќата
441-755-crash.jpg

После средувањето
441-755-obnova-1.jpg

441-755-obnova-2.jpg

441-755-obnova-3.jpg

Следно на ред за генералка со нови мотори и климатизирање една маневарка и уште еден Macosa ( "Шпанец" МЖ ).

Друже имаш ли информации дали и други шпанци ќе се реновираат или овој 712-109/110 ќе биде последен за реновирање?
 
Друже имаш ли информации дали и други шпанци ќе се реновираат или овој 712-109/110 ќе биде последен за реновирање?
Скоро 100% сигурно дека ќе е последен, освен ако не склопат од две растурени гарнитури една:icon_mrgr: Додуша и тие мислам отидоа на сечење, од вкупно 19 гарнитури, сите нарачани тогаш специјално (прототип) за некогашното ЖТП Скопје останати се само 4 во возна состојба и 5-от и најверојатно последен ќе е 712-109/110.Доволно да се покријат пругата кон Кичево и Кочани и Пелагонија Експрес.Па после новите набавки ако се паметни во МЖ да размислат за погуст возен ред...планиран е локален сообраќај Битола - Прилеп и Велес - Штип - Кочани.Па и да држат по некоја единица надвор од главниот град како во северниот сосед (таму се доста добро распоредени, новите 12 руски ДМВ се распоредени по 2 во Ниш, Краљево, Суботица и Вршац и по еден во Зрењанин, Кикинда, Сомбор и Рума за одржување локален сообраќај).
МЖ 712-101/102 (најчесто за Кочани)
bogomila.jpg
295snc.jpg
2hp4p5s.jpg

МЖ 712-107/108 (најредовна накај Кичево)
МЖ 712-105/106 (со име Хераклеа, најчесто на Пелагонија Експрес)
voz%20nadvor.jpg

Herakleja-26-03-2012_7.jpg

МЖ 712-103/104 (со име Скопје веројатно од новиот возен ред на Пелагонија Експрес, а сите други на ротација)
MZ-712-103-104_20-11-2012.jpg

и МЖ 712-109/110, веќе е влезен во хала :)МЖ 712-101/102 и 712-107/108 не се климатизирани.
Некоја од запуштените гарнитури во Велес...
MZ-712-presek.jpg

И технички карактеристики:
MACOSA cерија MЖ 712
Погонски дизел мотори : Cummins NTA 855 R1 В
2 x 261 kW, вкупно 522 kW (694 кс)
Број на седишта : 41 + 58 + 47 = 146,
Максимална брзина: 120 km/h,
Должина: 52,5 m.
 
Фала ти за овие информации, и јас бев скоро сигурен дека 712-109/110 е последен за реновирање и одлично би било ако и него го климатизираат со што ќе стане вториот климатизиран шпанец после 712-103/104 (Скопје) - Хераклеја колку што знам не е климатизирана.
Иначе ме интересира дали и кај 712-101/102 и 712-107/108 се планира да има информациски систем за станици, лед екрани камери итн. или тие 2 ќе си останат такви какви што се сега?
 
И јас бев сигурен дека 109/110 е последен, ама изгледа имало уште некоја гарнитура останата.Така велат железничари, па ако бидат добри и од менаџментот, а и од Финансии, можно е да не е последна ремонтирана 109/110 :) Освен 109/110 и една маневарска локомотива е во чекална за нов мотор, а пред некој ден уште еден вагон излезе на пруга
MZ-B-50-65-20-10-010-4_1.jpg
MZ-B-50-65-20-10-010-4_3.jpg
MZ-B-50-65-20-10-010-4_2.jpg

А МЖ можат да се потрудат и на други начини за добивање финансии, еве како на пример нивните словенечки колеги...нормална колор шема :
Локомотива Krauss Maffei/Siemens ЕS 64 U4 (Taurus) или серија 541 кај Словенците
541-003.jpg

рекламна
dsc0036gq.jpg

ДМВ Siemens Desiro (312), стандард колор шема
312-2.jpg

и рекламна
100_9445.jpg
 
Последниот Шпанец МЖ 712-103/104 ‘Скопје‘.
ВЦ-то пред ремонт
712-wc-1.jpg

И после...сега нека си ја покажат културата патниците!
712-103-104-wc-1.jpg

Нов мотор за МЖ 661-236
MZ_661-236-G16.jpg

На тестирањето пред околу 10 дена, во позадина лево и десно Шпанци спремни за ремонт
MZ_661-236-test-0.jpg

И една од депо Лисиче, Кенеди МЖ 661-146 во средина.
MZ_depo-Skopje.jpg

Само џабе ремонти и реконструкции кога постојат такви таленти како менаџментот на МЖ.Уште неколку воза се укинати со новиот возен ред.
 
...
Само џабе ремонти и реконструкции кога постојат такви таленти како менаџментот на МЖ.Уште неколку воза се укинати со новиот возен ред.
Во тековниот возен ред пишува дека важи до утре, каде има нов возен ред, на страната гледам дека нема, и какви измени има?
 
Во тековниот возен ред пишува дека важи до утре, каде има нов возен ред, на страната гледам дека нема, и какви измени има?
Од утре e ‘новиот‘ возен ред.Па и не скратувале многу (немале од шо да скратат:icon_mrgr: ), скратени се по еден ноќен воз за Кочани и Кичево и еден за Куманово - Табановце.Другото скоро е исто, дури и времињата се непроменети, ако е некаков плус.Втора година по ред без трет воз за Белград и врска за Солун, исто и без воз за Црна Гора во летниот период.

Распоредот им е катастрофа.Тие два ноќни воза одеа во 2-2:30 (понекогаш целосно празни) или 19:30 - 20:00 кон Кичево/Кочани..порано и кон Гевгелија, па се враќаа сабајлето 20-30 минути после стигнување како прв утрински воз за Скопје.Оти нели и возот е централизиран, морало да е гариран во депо Лисиче...
Па можат опција во 5 сабајле па да се вратат во 8,8:30 од другите места, а ноќен да е 20:30 со враќање за Скопје во 5:30-6:00 другиот ден.Досега се жалеа дека укинувале поради немање средства.Сега со 3 меѓународни воза помалку од пред 2 години, истовремено со 2 гарнитури и неколку локомотиви плус, од лани и 50% повисоки цени, а уште се поефтини од автобус, кој е проблемот?Ете некој со потреба за патување од Скопје кон Кочани или Штип на факултет и со намера за заштеда, опциите му се нула.Ск-Кочани само во 15:20.Барем два пати дневно да имало од и кон две места - утрински и после крај на работно време.Ама ние не разбираме, виша економија :)
 
Разбрав дека привремено е укинат возот Гевгелија-Скопје и дека е воведен воз Скопје-Велес-Скопје . Ако некој знае нешто повеќе за ова нека пише, конкретно ме интересира во колку часот истиот тргнува од Велес за Скопје ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom