Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Да би рекол негде на 60% што мислам е прифатливо и добар мотиватор за да се исклучи човек од парно :)
 
На струја ми е поефтино зошто јас палам јас гасам т.е. контролирам дали ќе трошам или не. Ако сакам да заштедам или ми касни платата ќе се покријам со ќебе.Со парно јал не јал сметка ќе ти дојде фиксна.

На струја ми е потопло зошто се грејам кога мене ми е ладно.Со парно преку ден џабе ме греат кога јас касно се прибирам и до касно седам навечер.
 
Исто и кај мене они пуштаат кога нема никој по дома ми ги грејат ѕидовите а вечер кога сум по дома мрзнев :tapp:
 
да кажам уште нешто, ............ ако математиката за греење е ИСТА како и за парно, ... значи на годишно ниво да е ....... 33000 ден за парно, што во никој случај не може да толку малку за 50м2 стан, ... и со струја исто толку пари да е, ... пак по мене повеќе ми се допаѓа јас да си командам и греам 24 часа на ден, отколку некој да си тера мајтап со мене и контролира кога и колку топлина ќе ти даде.
и уште една многу важна работа........... изолацијата!!! ако ти е лоша, .... нема изолација на ѕидовите, ни надворешна ни внатрешна (знаете на кои се изолации мислам) тогаш нисто нема да те спаси поефтино да си поминеш. само ке фрчат пари за греење, дали на струја, дрва или парно (ова последново пак најзаебан ке си останеш). така да луѓе, ... ако не можете однадвор фасада да средите, ..... дајте малку пари и направете внатрешна изолација со гипс картон и тервол. и нормално под изолација спаѓаат и добри прозори и врати. сега бар, пвц прозорите имаат многу достапна цена, па ако ништо друго, секоја година по еден ке се смени, ....... и то (што би рекол миле паника)
--- надополнето: 14 ноември 2012 во 11:18 ---
него, прашање за СМРТ ЗА ЗОНИ И ПАЈАК ВОЗ АКО МОЖЕ
гледам имаш добро познавање од правен аспект за овие раб, па како таков и ќе те прашам како да се справиме со ситуацијата за паушалната наплата? односно оние што се исклучиле како, по кој основ и сл (дај и адвокат кој ја знае оваа проблематика), да си ја истераат правдината. не се работи можда за големи пари, но принципот е важен. дошла сметка ...... да кажеме 300 ден за месец октомви, исклучен си скоро 2 год, ............. како понатаму??? и веруј, би идел до крај за оваква работа, а верувам има и други што се гневни и БИ, ама не знаат како. да помогнеме !!!
 
Пред малку се вратив од Снабдување центар. Со пропопратно писмо им ја вратив фактурата, ми ставија влезен печат и број 01 - 1355/1. Што значи дека сега мораат да тужат во суд. На сите препорачувам на ист начин или со препорачано писмо по пошта да ги вратат фактурите. Додека Топлификација не тужи, очекуваме да се изјасни Уставниот суд, а подготвувам и жалба за Стразбур. А и да дојде до судење, на наша страна е Законот за облигациони односи, тие немаат основ да било што побаруваат бидејќи нема ниту договор.
Но битно е сега да се вратат и оспорат фактурите, бидејќи постои можност Топлификација преку нотари и извршители, без судење, да врши наплата на овие фактури.
Затоа обавезно вратете им ги фактурите. Денес во Снабдување центар имаше мала гужва ( чекав 15 минути ), но гужвата може да се зголеми - десет илјади граѓани се исклучени.
( направете фото копија од фактурата која ја враќате, да не затреба подоцна )
 
ај објасни го тој закон за обликгациони односи??? значи по тебе, да не тужат, нормално откако ќе се вратат фактурите, и дека било кој адвокат ке го добие случајот? 100%?
и што да се прави АКО, и покрај вратената фактура со приговор (кој би сакал да знам како си го напишал, или веке она од пред 2-3 страни) ти активираат извршител и ти ја блокираат сметката? што тогаш?
 
Кој договор ќе му го покажат на нотарот? Ако дојде до тоа што е малку веројатно тогаш може да се оди на суд али тоа на суд нема да помине. Не ни можат ништо.
 
Кој договор ќе му го покажат на нотарот? Ако дојде до тоа што е малку веројатно тогаш може да се оди на суд али тоа на суд нема да помине. Не ни можат ништо.
па ваљда тоа што признаваш дека не плаќаш може да им служи ко нешто на што би се повикале и активирале извршител. сепак да ги разјасниме овие раб, да не биде дека лошо сме разбрале.
 
Кај мене е малку поинаква ситуацијата станот е на мое име али сметките за парно овие новиве за исклучените што стигаат доаѓаат на име на претходниот сопственик кој е починат.
Инаку сте чуле некој за неплаќање радиодифузна такса да го дадат на извршител?
 
Јас онака малце лаички.
Никој нема склучено договор со Топлификација, дури ни оние што не се исклучени, си добиваат сметки по автоматизам - живееш таму, има парно на местото ете ти сметка!Зборувам за оние во колективните згради.

Јас на Суд можам да се повикам на овој Закон за облигациони односи, немам договор-немам обврска, ама Топлификација ќе се повика на новите правила кои ги донесоа во јуни месец годинава (каде гласи дека исклучените потрошувачи се вклучуваат во распределбата на надоместокот за топлинска енергија на мерното место т.н. фиксен дел) а регулаторна им даде зелено светло и излезе во Сл.весник 97/2012. Штом излезе во Службен весник се додека не се поништи важечки е.Е сега колку мене ќе ми ја прифати Судот жалбата?!? :(
 
не сум чул, ама таа раб мислам дека не е исто со оваа. имам правено муабет за таа раб со луѓе кои ми објаснија што, како и зошто МОРА да се плаќа. но јас не ги сконтав многу на многу, освен дека пошто се раб за национална тел која според некои светски закони ја презентира земјава и не знам уште кои све раб, со закон е обавезно да се плаќа
додека и за ова топлификацијава ми е малку матно, во август кога стапи на сила новиот закон кој е излезен во службен весник, се добива друга димензија, а со тоа и страв кај популацијава што се може да ги снајде ако не платат, или како ВОЗ да им ги вратат сметките и оди на суд, ......... затоа прееска прашав, 100%? битна раб е, пошто сите сме утепани од господа и со плати и со работа која ја нема или тешко се наога, а со тоа и пари (штедиме нели), па да губи на суд и тогаш трошоците бидат 1000 пати поголеми
 
ај објасни го тој закон за обликгациони односи??? значи по тебе, да не тужат, нормално откако ќе се вратат фактурите, и дека било кој адвокат ке го добие случајот? 100%?
и што да се прави АКО, и покрај вратената фактура со приговор (кој би сакал да знам како си го напишал, или веке она од пред 2-3 страни) ти активираат извршител и ти ја блокираат сметката? што тогаш?
Eве ова е Законот за облигациони односи:

Во оваа ситуација, Ти, јас, било кој друг има два избора или ќе се бори или ќе се предаде без борба.
Топлификација ни пратила фактури и бара да и платиме толку и толку. Ако не платиш, веднаш ти пресметуваат затезна камата. Затоа е подобро за тие што немаат намера да се борат, да платат и да прашаат да не треба уште.
А ние што ќе се бориме, ќе се бориме се до Победата. Топлификација се измамници и крадци кој влегуваат во нашите домови, за да мамат и пљачкаат. Тие, без правен основ, воведоа „ мерење со калориметри “ и на тој ги покачија цените за 300%. Тие мамат дека „ исклучените “ и „ дивоприклучените “ се виновници за високите сметки. И така натаму...
За почнеме со одбрана прво е да одбиеме да им плаќаме ваквиве фактури. А покасно, во текот на настаните, ќе одлучиме на кој начин ќе се бориме.
Па ни нашите Партизани не знаеле на почетокот на војната, 1941 како ќе се одвиваат дејствата се до ослободувањето. А ти од мене бараш гаранции...
 
Attachments

не друже, не гаранции, иако тие мои 100% можда и звучеа така. моја грешка, сори.
и да сум ко амди бајрам и кажам 102,5%, знам дека секогаш постои можност да бидеш заебан.. но важно како што кажа, прво треба да си расчистиш самиот со себеси дали ке ја избереш првата или втората варијанта. и што и да биде да не ти е криво, нели? ова само да резимираме како за почеток. за понатаму ке се споделуваат искуства и мислења. мислам дека темава ке опстои уште долго со нови форумаџии
е па со среќа нека ни е на сите :)
 
Oва е страшно
5800 месечно е годишно 12*5800 = 69 600 денари
За тие пари можат да се купат
69600 : 6,56 = 10 610 KWh електрична енергија по најнова скапа тарифа.
69600 : 2400 = 29 метри кубни огревно дрво
69600 : 60 = 1160 литри нафта за домакинствата
69600 : 42,5 = 1637 килограми мазут.
69600 : 35,53 = 1959 нормални метри кубни гас
Зато јас постојано велам, одберете што сакате друго, се е поефтино од Топлификација
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom