Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Денес ни стигна сметка од топлификација од 330 денари... од кога го имаме станот(преку 50 години) не сме биле приклучени на парно, ама зашто некој во зградата е приклучен и ни ширел топлина преку ѕидовите треба и ние да платиме. :vozbud::vozbud::vozbud:
Ќе платиме како нема да платиме ја едвај дочекав сметкиве да стигнат од кога само пари собирам за да и ги дадам на топлификација лелеее кој мерак ми се прави :pos:
 
Ова е пропратното писмо со кое им ја враќам нивната фактура. Мое мислење е дека сите „ исклучени “ треба да ги вратат фактурите. И тоа е начин на протестирање. А можеме и да јавиме во медиумите дека ваквиве фактури масовно ги враќаме. Кому му се допаѓа текстот нека направи copy - paste и нека го стави своето име.

До Снaбдување Центар дооел,Скопје
Бул. Партизански одреди 22, 1000 Скопје

Од Смрт за зони и пајак возила
Форум „ Кајгана “ Скопје

Предмет: Враќање фактура број 260326 10 12 5

Ви ја враќам фактурата за испорачана топлинска енергија број 260326 10 12 5, бидејќи врз основ на неа ме „ задолжувате “. Тоа што пишува во оваа фактура се не основани и не видени глупости и бесмислици. Повелете тужете ме.....

Прилог: фактура

Во Скопје 14. 12. 2012 Смрт за зони и пајак возила
 
http://www.toplif.com.mk/prasanja.htm

Обрнете внимание на третото прашање и на одговорот. (?!?!)
Го знам ова... Така беше до 1. август од кога лепотанот од регулаторна не донесе нови правила. А зошто ги донесе - погодете.... од три пати
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ION
И сега кога направиле пресметки и ги уклучиле и исклучените во распределбата на надоместокот за топлинска енергија за колку им се намалија сметките на неисклучените?!
 
Toa никој не го знае освен раководството на Топлификација. Фактурите на Топлификација се измама и како решило раководството така ќе направат. Можно е да ги намалат сметките за да покажат како е корисно што сега исклучените плаќаат можат и на друг начин а можат да направат и нешто сосема друго - на пример да отидат во стечај и на тој начин да ја примораат Државата да ги отплатува долговите за ТЕ - ТО и да ни го трупнат ТЕ - ТО за да сите граѓани на Македонија ја покриваат и плаќаат оваа промашена мегаломанска инвестиција.
Мене тоа не ме интересира, само не сакам да им плаќам на арамиите.
Инаку Топлификација има вкупен бруто приход од 44 милиони евра, а трошоци за гориво и плати под 20 милиони. Така да можат да прават што сакаат.и прават што сакаат
 
И сега кога направиле пресметки и ги уклучиле и исклучените во распределбата на надоместокот за топлинска енергија за колку им се намалија сметките на неисклучените?!

Не им се намалија, им се зголемија. Мене повисока сметка ми дојде, уствари веќе претеризам сметка, што надминува сите граници.
 
Ме интересира колку пари ти побараа?
 
информации што имам се
70м2=4400
90м2=4800
па сега видете колку е ефтино :(
мореееее, АРАМИИИИИИИ
Ја неможам да разберам на кој му се исплати толку пари да фрла за џабе и зашто има уште луѓе што се грејат на парно? :confused:
 
не е така лесно да се како прво сменат некои навики, а како второ сепак на времето не беше толку скапо. знаеш онаа филозофија, друг ми го бере гајлето а и не го оптоварувам домашниот буџет во зимо, него ова ко на рати ми се фаќа. но сега, ....... ух, колку само луѓе има што би сакале да се откажат, но со оној закон дека се потребни 70 проценти од станарите во зградата да се согласат дека може да се исклучиш е многу заебан. да за некоја работа која само тебе те засега да мора да бараш дозвола од комшиите. глупост невидена.
ДА, во текот на грејната сезона ако се грееш на струја (панели или сл) навстина многу се оптеретува буџетот, но сепак, ќе платиш онолку колку си потрошил и си се греел кога си сакал. ако си тенок во буџетот, ке штедиш, со тренерка ќе си седис по дома, а ако си моќен ќе си грееш и 24 часа на ден.
и ај да пробам набрзина проста математика. ако користиш панели со вкупнамоќ од 2kw (за 50м2), и работат 24 часа на ден, значи во ниеден момент да не се постигне саканата температура и не се вклучи термопрекидачот, ќе испадне дека во еден ден ќе потрошиш 48kw. тоа за 30 дена ќе биде околу 1400kw само за греење. и тоа сега помножи само со скапа струја (4 денари за kw) ќе добиеш .......... нешто под 6000 ден. на ова сите други ддв и слични работи со моќност ќе се добие некоја цифра од околу 8000-9000 ден САМО за греење. значи плус останатата струја потребна за нормални потреби (бојлер, машина и сл.) но да се задржам на математиката за греење, ...... по мене ќе испадне дека со максимална потрошувачка за 3-те најладни месеци ќе платиш ........ 27000 ден. плус и два месеца со догревање (есен и пролет) вкупно би испаднало ...... еве нека биде 33000. и сега споредете со математиката за парно а и останати работи ако сакате.
ова е од искуство кажано!!!
 
Термопрекидачот се вклучува цело време ;) така да лоша ти е математиката или користиш топлификациска математика :D
Јас се имам грејано на парно а сега се грејам на струја и три работи забележав
1. На струја ми е поефтино
2. На струја ми е потопло
3. Се грејам колку сакам и кога сакам
Се согласувам дека се работи за навики затоа има сеуште корисници на парно али треба луѓето да се освестат и поточно да си пресметаат. Мора да сфатат дека ги крадат.
 
не ми е лоша матаматиката, него намерно го ставив тоа како невозможна комбинација, како ...... што би било кога би било за максимална сметка. инаку, околу 50 проценти се вклучува прекидачот така да ..... да не биде преамбициозно но сметката би била и до 50 посто помала од направената математика
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom