BJJ - Brazilian jiu jitsu

  • Креатор на темата Креатор на темата Banana Man
  • Време на започнување Време на започнување
Јас преферирам јапонско џиу-џицу,зашто сметам дека многу повеќе би ми се нашло во реална ситуација.Е сега од друга страна пак,како техника која ме исполнува и ме прави среќен е токму спортскиот дел,односно борбата на партер.Не вежбам многу(3 месеци)ама сфатив дека кога имам на тренингот спаринг на партер се чувствувам прекрасно,чувството не се опишува.И би сакал здравје понатака да излезам и на некој натпревар.Во јапонското џиу џицу многу внимание на техниките на земја не се посветува,повеќе се работи на делот самоодбрана и затоа сакам да вежбам напоредно со БЏЏ или пак џудо.И џудото е прекрасно,баш минатиот петок имавме тренинг со џудисти.Ма да можам на се би одел:)
--- надополнето: 29 мај 2012 во 16:44 ---

Во право си за тоа.И чаре сега?
епа ако сакаш секој тренинг спаринг по 25 минути посветено
на тоа бујрум ваму :D
ако сакаш дојди гледај еден тренинг ќе видиш како е што е
и мислам ќе ти се допадне.
и да ти кажам... тренирам еве 2 месеци и правев спаринг
со еден од твој клуб што тренира година ипол. му се држев
и некоглку пати го победив, само ради тоа што посветуваме
многу внимание на борбите, а не на самоодбрана.
 
Зависи на каков тренер ќе налета тука му е вештината второстепена дека се слични со тоа што БЈЈ дава акцент на партерни техники а ЈЈ и на останатите (како џудо).
Што на каков тренер ќе налета, Аце и Кецко се за јапонско, Мартин и Ивица се за бразилско. Толку се :)

Е сега од друга страна пак,како техника која ме исполнува и ме прави среќен е токму спортскиот дел, односно борбата на партер.

Ти дефинитивно треба да одиш на БЏЏ. И тоа месец дена во едниот и месец дена во другиот клуб. После тоа не се враќаш назад :)
 
Odete trenirajte kaj sakate i sto sakate, samo nemojte da odite kaj ace vo 11 oktomvri. On bese nekoj majstor po realno aikido i posle se prebaci na dziu dzicu, ama ne go biva. Samo pari da vi zeme.
 
Бронза за Илиевски во Лондон

E481061B5EB474429B30E852B4C9A630.jpg

Илиевски отвори нова страница во боречките спортови во Македонија, откако го освои бронзениот медал на Лондон опен во бразилско џиу-џицу, на кој учествуваа 800 натпреварувачи
 
ме интересира колку е ефикасна техникава и непредвидлива, ептен сум аматер за да можам да го направам ова
 
ме интересира колку е ефикасна техникава и непредвидлива, ептен сум аматер за да можам да го направам ова
првата ми се свиѓа, баш ќе пробам на тренинг, а оваа другата
благе везе нема :)
 
првата ми се свиѓа, баш ќе пробам на тренинг, а оваа другата
благе везе нема :)
втората е само заебанција :)
иначе кажи ми колку имаш тренирано по пп и кажи ми дали успеа, пошо ми изгледа многу лесно да изгубиш позиција и па после ќе треба да влечеш гард :)
 
ме интересира колку е ефикасна техникава и непредвидлива, ептен сум аматер за да можам да го направам ова

Ако тој доле не знае полугард, а ти си закон во напади од полугард ќе успее. Инаку јок.
 
Ако тој доле не знае полугард, а ти си закон во напади од полугард ќе успее. Инаку јок.
може да ти успее пошо и Џо рече дека во онаква позиција каде што уште стапалото ти е во полугард најчесто одиш на маунт, можеш лесно да го изненадиш противникот ама транзицијата е некако многу заебана и лесно можеш да изгубиш позиција, со ролањето можеш на грб да завршиш
 
Битното е што не кажува Џо :)
Тој што е доле во полугард секогаш ќе се бори за underhooks. Не само тоа, туку тој доле го контролира полугардот. И тука е суштинската тежина во транзицијата што ја демонстрира Роган. Тој горе треба да е мандрак и ептен да го изненади тој доле за двете раце да му ги стави под неговата една, од горе да го исконтролира полугардот со нозете (lockdown), да не изгуби рамнотежа и да ја направи транзицијата.
 
Да,Аце ме тренира.Поентата ми е дека ако не поседуваш друга техника комбинирана со БЈЈ,кој и те како е ефикасен на земја,во реална ситуација како мислиш да поминеш?Зар ќе го повикаш противникот на земја да се борите?Инаку да,на земја е многу ефикасна техника и брзо можеш да го неутрализираш противникот,дури и да е двојно поголем и посилен од тебе.
Жал ми е да те известам дека и самиот незнаеш што тренираш . Аце појма нема што е тоа jiu jitsu. Tој покажува техники од аикидо и нешто што видел jiu jitsu на you tube најверојатно. Инаку воопшто не треба да се комбинира јjiu jitsu со друга техника за да се излезе на крај во улична тепачка . Во jiu jiutsu во стоечка положба користиш или техники од борење или од џудо , а да не можеш еден бокс да мавнеш е тогаш навистина мора да си женче ... Ако навистина сакаш да дознаеш што е тоа jiu jitsu би те советувал да отидеш во еден од скопските клубови Carlos Maia BJJ или The Strongest- Roots BJJ .;)
 
Знам.После 4 месеци тренинг,укапирав дека Аце е само фејкер и нема познавања од џиу-џитсу.А како аикидо мајстор од многумина слушам само пофалби.
Мене тоа и ми правеше забуна,се што вежбавме на тренинг го најдов на јутјуб како аикидо техника.И се откажав,не продолжив во друг клуб.
 
Искрено мислам дека аикидото не е реална вештина за самоодбрана , досега се што сум гледал е само каскадерство . Од сите боречки вештини аикидото најмалку го ценам за жал (n) Добро е што си сфатил дека незнае ништо околу jiu jitsu , сега ако сакаш повторно да почнеш да тренираш би ти ги препорачал еден од тие клубови за jiu jitsu во СК :) Пробај и види кој тренинг повеќе ти одговара и сигурно нема да зажалиш што си почнал со таа вештина (y)
 
БЏЏ е прекрасен спорт, но немој да се лажете дека не е ефикасна како вештина на улица т.е. реална ситуација. Има огромна разлика од спортско БЏЏ и од Street БЏЏ, два различни концепта што доаѓаат од горенаведената вештина. Побарајте малце на youtube или на google не сакам да замарам :).

Иначе јас почнав во Македонија со ММА, работев неколку месеци се здобив со основа колку толку, после тоа се префрлив во Carlos Maia кај Мартин. Прекрасен клуб, атмосферата е супер, има знаење и искуство во овој клуб повеќе од било кој клуб во Македонија.

Во септември се преселив во Америка и од тогаш почнав да тренирам со Теаm Santos и со Gracie Fighter (клубот на Nick i Nate Diaz). Исто така почнав да работам и Judo со еден од членовите на Yamashita семејството, тие што тренираат Judo знаат за кој зборам.

Од тоа што јас имам собрано искуство, не велам дека е огромно, но ако сакаш како борец дали ММА или БЏЏ или Џудо, мораш да го исцрпуваш најдоброто од секоја вештина. На пример БЏЏ борците не се толку доминанти на Stand Up како што се џудистите, но пак од друга страна џудистите не се толку ако можам да кажам "внимателни" на земја. Од кога почнав со Џудо паралелно , ги доминирав скоро сите во клубот (дури и повисоки појаси) кога беше во прашање Stand Up.

Не сакам никој да навредам кој што тренира кај аце т.е. традиционално ЏЏ , али јас кога бев кај нив во клуб, отидов на 3 тренинзи и "црните" појаси на спаринг ги средив без многу напор, што ме разочара бидејќи во таков клуб никогаш нема да можеш да просперираш. Така да се повлеков од таму, и отидов во Carlos Maia :).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom