Те прави ли среќен тоа што децата ќе ти растат во такво окружување?
Не сум женет па неможам да ти одговорам на ова мада искрајно ме замисли. Кога би зел некоја локална што и најверојатно би било случајот мислам дека и подобро е таму да растат. Во МКД ќе ги заебаваат за жал ние сме проста маса па секоја форма на мелез би била смешна а во овој дел на светот мелези им се сите ѕвезди на ТВ. Овде се тепаат да имаат дете од белец.
Во Боракај (филипините) запознав бела двојка од германија која има хотел таму. Пресреќни беа. Цела година туристи, пари имаат, децата (плави, германчиња) во американско школо. Криминал нема, цел ден на плажа. Во Манила живеев скоро 2 години во населба екслузивно за странци која беше колку Скопје. Неколку шопинг молови, полиција, приватна полиција, обезбедување колку сакаш (и пред да влезеш во мол те претересуваат) се со цел да се чуствуваш супер безбеден и се чуствував каде каде побезбеден него на Водно во Скопје каде израснав па сега ти види.
Мислам дека имате ГРЕШНА слика за тие држави. Ги гледате лошите работи кој се 90% ама не ги гледате добрите, а добри има во изобилство. Од шофери, до готвачки, до слуги, ексклузивни ресторани, шоа итн, Манила е 16 мил град, Бали го викаат ISLAND OF GOD, а тајланд мислам дека нема потреба да објаснувам.
Имам живеено на повеќе места во Австралија, во Лондон, во Хонг Конг и Сингапур. Кусо и јасно супер за да правиш пари, ама кога ќе сватиш дека и на други места можеш да го постигнеш истото тогаш гледаш квалитет на живот. Јас живеам еднаш, така да можам или да се ебавам по тјуб во Лондон, да тепам по 1 саат во еден правец во Мелбурн (тоа се брат 22 дена ГОДИШНО во кола до работа и назад) ко што правам деновиве или да си го прчам на Бали, Себу или Кох Самуи, па сега ти види.
--- надополнето: 14 ноември 2012 во 14:38 ---
Werther и
Змејко и не знам како е ни во Етиопија ни на Антартикот. Знам во Кенија дека си поминав супер ама у принцип Африка не ми се свига (да знам бевте иронични). Финтата е што вие само кењате без да мрднете од европа ако и таму сте прошетале па имате некоја слика од тв со људождери по земјите кој ги напишав. Идете видете па ќе правиме муабет до тогаш ко што кажав ви пожелувам супер и работно да си поминете на западот или кај и да сте.