Тие што не се оптеретени најчесто или лажат дека не се оптеретени или немаат доволно јаки чувства кон другата особа, па им е сеедно дали партнерот има секс со уште 7 други личности или навистина не се оптеретени, ама овие последниве се толку занемарлив процент, што не ни вреди да се спомене. Дури и одредена личност да се декларира дека не е моногамна и дека сеедно и е дали партнерот има секс со други, длабоко во себе нема да и биде сеедно и кога тогаш ќе дојде момент кога нема веќе да може да издржи и ќе пукне и ќе си ги собере парталите и раус!
Пак доаѓаме до моето...
Кој е тој што би поверувал дека има доволно добра причина за да биде со две личности во исто време? Демек двете ги сака подеднакво и не може да си го замисли животот без нив.


Муабетот излага “Држ го Маро гајтанот“. Хахахахахаха....

Тоа веќе не е ни наивност, тој што ќе поверува во тоа ги надминува сите дефиниции за наивен човек.
Сака да верува и да оправда. Тука се согласувам. Ама длабоко во себе не верува и не го оправдува, така што ќе си поќути и ќе го поттисне тоа во себе, ама понатаму во врската тоа ќе излезе на површина, па тоа толку ќе му го извади низ нос, што самиот ќе се покае што му простила. Или може да му прости, па потоа суптилно да го “онадуе“ у мозок и суптилно да му враќа и психички да го малтретира и на тој начин да му се одмазди. Во суштина со ништо од тоа јас лично не се согласувам.
Ако се случи нешто, “чао ragazzi“ и тоа ќе му биде последниот контакт со мене во животот.
Животот е премногу краток да се биде со луѓе кои во суштина не сакаат да бидат со тебе како личност, туку сакаат да бидат само со твоето тело, а тоа е во суштина целта на тоа спиење со други луѓе, кои некои мислат дека ако наречат тоа “љубов“, им се оправдува постапката, а воопшто не им ја оправдува. Ни најмалку.