Нов закон за сметководство

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Како што е предвидено во законот така изгледа.
Инаку не ќе може на ризик да ангажираат нелиценцирани сметководители бидејќи нема да можат да достават завршна сметка .Регистрираните сметководители ќе бидат означени со идентификациски број во Регистарот .
Да бе, го заборавив тој детал...

Мислам дека сепак ќе биде како што напишав во првиот пост...
 
R

Rigel Kent

Гостин

Сепак не , ме мрзи да барам инаку во еден член се предвидува секој обврзник за водење сметководство е должен да најми лиценциран ТП или друштво за сметководство. . Ова најдобро ќе го објаснат оние од надзорниот одбор кој ги избрале или тие од управниот што ќе ги изберат :)
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284

Најверојатно тој дел од законот за кој зборуваш е да најми овластен сметководител а не ТП.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Најверојатно тој дел од законот за кој зборуваш е да најми овластен сметководител а не ТП.
Поточно вака е членот.

IV.ВРШЕЊЕ СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
Член 20
(1) Сметководствени работи врши сметководител и/или овластен сметководител кој добил уверение од Институтот и е регистриран во соодветниот регистар на Институтот.​
(2) Сметководителот води трговски/деловни книги за сите обврзници за водење на сметководство и составува и потпишува годишна сметка за трговци поединци и здруженија и фондации.
(3) Овластениот сметководител води трговски/деловни книги и/или составува и потпишува годишна сметка и/или финансиски извештаи за сите обврзници за водење на сметководство.
(4) За вршење на сметководствени работи за свои потреби обврзникот за водење сметководство може да вработи сметководител и/или овластен сметководител или со договор за вршење на сметководствени работи да ангажира трговец поединец – сметководител, трговец-поединец овластен сметководител или друштво за вршење на сметководствени работи.
(5) Трговец поединец – сметководител врши сметководствени работи за трговци поединци и здруженија и фондации.
(6) Трговец поединец - овластен сметководител врши сметководствени работи за трговци поединци, здруженија и фондации и други непрофитни организации и друштва со ограничена одговорност.
(7) Друштво за вршење на сметководствени работи врши сметководствени работи за сите обврзници за водење на сметководство.
(8) Друштвото за вршење сметководствени работи мора да има вработено најмалку еден сметководител и еден овластен сметководител.
 
Еве го ставот 4 од членот 20, вика дека може да се вработи сметководител или овластен сметководител, сепак е како што пишав...
 
Член од
12 јули 2012
Мислења
30
Поени од реакции
6
Гледам дека има многу толкувања за Законот за сметководствени работи. Значи вака:
Секој правен субјект (ДОО, ДООЕЛ, АД, Фондации, здруженија и др.) во Македонија со законот за сметководствени работи и со законот за трговските друштва е обврзан да води трговски книги и да поднесува годишна сметка до ЦР.
Фондациите, здруженијата и трговците поединци ќе треба:
- или да вработат сметководител (со уверение)
- или да ангажираат трговец поединец - сметководител.
ДОО и ДООЕЛ-те ќе треба:
- или да вработат овластен сметководител (со уверение)
- или да ангажираат трговец поединец - овластен сметководител
- или да абгажираат друштво за вршење на сметководствени работи.
АД ќе треба:
- или да вработат овластен сметководител (со уверение)
- или да ангажираат друштво за вршење на сметководствени работи.
ТОА Е ОСНОВНОТО.
Гледам во претходните постови дека не се прави разлика помеѓу уверение и лиценца. Уверение за сметководител или овластен сметководител може да добие само физичко лице кое ги исполнува условите пропишани во законот. А Лиценца за вршење на сметководствени работи може да добие само правно лице (АД, ДОО, ДООЕЛ, Трговец поединец) кое ги исполнува условите пропишани со законот. Затоа во правилниците за добивање лиценци не постои барање за добивање лиценца на физичко лице. Уверенијата за сметководители или овластени сметководители, физичките лица ќе ги користат доколку се вработат во некоја фирма или доколку самите отворат своја фирма или се регистрираат како трговци поединци.
Како недостатоци на законот за вршење на сметководствени работи се следните нелогичности:
Сметководството и потпишувањето на завршната сметка на друштвото за сметководствени работи или на трговесот поединец - сметководител или овластен смтководител нема да може да му го вшри лицето кое е вработено кај него доколку има повеќе од 2% од акциите или од вкупниот удел. Во превод би дошло сите кои ќе си отворат своја фирма за вршење на сметководствени работи или ќе се регистрираат како трговци поединци - сметководители или овластени сметководители ќе мора да вработат друго лице или да ангажираат друга фирма која ќе им го води сметководството (се надеваме дека овој 28-ми член од законот ќе се измени).
Важно е да се каже уште следното:
Во собраниска процедура влезе Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (прво читање) според кој потпишувањето на завршните сметки од страна на сметководители и овластени сметководители со уверенија ќе започне од следната година односно за годишната сметка за 2012 ќе може да ја потпишат и сметководители без уверение. Овој предлог закон суште не е изгласан но бидејќи предлагач е Владата на РМ не би требало да не помине во собраниска процедура.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Smetkovoditel, дали имаш информација за начинот на унифицирање на цената на сметководствените услуги преку тарифник или ќе остане како досега нерегулирано?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Значи не може како досега да си земи роба во вредност договорена место пари од колонијалот за сметководствените услуги :icon_lol:?
 
Член од
12 јули 2012
Мислења
30
Поени од реакции
6
Smetkovoditel, дали имаш информација за начинот на унифицирање на цената на сметководствените услуги преку тарифник или ќе остане како досега нерегулирано?
Немам информација за унифицирање на цената на сметководствените услуги со тарифник, но според мене не ни може да се донесе некаков тарифник според кој сметководителите би ги наплаќале своите услуги.
Прво сметководителите не извршуваат само сметководствени улуги туку еден куп други услуги (прија/одјава на вработени во АВРМ и ФЗО, вадење на разноразни потврди за учество на тендери, курирски работи и др.).
Второ водењето на сметководство се разликува од дејност до дејност, а денес може да се каже и од фирма до фирма во иста дејност.
Јас сметам дека со законов нема да има промени во цената на сметководствените услуги од причина што сеуште постои голема конкуренција на пазарот од страната на понудата на сметководствени услуги.
--- надополнето: 12 ноември 2012 во 15:24 ---
Значи не може како досега да си земи роба во вредност договорена место пари од колонијалот :icon_lol:?
Може и ќе може и во иднина.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Гледам дека има многу толкувања за Законот за сметководствени работи. Значи вака:
Секој правен субјект (ДОО, ДООЕЛ, АД, Фондации, здруженија и др.) во Македонија со законот за сметководствени работи и со законот за трговските друштва е обврзан да води трговски книги и да поднесува годишна сметка до ЦР.
Фондациите, здруженијата и трговците поединци ќе треба:
- или да вработат сметководител (со уверение)
-или да ангажираат трговец поединец - сметководител.
ДОО и ДООЕЛ-те ќе треба:
- или да вработат овластен сметководител (со уверение)
-или да ангажираат трговец поединец - овластен сметководител
-илида абгажираат друштво за вршење на сметководствени работи.
АД ќе треба:
- или да вработат овластен сметководител (со уверение)
- или да ангажираат друштво за вршење на сметководствени работи.
ТОА Е ОСНОВНОТО.
Гледам во претходните постови дека не се прави разлика помеѓу уверение и лиценца. Уверение за сметководител или овластен сметководител може да добие само физичко лице кое ги исполнува условите пропишани во законот. А Лиценца за вршење на сметководствени работи може да добие само правно лице (АД, ДОО, ДООЕЛ, Трговец поединец) кое ги исполнува условите пропишани со законот. Затоа во правилниците за добивање лиценци не постои барање за добивање лиценца на физичко лице. Уверенијата за сметководители или овластени сметководители, физичките лица ќе ги користат доколку се вработат во некоја фирма или доколку самите отворат своја фирма или се регистрираат како трговци поединци.
Како недостатоци на законот за вршење на сметководствени работи се следните нелогичности:
Сметководството и потпишувањето на завршната сметка на друштвото за сметководствени работи или на трговесот поединец - сметководител или овластен смтководител нема да може да му го вшри лицето кое е вработено кај него доколку има повеќе од 2% од акциите или од вкупниот удел. Во превод би дошло сите кои ќе си отворат своја фирма за вршење на сметководствени работи или ќе се регистрираат како трговци поединци - сметководители или овластени сметководители ќе мора да вработат друго лице или да ангажираат друга фирма која ќе им го води сметководството (се надеваме дека овој 28-ми член од законот ќе се измени).
Важно е да се каже уште следното:
Во собраниска процедура влезе Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (прво читање) според кој потпишувањето на завршните сметки од страна на сметководители и овластени сметководители со уверенија ќе започне од следната година односно за годишната сметка за 2012 ќе може да ја потпишат и сметководители без уверение. Овој предлог закон суште не е изгласан но бидејќи предлагач е Владата на РМ не би требало да не помине во собраниска процедура.
А што правиме со оние кој сами си ги водат книгите ?
Ете не му треба ниту еден од оние погоре наведени ?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Ајде еден апдејт на темава .

На 03.11.2012 година Собранието составено од 90 ( :eek: ) сметководители/овластени сметководители на конститутивната седница го формираше Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ. На седницата исто така е донесен Статутот (превземи pdf) и е избран Надзорниот одбор.
За претседател на Надзорниот одбор е избрана:
- Јасмина Милановска.

За членови на Надзорниот одбор се избрани:
- Гордана Костадиновска;
- Соња Поповска;
- Јадранка Соколовска и
- Хасан Адеми.

Значи си се собрале , си се избрале и чаос. :rolleyes:
https://fbcdn-sphotos-e-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/545380_547731521920560_927883321_n.jpg

Сепак имало отворена покана до сите...
 
R

Rigel Kent

Гостин
Немам информација за унифицирање на цената на сметководствените услуги со тарифник, но според мене не ни може да се донесе некаков тарифник според кој сметководителите би ги наплаќале своите услуги.
Прво сметководителите не извршуваат само сметководствени улуги туку еден куп други услуги (прија/одјава на вработени во АВРМ и ФЗО, вадење на разноразни потврди за учество на тендери, курирски работи и др.).
Второ водењето на сметководство се разликува од дејност до дејност, а денес може да се каже и од фирма до фирма во иста дејност.
Јас сметам дека со законов нема да има промени во цената на сметководствените услуги од причина што сеуште постои голема конкуренција на пазарот од страната на понудата на сметководствени услуги.
Во статутот на Институтот во членот 19 став 17 стои "ги утврдува критериумите за утврдување на цената на сметководствените услуги."

Инаку според мене пријава/одјава на вработени во АВРМ и ФЗО не би требало да биде услуга од сметководителот туку на сервис за правни работи.
--- надополнето: 12 ноември 2012 во 15:33 ---
Отворена покана на сите што имаат добиено уверение , а уверение добиле само 90 лица. Тоа е проблемот .Услов за да учествуваш на основачкото собрание е да имаш привремено уверение . :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom