- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.776
- Поени од реакции
- 12.239
Матна работа. Нефлексибилен, раководен од владата, со издвојување прилично големи средства за обуки, без да се води сметка за се поголемите проблеми со ликвидноста на фирмите и лошостоечкото стопанство...
Протест на сметководителите против новиот закон
понеделник, 09 јули 2012, 17:09
Триесетина сметководители протестираа пред Управата за јавни приходи против новиот закон според кој треба да полагаат испит за да добијат лиценца за работа. Бараат тоа да не важи за оние со искуство поголемо од 10 години и тие да добијат трајни лиценци без полагање.
"Како сега јас да полагам по 30-годишно искуство заедно со некои кои имаат таму некакви партиски книшки или слично?" - прашува сметководителката Ленче Кршинар.
Сметководителите алармираат дека многу од друштвата за вршење на сметководствени работи ќе пропаднат бидејќи законот им наложувал да работат со најмалку тројца работници во услови кога поради кризата имаат се помалку клиенти. За сите нив ќе треба да плаќаат, според нив, преголем број на обуки за доусовршување во текот на годината.
"Како да вработам двајца? Ние едвај егзистираме, немаме да ги платиме трошоците за комуналии" - вели Зона Гиновска, сметководител.
"Јас што да правам? Вработив едно девојче од факултет и сега ќе треба да ја отпуштам за да вработам некој друг со лиценца. Тоа ли е целта на Законот? Да се отпуштаат работници?" - прашува сметководителот Милда Мицковска.
"Законот не е донесен во наша корист, туку во корист на консултантските куќи кои немаат директна врска со нашата работа. Го зголемија бројот на обуки и луѓе што треба да работат и сега ќе треба кај нив да ги обучуваме" - вели сметководителот Сашо Цветановски.
Од министерството за финансии објаснуваат дека со законот се става ред во вршењето на дејноста, се дефинираат критериумите кои сметководителите треба да ги исполнуваат и казните во случај на неправилно работење. Законот веќе се разгледува во Собранието.
Сметководителите бараат да се повлече и доработи Законот за сметководство
Новиот предлог Закон за сметководство треба да се доработи оти вака скроен ги деградира сметководителите. Ова е реакцијата на опозицијата и на сметководителите на амандманската расправа на Комисијата за финансирање и буџет. Сметководителите не се против регулација и искоренување на нелојалната конкуренција, но сметаат дека во законот има премногу ригорозни одредби.
Според новите предлог мерки, сметководителите ќе можат да работат ако имаат лиценци од Институтот на сметководители, а за добијат лиценца ќе мора да полагаат испит.
Друштво за вршење на сметководствени работи ќе треба да има најмалку два сметководители и еден овластен сметководител. Според опозицијата Институтот на сметководители наместо во професионално здружение ќе прерасне во пара државен орган.
“Сакате од едно место да ги контролирате сите работи. Не може од едно место да ги контролирате сите“ - изјави Цветанка Иванова, СДСМ.
“Во законот зборот Институт на сметководители е споменат 140 пати. Јасна е намерата за влијанието на министерството за финансии. Со овие законски решенија се узурпираат правата на сметководителите“ - изјави Павле Гацов, сметководител.
Според Министерството за финансии, целта на законските измени е да има висок квалитет на сметководствени услуги, да се регулираат односите и да се намали нелојалната конкуренција.
“Вакви решенија има и во други закони, како на пример Законот за проценители“ изјави Недим Рамизи, заменик министер за финансии.
Опозицијата за овој предлог закон има поднесено 55 амандмани. И додека Комисијата расправаше за предлог Законот,дел од сметководителите пред УЈП упатија предупредувачки повик да се повлече и доработи предложениот закон.
Тие побараа лиценцирањето на сите сметководители да се изврши во преоден рок од 3 години, а оние кои имаат работно искуство над 10 години да се стекнат со лиценци без полагање на испити.