Дали може да се поништи крштеницата?

  • Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.169
Поени од реакции
25.902
1. Не се закани, го исмеваше и навредуваше. Мислиш дека е различно тоа? Заканите по интернет се смешни, навредите се полоши.

2. Ова со бановите ти е многу јак аргумент. Селективноста при доделувањето на истите на кајгана е веќе легендарна. Погледни го твојот пост. Прво, темата се вика Дали некој знае како се поништува крштеница, а не Моралните и религиските последици од поништувањето на крштеницата. Тоа го прави твојот пост комплетно оф топик, и кандидат за бан. Кога на тоа ќе се додадат навредите од типот сељак и простак, мислиш дека не заслужуваш бан?

3. Немам сопартијци. Не ти се смачи со приказната за сопартијците, Стара Чаршија и шаловите ала Јасер Арафат?

4. Ако си рисјанин, на сите тие навреди одговори со вртење на другиот образ.

Во врска со секуларноста, ќе те оставам со зборовите на премудриот Свети Џорџ Карлин:

Thou shall keep thy religion to thyself...

1. Одлично. Ај сега тргни од себе...

2. Да де селективност, од кога сум на форумот на сите банџии тоа им е ставот. Не ме сака професорката, ми го има фрлено пикот и затоа имам 4 кеца, а јас еден вреден секој ден по 6 саата само нејзин предмет учам. Ретко има тема Стврогин на форум, која се држи строго до насловот а и кога би имало би ја убило целата дискусија. Се забегува ваму таму и се тоа е во ред се додека сепак е во функција на темата иако не е строго до самиот наслов. Сепак насловите секогаш ќе бидат кратки оти се наслови, а поентите и дискусиите ќе одат подалеку. Нашево веќе навлегува во приватна дискусија односно оф-топик и заслужува да биде бришено а можеби е и за бан. Лична навреда не упатив кон никого. Оти тука не гледам некој да е баниран ако ги навредува Бугарите на пример дури и сама администрација го прави тоа некогаш. Од друга страна ги пцујат и Грујо и Бранко па никому ништо. Ако јас добро сум сфатил бан се добива за лични навреди за членови на форум, иначе сите до сега ќе требаше да бидеме банирани. Е сега друг е муабетот кој во каква група се пронаоѓа, дали си ја има мувата на капата и колку се лути. Така да може и треба да добијам бан иако повеќе ќе сфатам ако е за оф топик отколку за навреда. Нема да приговарам (како што не сум ни до сега) и да е и за едното и за другото. Ама тоа е разликата помеѓу мене и тебе, јас знам зошто сум добил бан.

3. Арно нека не ти се сопартијци, иако од страна гледано делуваат(те) како група. Заеднички дружби со пива, лајкови, напади на верници, пишувања по ѕидови, заеднички бондинг (не знам како е точно на македонски) нарочито на онаа-Кој е најголем антихрист на форумот. Ама ај може грешам.

4. Не е битно дали сум рисјан. Или еве ако сакаш по твоја логика одговор-Ако ти си атеист за кого не важат христијанските или било кои принципи, тоа воопшто не те оправдува во правењето на икс, ипсилон, неубави работи. А ако јас сум рисјан, точно не треба вака да правам, не е убаво. Ама нешто душа не ми дава поинаку што воопшто не е оправдување. Ама јас гледам и се трудам да сум објективен прво кон себе. За жал не знам колку можам истото за тебе да го кажам.

Џорџ Карлин е (беше) одличен, со задоволство се смеам на неговите комедии, вклучително и на теми религии.

Иначе неизбежно беше некогаш да се закачиме, го очекував овој момент, може не баш сега и баш на оваа тема ама го чекав, премногу спротиставени страни за да не се случи нешто, ама како вештачки да се избегнуваше судирот, што во нормални услови не е типично за мене а мислам ни за тебе. А јас не сакам вештачки контакти, сепак мислам дека не беше лошо, вреди да се добие бан за ова :) . А сега да видиме шо ќе каже Екслекмеклес, никако точно да го научам.
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
652
Поени од реакции
192
Jas imav eden slucaj takov, moi poznanici sto nekoja tetka im go krstila deteto u tajnost, ovie naknadno doznale - negovite roditeli neli, i odat kaj popot da vidat sto moze da se napravi za da se izbrise toa, ama popot im odgovoril deka e toa nevozmozno, sekoj koj sto e krsten ostanuva krsten dok e ziv, edino ako prejde na druga vera ama i ponatamu ke si ostane zapisan kako krsten vo Pravoslavna crkva
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
За 200-300 денари се откажуваш од верата затоа што ќе платиш на поп што ќе ти крсти вода,тогаш направи си сунет и нема да бидеш православен и нема да плаќаш попови да ти крстат вода

Еееееееееее Македонче колку си проклето
На пример, јас да се откажам од христијанството е како да се откажам од моето BMW.

Исто е.

И двете ги немам.
--- надополнето: 12 ноември 2012 во 05:47 ---
Зашто ти смета ако е ирационално? До толку ли не си сигурна во тоа дека си атеист? Толку ти треба физички доказ, пред себе а и пред другите ќе се докажеш како атеист? Факт е дека хартијата ништо не менува. Факт е дека ако ништо не менува а сакаш да го направиш - сакаш да докажеш нешто на некого или пред себе. Факт е дека ако сакаш да докажеш нешто на некого или пред себе - не си сигурна во себе или пак некој не ти верува. Друга причина - не можам да видам. Ок, освен тоа што сакаш да бидеш фраерка, rad, пред другите дека нешто си направила бунтовно, си се откажала од религијата која со сила те натерале дур си била бебе. Fuck the church. А всушност, си земаш парче хартија, кое е некаде во фиока, фаќа прашина и никој не го видел откога си се родила.
Еве мене најмногу ми смета(ше) за утре бабите да не можат да ме гњават да склучувам брак во црква.
Просто и едноставно - не сум крстена (во мој случај, крштеницата повеќе не важи).
И многу ми е драго што тој проблем, ненамерно, го решив.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
На пример, јас да се откажам од христијанството е како да се откажам од моето BMW.

Исто е.

И двете ги немам.
--- надополнето: 12 ноември 2012 во 05:47 ---

Еве мене најмногу ми смета(ше) за утре бабите да не можат да ме гњават да склучувам брак во црква.
Просто и едноставно - не сум крстена (во мој случај, крштеницата повеќе не важи).
И многу ми е драго што тој проблем, ненамерно, го решив.
Што ако се заљубиш во некој кој е крстен во црква , а тоа сигурно ќе биде :) и он и неговите ќе инсистираат да се венчате во црква ?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Што ако се заљубиш во некој кој е крстен во црква , а тоа сигурно ќе биде :) и он и неговите ќе инсистираат да се венчате во црква ?
Немам крштеница и немам намера да имам.
As simple as that.
Ако не им одговарам, нек си најдат друга.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Немам крштеница и немам намера да имам.
As simple as that.
Ако не им одговарам, нек си најдат друга.
хмм можеш значи тек така да го контролираш ти тоа мислам на љубовта , има луѓе менуваат вери и се прават само за да бидат со саканите , така да не излетувај многу со тие твои ставови...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
хмм можеш значи тек така да го контролираш ти тоа мислам на љубовта , има луѓе менуваат вери и се прават само за да бидат со саканите , така да не излетувај многу со тие твои ставови...
Е супер де, ако некој толку ме сака, нема да ме малтретира со глупости.
Ако благословот од попот му е поважен од тоа да биде со мене, очигледно не треба да бидам со него.
Мене тоа ми значи, и тоа многу.
 
Ваљда и обратно треба да биде , а попот само го чита тоа венчание и ништо повеќе , и ете толку многу се сакате а он инсистира на тоа би си се откажала од него само заради тоа ?
 
М

Мартин`

Гостин
хмм можеш значи тек така да го контролираш ти тоа мислам на љубовта , има луѓе менуваат вери и се прават само за да бидат со саканите , така да не излетувај многу со тие твои ставови...
Ти би станал муслиман ако нејзините те тераат на тоа за да ја земеш ? Чисто сумњам дека би станал, ствар на принципи е во прашање.. некогаш се рушат тие да ама не гледам пречка на пример јас како христијанин да ја приморавам и нејзе да биде христијанка.. нормално би гледал и по би ми одговарало и она да се христијанка ама ако се ни е како што треба и единствен “проблем“ е тоа што не верува тогаш не е голема работа.

Плус денеска има еден куп луѓе што живеат невенчани или се венчале скоро а одамна се во брак, а христијани/религиозни се ..
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Ваљда и обратно треба да биде , а попот само го чита тоа венчание и ништо повеќе , и ете толку многу се сакате а он инсистира на тоа би си се откажала од него само заради тоа ?
Да.
Но не грижи се. Со таков човек не би успеала ни во врска да бидам, а камоли за брак да размислуваме ;)
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Ти би станал муслиман ако нејзините те тераат на тоа за да ја земеш ? Чисто сумњам дека би станал, ствар на принципи е во прашање.. некогаш се рушат тие да ама не гледам пречка на пример јас како христијанин да ја приморавам и нејзе да биде христијанка.. нормално би гледал и по би ми одговарало и она да се христијанка ама ако се ни е како што треба и единствен “проблем“ е тоа што не верува тогаш не е голема работа.

Плус денеска има еден куп луѓе што живеат невенчани или се венчале скоро а одамна се во брак, а христијани/религиозни се ..
Остави ти тоа дали би станал јас муслиман или дали би бил напорен на некого со моите религиозни ставови , зборот е што ако дечкото е религиозен и ете едноставно сака да се венчаат пред олтар а и двајцата се сакаат многу , би го уништиле тоа само заради што она не сака да стои пред поп .Познавам многу мешани бракови христијани -муслимани кои се почитуваат меѓусебно и неим претставува проблем да го прифатат тоа .
--- надополнето: 12 ноември 2012 во 06:42 ---
Да.
Но не грижи се. Со таков човек не би успеала ни во врска да бидам, а камоли за брак да размислуваме ;)
Баш ќе ми биде мило да успееш со таков човек у врската и да споделиш тука мислење како сте поминале пред олтар:P
 
Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Ако ставиш на фејсбук дека си атеист,јеховин сведок или шаолин му стига нотификација на гг.Стефан и автоматски не си веќе православен христијанин. :icon_lol:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Остави ти тоа дали би станал јас муслиман или дали би бил напорен на некого со моите религиозни ставови , зборот е што ако дечкото е религиозен и ете едноставно сака да се венчаат пред олтар а и двајцата се сакаат многу , би го уништиле тоа само заради што она не сака да стои пред поп .Познавам многу мешани бракови христијани -муслимани кои се почитуваат меѓусебно и неим претставува проблем да го прифатат тоа .
--- надополнето: 12 ноември 2012 во 06:42 ---

Баш ќе ми биде мило да успееш со таков човек у врската и да споделиш тука мислење како сте поминале пред олтар:P
Мартин сосема добро те праша, истото ти што ме прашуваш мене.
Дали би отстапил од нешто кое ти е навистина важно во животот, за да направиш ќеиф?
За мене не претставува проблем дечкото сам по себе да си верува во христијанство, ислам, будизам, итн. се додека тоа не претставува начин на живеење.
Но, како што реков, јас не би ни можела да бидам во врска со некој за кого христијанството (или рандом религија) е нешто според кое навистина живее. За мене е тоа еднакво одбивно, како да бидам со девојка. ;)
 
Од 1% атеисти у државава , неверувам дека баш ќе си најдеш сродна душа ко за тебе , шансите ти се многу поголеми да се зацапаш баш у религиозен ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom