Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.169
- Поени од реакции
- 25.902
1. Одлично. Ај сега тргни од себе...1. Не се закани, го исмеваше и навредуваше. Мислиш дека е различно тоа? Заканите по интернет се смешни, навредите се полоши.
2. Ова со бановите ти е многу јак аргумент. Селективноста при доделувањето на истите на кајгана е веќе легендарна. Погледни го твојот пост. Прво, темата се вика Дали некој знае како се поништува крштеница, а не Моралните и религиските последици од поништувањето на крштеницата. Тоа го прави твојот пост комплетно оф топик, и кандидат за бан. Кога на тоа ќе се додадат навредите од типот сељак и простак, мислиш дека не заслужуваш бан?
3. Немам сопартијци. Не ти се смачи со приказната за сопартијците, Стара Чаршија и шаловите ала Јасер Арафат?
4. Ако си рисјанин, на сите тие навреди одговори со вртење на другиот образ.
Во врска со секуларноста, ќе те оставам со зборовите на премудриот Свети Џорџ Карлин:
Thou shall keep thy religion to thyself...
2. Да де селективност, од кога сум на форумот на сите банџии тоа им е ставот. Не ме сака професорката, ми го има фрлено пикот и затоа имам 4 кеца, а јас еден вреден секој ден по 6 саата само нејзин предмет учам. Ретко има тема Стврогин на форум, која се држи строго до насловот а и кога би имало би ја убило целата дискусија. Се забегува ваму таму и се тоа е во ред се додека сепак е во функција на темата иако не е строго до самиот наслов. Сепак насловите секогаш ќе бидат кратки оти се наслови, а поентите и дискусиите ќе одат подалеку. Нашево веќе навлегува во приватна дискусија односно оф-топик и заслужува да биде бришено а можеби е и за бан. Лична навреда не упатив кон никого. Оти тука не гледам некој да е баниран ако ги навредува Бугарите на пример дури и сама администрација го прави тоа некогаш. Од друга страна ги пцујат и Грујо и Бранко па никому ништо. Ако јас добро сум сфатил бан се добива за лични навреди за членови на форум, иначе сите до сега ќе требаше да бидеме банирани. Е сега друг е муабетот кој во каква група се пронаоѓа, дали си ја има мувата на капата и колку се лути. Така да може и треба да добијам бан иако повеќе ќе сфатам ако е за оф топик отколку за навреда. Нема да приговарам (како што не сум ни до сега) и да е и за едното и за другото. Ама тоа е разликата помеѓу мене и тебе, јас знам зошто сум добил бан.
3. Арно нека не ти се сопартијци, иако од страна гледано делуваат(те) како група. Заеднички дружби со пива, лајкови, напади на верници, пишувања по ѕидови, заеднички бондинг (не знам како е точно на македонски) нарочито на онаа-Кој е најголем антихрист на форумот. Ама ај може грешам.
4. Не е битно дали сум рисјан. Или еве ако сакаш по твоја логика одговор-Ако ти си атеист за кого не важат христијанските или било кои принципи, тоа воопшто не те оправдува во правењето на икс, ипсилон, неубави работи. А ако јас сум рисјан, точно не треба вака да правам, не е убаво. Ама нешто душа не ми дава поинаку што воопшто не е оправдување. Ама јас гледам и се трудам да сум објективен прво кон себе. За жал не знам колку можам истото за тебе да го кажам.
Џорџ Карлин е (беше) одличен, со задоволство се смеам на неговите комедии, вклучително и на теми религии.
Иначе неизбежно беше некогаш да се закачиме, го очекував овој момент, може не баш сега и баш на оваа тема ама го чекав, премногу спротиставени страни за да не се случи нешто, ама како вештачки да се избегнуваше судирот, што во нормални услови не е типично за мене а мислам ни за тебе. А јас не сакам вештачки контакти, сепак мислам дека не беше лошо, вреди да се добие бан за ова
