Смртта - крај или нов почеток?

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
за да разберам ти како гледаш на тоа "душа"
Имаш други теми за тоа.....овде е смртта на тема.
Па само и за неа пишувам цело време на форумов.
Ако си прател до сега ќе знаеше што мислам.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Сакаш да кажеш дека јас имам проблеми?.....:pos:

Ај малку објасни ни од твоето солидно познавање на биолошките науки и математика што е тоа свест?

Душата на човекот после смрта каде оди?

Ааа .. ќе заборавев...а што е душа?....Ти кажаа што е тоа во биологијата и математиката?..
Општо прифатена дефиниција за душа не постои, затоа и не може да се дискутира за тој поим.
За свеста кажав погоре од што е последица, а поконкретно ќе знаеме за одреден период. Пред се затоа што голем дел од човечкиот организам е не испитан, особено мозокот.

Понатамошна дискусија за овие две работи е беспредметна и излишна, соодветно.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Јас знаеш ли што мислам? Дека ти и многу други не сфаќаат дека твојата "есенција", твојата душа, не е ништо друго туку екстремно сложена серија од стотици милијарди хемиски реакции во твоето сопствено тело. Јас потполно разбирам дека постојат луѓе на кои ако и илјада пати им кажеш дека нивните мисли, нивните емоции(љубов, страв итн...), самото нивно постоење можат да бидат набљудувани и во некои случаи променети со оглед на тоа дека тие се од физичка, материјална природа, а не од спиритуална природа- нема да го прифатат или сфатат тоа.
.
Ако за душа не се дискутира спиритуално, каков заклучок донесе од биологијата и математиката за неа?

Општо прифатена дефиниција за душа не постои, затоа и не може да се дискутира за тој поим.
За свеста кажав погоре од што е последица, а поконкретно ќе знаеме за одреден период. Пред се затоа што голем дел од човечкиот организам е не испитан, особено мозокот.

Понатамошна дискусија за овие две работи е беспредметна и излишна, соодветно.
Кажи ми која е разликата меѓу душата и свеста?
И најпосле што оди со душата по смртта?...каде завршува?
Нели тамава е смртта...
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
Порано многу почесто за разлика од сега имав дежа ву.
Исто така мислев дека имам претходен живот, кој е мошне чуден.
Соништата ме потсетуваа не него. Како секој од нив веќе да се имаше случено. Сонував замоци, плажи, месечини, плантажи, и луѓе кои чинам дека претходно ги имам сретнато...
Многу интересно. :) Меѓутоа сето сето ова е голема веројатноста да се должи на ДНК од моите претци.. Делчиња, искри од минатото, ете така да ги наречам. Меѓутоа се вредни, непроценливи и горда сум што ѓи имам.
Во реинкарнација и не верувам премногу, иако интересно звучи ради горе наведената причина која има научен поткреп.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
320
Поени од реакции
225
Se dodeka se ragja zhelbata, kopnezhot................kje go ima i "krugot".
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Лимбичниот систем, одговорен за ,,душата,, ќе се распадне брзо по смртта на човекот.
Каде ќе отидам јас и мојот идентитет? Веројатно во стомакот на црвите кои ќе ме изедат.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Лимбичниот систем, одговорен за ,,душата,, ќе се распадне брзо по смртта на човекот.
Каде ќе отидам јас и мојот идентитет? Веројатно во стомакот на црвите кои ќе ме изедат.
Се читаш што пишуваш...? кој е тоа “ти“, а кој е тоа “твојот идентитет“... кого ке изедат црвите тебе или твојот идентитет...?

Само тој што ќе умре(за минатото и иднината) пред својата физичка смрт е едини што има можност да ја заебе смрта и да го вкуси животот(моментот)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Се читаш што пишуваш...? кој е тоа “ти“, а кој е тоа “твојот идентитет“... кого ке изедат црвите тебе или твојот идентитет...?

Само тој што ќе умре(за минатото и иднината) пред својата физичка смрт е едини што има можност да ја заебе смрта и да го вкуси животот(моментот)
Ошо, не ме интересираат твоите размислувања.
Либичниот систем е најодговорен за тоа која сум ЈАС.
Ако го нема тој систем, ќе го нема и моето ЈАС, мојата душа, ,,срце,, итн..
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Ошо, не ме интересираат твоите размислувања.
Либичниот систем е најодговорен за тоа која сум ЈАС.
Ако го нема тој систем, ќе го нема и моето ЈАС, мојата душа, ,,срце,, итн..
Те нема тебе и онака и овака... така да ич не се секирај...(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom