Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Ако збирот на цифрите на еден трицифрен број се помножи со 36, се добива истиот тој број?

Јас најдов еден таков број: 648
( 6 + 4 + 8 ) * 36 = 648
Дали постојат и други трицифрени броеви со оваа особина?

Друг број е 324: (3+2+4)*36 = 324
 
Најди за кои природни броеви е точно равенството:
X^2 - 5*X*Y + Y^2 + 5 = 0

X^2 значи X на квадрат, Y^2 значи Y на квадрат
 
x,y=1,2

Ама да бидам искрен само заменив за х=2 чисто да пробам и се доби y=1. Иначе некако не сум во форма денес не ми иде упростувањето на изразот(n)
Има уште едно решение.. За другите....
Браво...
Јас потрошив неколку саати да најдам соодветна задача, а ти ја реши за дваесет минути.
Упростувањeто е:
( X - Y )^2 - 3*X*Y + 5 = 0
 
Дојдов до тоа упростување ама не помага многу. Како да нема начин чисто преку равенки да се дојде до решение.

Патем другото решение е 3 и 1:)
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 22:05 ---
Иначе кај ги наоѓаш задачкиве. пробав да најдам по нетов нешто ама се некои глупости ми излагаат :icon_lol:
 
1

Ако остаток на делење на 100 со 11 е 1. Овој остаток помножен со 100 и поделен со 11 пак ќе даде остаток 1 и така до недоглед.
 
Најди број помал од 100, кој го задоволува правилото: ако му се инверзираат (свртат) цифрите ќе се добие број поголем за една петтина.
 
Дојдов до тоа упростување ама не помага многу. Како да нема начин чисто преку равенки да се дојде до решение.

Патем другото решение е 3 и 1:)
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 22:05 ---
Иначе кај ги наоѓаш задачкиве. пробав да најдам по нетов нешто ама се некои глупости ми излагаат :icon_lol:
Оваа задача е од овде - задача број 74. А имам и книги...
http://sites.dmi.rs/personal/dolinkai/tb/omiljeni.pdf
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 23:01 ---
!
Колку е остатокот ако го поделиме бројот 100 на степен 100 со 11?
!
100 = ( 99 + 1 )^ 100 : 11
Што значи остатокот е 1.
има и потешки задачи за остатоци при делење... ( конгруенции )

На пример
Колкав е остаток ако 2 на степен 1001, го поделиме со 11?
 
јаки ви се „мистерииве“ :pos:
51non.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom