Абе копиљ (етимологија на зборот копиле - вонбрачно дете) ај ти дај ми мене еден аргумент зошто да не е забранет.Ама не од типот демократски е, двајцата сакаат доброволно се впуштиле во инцест врска, ( кој ги е*бе нив они што доброволно се впуштиле мнозинството вели НЕ на тоа и крај и има да биде НЕ ).
Ај зошто гледам овде си доста паметен и наоружан со аргументи ти сега си на ред да образложиш научно зошто инцестот да биде легален, прифатен.
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 00:03 ---
Грешка инцестот не е забранет од црквата, црквата т.е. религијата многу подоцна го забранува инцестот вие разбирате или не инцестот е забранет многу оддамна уште во праисторијата значи човекот во еволутивниот развој на семејството сватил дека инцестните односи не се добри и ги забранил.Отворете социологија и прочитајте за историскиот развој на семејството.
Историски развиток на семејството
Промискуитет
Крвносродничко семејство
Семејство пуналуа - тука насатанува забраната за општење помеѓу браќата и сестрите од ист род
Матријархат
Синдијазмичко семејство
Патријархат
Моногамно семејство
Фунции на семејството: Биолошко - репродуктивна, Стопанско – економскa, Воспитно – образовна,Заштитна функција,Социјализаторска функција, Емоционална и културна функција
дивјаштво – групен брак
орда = промискуитет
брак на крвно сродство = сексуални односи помеѓу генерации - прва забрана, едногамен
пуналуа = забрана за сексуални односи помеѓу браќа и сестри - втора забрана, егзогамен, генс, јадрото на генсот е жената
Варварство
синдијазмички брак (брак на двојки) - преоден облик од групен во моногамен брак, издвојување на двојки во постојани односи, улога на мажот - патријахален генс
полигамија – индивидуално семејство, покрај главната жена мажот има и други
моногамно семејство
цивилизација
моногамија – голем историски напредок, до современото индустриско општество основниот вид на моногамија е моногамното патријахално семејство
моногамното патријахално семејство – антика, феудализам, капитализам
Девојче, не така одамна и црнците беа робови. Ако веќе зборуваме.
Хомосексуалноста е добро позната одсекогаш на пример, дури и била најнормална појава.
Инцестот и те како е присутен меѓу кралските семејства, за зачувување на ,,добрата крв,,.
Денес знаеме дека од инцест се големи шансите да има дефектно потомство. Затоа и јас сум да не се дозволи ни под разно таквото потомство.
Не е битно кога е откриен инцестот - од аспект лош е, ама факт е и дека во почетокот (според Библијата, нали), инцестот бил неопходен (инаку.... Каин и Авел, со кого ли се размножуваа), итн.
Не знам како не успеа до сега да ме разбереш.
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 01:06 ---
Тогаш? Ете го одговорот на прашањето. Има зошто и како, не е туку така донесена одлуката. Има лоши последици тоа е факт. Затоа и либералноста овде е сосем непотребна.
Види, според АПА и мастурбацијата е пореметување во сексуалниот нагон. Па ајде..... прачката и по раце.
Одлуката апсолутно нема врска со АПА и нејзините дефиниции што е а што не е пореметување, одлуката има сосема други корени. Далеку пред постоењето на АПА.
Единствена причина поради која таквата одлука, низ вековите наназад постои, е дефектното потомство и ништо друго.
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 01:13 ---
Еве прво да ти одговорам.
Не можеш да ги ставиш сите религии во ист кош. Секоја е против секоја. На светско ниво атеизмот воопшто не е малцинство. На сведско ниво атеистите се трети по бројност, и се далеку од малцинство, после нив има уште стотици религии и религиоиди секоја раскарана со секоја+1.
И не, воопшто не мислам дека грешам, затоа што оние кои би требало да претставуваат мнозинство всушност мегу себе се расцепкани до атомско ниво и не се целина.
ОН
Значи како што претпоставував, и ти не би била срекна да се случи тоа. Но зошто? Те повредуваат?
Самите сте си контрадикторни со себе. Сами со себе не се согласувате. Феномен.
Јас сум самата атеист, не мора да ми објаснуваш што е и како е, знам.
Во Македонија, мнозинството е православно христијанско.
Батали светски рамки, ајде дома да видиме. Зошто не си како нив, а зошто си поинаков? Дали грешиш?
Немој, расцепкани се, вакви се, такви се. Моментално, во САД,изгласаа да во една држава можеш да купиш легално марихуана, во соседната е противзаконско.
Некои од државите имаат смртна казна, некои не, а некои имаат хомосексуални бракови, некои не.
Ете и тие се расцепкани, па си тераат како една земја и понатаму.
Ти го посочив примерот со религиозноста, пошто ти се декларираше, во овој случај, како различен.
Сигурно постојат и многу други ситуации.
Не е поентата да се претопиш со мнозинството. Убаво е да имаш свои ставови, ама поткрепи ги. Не можеш да кажеш дека е нешто во ред само затоа што мнозинството мисли така.
Или еве, како атеист те прашувам:
Дали мнозинството во Македонија, кое верува дека Исус е нивниот Бог, и дека еден ден ќе ги спаси, е во право?
Дали само затоа што е мнозинство, е во право?
Тоа што нам ни изгледа грозно, не значи и дека можеме да го забраниме.
Инцестот се случува од секогаш и ќе постои засекогаш. Нема да го искорениме.
Можеме само да ги намалиме штетните последици од него, нек си праат заедници и бајрам на паметот, ама под строга контрола. Сакаш брат ти маж да ти биде? Бујрум, ама деца аш. Од НАУЧНИ причини.
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 01:17 ---
Ова сега што го пишував не го мислам конкретно за особата што си и реплицирал, значи не се однесува на Пума . Друже гледам еден куп мажи се собрале тука да бранат инцест и да подржуваат легализација на инцест бракови . Не се тоа либерали, ниту wannabe либерали. Све се тоа Едиповци до еден, нека не ми се закачуваат на овој пост да ми објаснуваат криви дрини немале едипов комплекс ова она, тоа нека го остават за мајките кога ќе ги фатат у соба како се самозадоволуваат гледајќи на пц инцестуозно порно, за кое се шокирав колку многу е распорстрането по интернетов.
Друже, а јас да ти кажам дека лично не можам да гледам порно со хомосексуалци, па посебно не со лезбејки, си сакам мажи и одвратна ми е помислата на мене и уште една жена.
Арно ама, до смрт ќе ги бранам хомосексуалците и со нив ќе гинам за нивните права, ако треба.
Грозна е помислата на мене и уште една жена, грозна е и онаа на мене и било кој член на моето семејство, ама секого ќе го бранам да живее онака како што сака, до последно.
Се додека, тој некој, не го пречекори мојот праг на толеранција.