Туршија, гордост на секој македонски дом

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
plus zeleni mali lubenici., koma....
Ауф, колку ракија крепи ова, заедно со бамја и боранија туршија...

Мераклија сум на вакви работи, па редовно во прајме салата пред ручек. На зима се знае, расол и туршија :), со таа разлика шо кај мене пола од туршијата оди во лутите пиперки (јадиме луто со братми и татко ми), па имаш лут карфиол, лути моркови, лути домати... мераци! Едвај чекам да се стори годинешната.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.225
Поени од реакции
34.518
Дали имате пробано да ставите цели главици кромид во туршијата?
Првпат пробав вчера, има интересен вкус :)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
До кај ви е туршијата годинава? Стасана ли е?
Мојата пред малку ја пробав, за мерак :icon_lol:
Па како иде со
:pipi:

Ако му треба на некој рецепт за туршија, убава, крцкава и не многу кисела еве од мене ;)

Пo желба набавете си краставички, карфиол, пиперчиња, патлиџан, морков.
Кога ќе бирате производи за туршија гледајте да се тазе - цврсти. Пред да ги ставите во тегли/буренце убаво измијте ги. Морковите убаво исчистете ги, исто и карфиолот.
За да не губите време подгответе го солилото, па додека ја редите туршијата тоа нека се топи.
Редете во одбраната амбалажа како ви е мерак. Кога ќе стигнете до крајот, ставете по неколку зрнца бибер и неколку ливчиња целер, па полнете со солило. На крајот ставете пластична решетка за тегли/буренца за да биде туршијата целосно покриена. Убаво затворете и оставете ја туршијата 10-15 дена да стаса. После тоа уживајте во нејзиниот вкус :)

Еве и рецепт за солило кое можете да го користите за туршија, кисели краставички и црвени пиперки во тегла

Потребни состојки за солило:
- 400 гр. шеќер
- 200 гр. сол
- 3 литри вода
- 1 литар алкохолен оцет 9 %
- 1 кесичка винобран
Подготовка:
Во длабок сад најпрво ставете го шеќерот, па солта и полејте со ладна вода. Оставете да се стопат, неколку пати промешајте. Потоа додајте го винобранот и мешајте убаво, па истурете го оцетот.
Доколку не ви стаса солило за да ги покриете состојките за туршија, тогаш доправете уште според рецептот.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Не сум љубител на туршиjа. Мразам кисело во глобала :) Вкусни ми се само закиселените лукчиња што се ставаат во пегланите пиперки
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
14
Поени од реакции
10
Основно за македонска зимница. Туршија и ајвер мора да има другото и не е толку битно :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ајвар, не ајвер. ме им попушчаме на словенцине и бугарине. Мие први со га праиле.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
14
Поени од реакции
10
Какви словенци и бугари. Во мојов град се знае ајвер-така го викале моите родители баби и дедовци. И еве веке трета година се одржуваше Ајверијада ;)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ауф, колку ракија крепи ова, заедно со бамја и боранија туршија...

Мераклија сум на вакви работи, па редовно во прајме салата пред ручек. На зима се знае, расол и туршија :), со таа разлика шо кај мене пола од туршијата оди во лутите пиперки (јадиме луто со братми и татко ми), па имаш лут карфиол, лути моркови, лути домати... мераци! Едвај чекам да се стори годинешната.
Mммммљааац....прајте луто...и јас...па послем...мммм...

Едвај чекам да биде готово, снег нема да падне нова ќе морам да ставам :)
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 20:22 ---
Какви словенци и бугари. Во мојов град се знае ајвер-така го викале моите родители баби и дедовци. И еве веке трета година се одржуваше Ајверијада ;)
Кој град?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Mммммљааац....прајте луто...и јас...па послем...мммм...

Едвај чекам да биде готово, снег нема да падне нова ќе морам да ставам :)
ќути не спомнувај... годинава кладовме и пеглани пиперки, секој ден 2 чашиња ракија и 1-2 пиперки (по чоек, а 3-ца пијачи сме дома), пола кантата летна. Туку татко ми го гледам ја спрема зелката, ќе прајме топла наскоро... бујрум :)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
ќути не спомнувај... годинава кладовме и пеглани пиперки, секој ден 2 чашиња ракија и 1-2 пиперки (по чоек, а 3-ца пијачи сме дома), пола кантата летна. Туку татко ми го гледам ја спрема зелката, ќе прајме топла наскоро... бујрум :)
Додека има црвени пиперки како за ајвар, земи исчисти ги од семки и дршки и во големи тегли реди ги со некое чешне лук, па полеј со горенаведеното солило. Остај 10 дена да стаса, па после принеси ракија и пиперка :icon_lol:
Ни печеш, ни гмечиш, ни оставаш 24 часа да отстои во солило :D
Повкусно и полесно подготвено пиперче тешко да најдеш.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Додека има црвени пиперки како за ајвар, земи исчисти ги од семки и дршки и во големи тегли реди ги со некое чешне лук, па полеј со горенаведеното солило. Остај 10 дена да стаса, па после принеси ракија и пиперка :icon_lol:
Ни печеш, ни гмечиш, ни оставаш 24 часа да отстои во солило :D
Повкусно и полесно подготвено пиперче тешко да најдеш.
Ова со солило за пеглани? Или за зелка?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Дали имате пробано да ставите цели главици кромид во туршијата?
Првпат пробав вчера, има интересен вкус :)
Ај подобјасни како се прај ова? И на шо личи од ко ќе се напрај?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.225
Поени од реакции
34.518
Ај подобјасни како се прај ова? И на шо личи од ко ќе се напрај?
Личи на кромид... Се прави како и обичната туршија, ништо специјално. Барем така мислам, затоа што не ја правев јас :pos:
Олимпија?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom