До кај ви е туршијата годинава? Стасана ли е?
Мојата пред малку ја пробав, за мерак
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
Па како иде со
Ако му треба на некој рецепт за туршија, убава, крцкава и не многу кисела еве од мене
Пo желба набавете си краставички, карфиол, пиперчиња, патлиџан, морков.
Кога ќе бирате производи за туршија гледајте да се тазе - цврсти. Пред да ги ставите во тегли/буренце убаво измијте ги. Морковите убаво исчистете ги, исто и карфиолот.
За да не губите време подгответе го солилото, па додека ја редите туршијата тоа нека се топи.
Редете во одбраната амбалажа како ви е мерак. Кога ќе стигнете до крајот, ставете по неколку зрнца бибер и неколку ливчиња целер, па полнете со солило. На крајот ставете пластична решетка за тегли/буренца за да биде туршијата целосно покриена. Убаво затворете и оставете ја туршијата 10-15 дена да стаса. После тоа уживајте во нејзиниот вкус
Еве и рецепт за солило кое можете да го користите за туршија, кисели краставички и црвени пиперки во тегла
Потребни состојки за солило:
- 400 гр. шеќер
- 200 гр. сол
- 3 литри вода
- 1 литар алкохолен оцет 9 %
- 1 кесичка винобран
Подготовка:
Во длабок сад најпрво ставете го шеќерот, па солта и полејте со ладна вода. Оставете да се стопат, неколку пати промешајте. Потоа додајте го винобранот и мешајте убаво, па истурете го оцетот.
Доколку не ви стаса солило за да ги покриете состојките за туршија, тогаш доправете уште според рецептот.