Заби и сѐ во врска со забите

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
Последниве 2-3 дена, два заба ми реагираат на ладно и почнуваат да ме болат. Крајните заба се, неможам да проценам точно кој број. Знам им имам ставено пломби на тие два заба, нема ни година поминато сигурно... Иначе двапати најдов дел од пломба у уста (мислам дека баш тие 2 заба се) пред 2-3 месеци. И тоа ми се случи при џвакање мастика. Може поради недостаток од пломбата, да реагира на ладното? Ама ете има поминато некој месец од паѓањето на дел од пломбата, а дури сеа ме фати.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
А каде можам да го најдам д-р Оливер Димитровски?
Мене овој ми правеше оперативен зафат на осмиците зошто беа сложени случаи, ти го препорачувам и јас.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Последниве 2-3 дена, два заба ми реагираат на ладно и почнуваат да ме болат. Крајните заба се, неможам да проценам точно кој број. Знам им имам ставено пломби на тие два заба, нема ни година поминато сигурно... Иначе двапати најдов дел од пломба у уста (мислам дека баш тие 2 заба се) пред 2-3 месеци. И тоа ми се случи при џвакање мастика. Може поради недостаток од пломбата, да реагира на ладното? Ама ете има поминато некој месец од паѓањето на дел од пломбата, а дури сеа ме фати.
Појди си навреме на доктор, ако сакаш мирно да си спиеш. Колку повеќе минува времето толку полошо ќе станува и за тебе и за самиот заб, сега додека е рано, оди да ја сменат пломбата.
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 02:47 ---
Па пред 2 месеца највеќе до 2 ипол и тоа кецот
Според твоите симптоми, ова не е некој краток период за адаптација. Навреме посети стоматолог, овде на форумот нема да ти помине болката. Јас сум сигурен дека пломбата не е ставена како што треба, па постои пукнатина која комуницира со надворешна средина и прави забот да реагира на дразби.
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 02:48 ---
Mене забот ми е никнат целосно.Значи тој е еднаков со другите заби не ми е погоре па да требит да го повлечам.Единствен пробем е што горниот дел е 'обраснат ' со непцево а кај другата двојка не ми е така.Сепак сега многу страшно испадна ова сечење и изгледа ќе си останам ваква :LOL:
Не ништо страшно, подобар доктор без проблем би требало да ја изврши интервенцијата.
 
Член од
1 јануари 2012
Мислења
193
Поени од реакции
31
Дечки дали е возможно белеење на мртов заб? Значи вака е ситоацијата... пред 1 и пол година имав инцидент и доведе до кршње на првиот заб од горната вилица. Значи беше поправен со пломба и пломбата не се познава али се познава кафеава боја до половина заб и е многу видливо...

Благодарам однапред :)
 
Може да се избели забот, но уште во почеток да ти кажам дека резултатите не се секогаш успешни. Бидејќи ти е кршен забот, претпоставувам и нервот ти е ваден, па во тој случај треба да се направи контрола на каналното полнење, доколку е се во ред се започнува со белење на забот. Постојат повеќе методи и начини, едниот е директно во ординација се поставува хидроген во забот, 10-20 минути се осветлува, по што се пломбира или се користи друго средство кое се остава во забот неколку дена со привремена пломба. Потоа доколку резултатите задоволуваат може забот дефинитивно да се пломбира.
 
Да, нервот ми е изваден а и каналот ми е полнен. Докторката ми го белееше со еден апарат валјда ласерско, ми го премачкуваше забот и ми го ставаше апаратот во уста и бев ко Daffy Duck. И по извесно време пак ми се направи забот сивко-кафеав. Иначе знам за ова со хидрогенот али има сличен случај со мојата тетка, скоро слична ситоација имавме и со хидроген белееше заб и по некое време и падна од гриз на кебап... од тој хидроген... а и успат мене повеќе пати ми има паднато пломбата и имам среќа шо не беше надвор од дома...
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
472
Поени од реакции
27
Дечки дали е возможно белеење на мртов заб? Значи вака е ситоацијата... пред 1 и пол година имав инцидент и доведе до кршње на првиот заб од горната вилица. Значи беше поправен со пломба и пломбата не се познава али се познава кафеава боја до половина заб и е многу видливо...

Благодарам однапред :)

А зошто кога ти е скршен едноставно не си ставиш керамичка коронка, и така забот ти е умртвен ништо не губиш а добиваш висока естетика засекогаш...поз
 
Член од
29 октомври 2012
Мислења
55
Поени од реакции
10

Може и још болје варијанта...бескерамичка коронка :)
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Да, нервот ми е изваден а и каналот ми е полнен. Докторката ми го белееше со еден апарат валјда ласерско, ми го премачкуваше забот и ми го ставаше апаратот во уста и бев ко Daffy Duck. И по извесно време пак ми се направи забот сивко-кафеав. Иначе знам за ова со хидрогенот али има сличен случај со мојата тетка, скоро слична ситоација имавме и со хидроген белееше заб и по некое време и падна од гриз на кебап... од тој хидроген... а и успат мене повеќе пати ми има паднато пломбата и имам среќа шо не беше надвор од дома...
Штом ти е еднаш белен забот и темната боја е повратена, тогаш шансите за повторно избелување се намалени, но и штетни за остатокот од забот, бидејќи тоа ја нагризува забната супстанца, ја троши. Се согласувам со мислењето на SoulFly да си изработиш порцеланска коронка, а уште подобро и на леана надградба (кажи и на докторката сигурно знае што е тоа). Тогаш ниту проблем со белење на забот, ниту кршење на пломба ни слично.
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 23:32 ---
Може и још болје варијанта...бескерамичка коронка :)
Може ако сака златен заб! Каква е таа бескерамичка коронка? :) можеби мислиш на безметална керамичка коронка :)
 
Член од
1 јануари 2012
Мислења
193
Поени од реакции
31
Значи кога сме кај коронките докторката ми рече дека не било убо да се стави коронка на лице под 18 години (јас сега ке полнам 16 во јануари). Иначе тоа што сакам да се добие е да нема разлика, да биде бел забот како другиот, можеми сосема мала нијанса не е проблем али вака се узнава... дури и кога ќе се смееш :( А и освем тоа те гризе совест, во секој момент би можело да ти падне пломбата...
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
472
Поени од реакции
27
Може и још болје варијанта...бескерамичка коронка :)

Бескерамичка ? :)
--- надополнето: 8 ноември 2012 во 00:38 ---
Значи кога сме кај коронките докторката ми рече дека не било убо да се стави коронка на лице под 18 години (јас сега ке полнам 16 во јануари). Иначе тоа што сакам да се добие е да нема разлика, да биде бел забот како другиот, можеми сосема мала нијанса не е проблем али вака се узнава... дури и кога ќе се смееш :( А и освем тоа те гризе совест, во секој момент би можело да ти падне пломбата...

Може за неа не е добро пошто ти наплака убава пара за белење (тоа го зборам пошто имав прилика да слушнам од женска особа млада која исто така белеше заб кој беше умртвен и по неколку месеци истата нијанса се вракаше,а кога ми кажа цена колку плакала за белењето и накави специјални пасти од стол да паднеш) така да млад/стар кога се мора се става...
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Значи кога сме кај коронките докторката ми рече дека не било убо да се стави коронка на лице под 18 години (јас сега ке полнам 16 во јануари). Иначе тоа што сакам да се добие е да нема разлика, да биде бел забот како другиот, можеми сосема мала нијанса не е проблем али вака се узнава... дури и кога ќе се смееш :( А и освем тоа те гризе совест, во секој момент би можело да ти падне пломбата...
Шо има веза, ако забот ти е целиот изникнат, нема никаков проблем да се направи една леана надградба.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Има ли некое ефикасно средство за белење на забиве?
Друго прашање, заболекарот ми рече дека коронките за предните заби не биле препорачливи пошо можело непцето да се подигне и лошо да изгледа? Вакво нешто често се случува?
 
Wow, непцето да се подигне???? Mалку сум збунета, па ако убаво налегне под непце коронкта и ако пациентот одржува добра хигиена НЕМА ДА СЕ ПОДИГДЕ !!!
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Wow, непцето да се подигне???? Mалку сум збунета, па ако убаво налегне под непце коронкта и ако пациентот одржува добра хигиена НЕМА ДА СЕ ПОДИГДЕ !!!
И јас сум збунет затоа прашав незнам колку често ова се случува и после колку време?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom