Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Не претпоставив дека е множење, а изгледот е (x+1)(y+1)(z+1)=243? Ако е така 243=3^5=9*9*3 или x,y и z се 8,8,2 или 2,2,26
Еве каде си утнал.
(x+1)(y+1)(z+1)=x*y*z + x*y + x*z + y*z + x + y + z +1

Затоа за да ти биде исполнет условот додај 1 и на 243 т.е.

(x+1)(y+1)(z+1)=244

Е сега со три множители до 244 се доаѓа со броевите 61*2*2 ( 61 е прост број ако не се лажам, така да нема друга комбинација) што значи x, y и z се: 60, 1 и 1

За проверка x*y*z + x*y + x*z + y*z + x + y + z= 60+60+60+1+60+1+1=243
 
Да... да...

Ајде лесна е, само требе малку да се видоизмене изгледо на целио израз од левата страна.
немој да го даваш решението додека не се предадеме
 
Колку што разбрав трите броја треба да се различни, кај тебе y и z ти се исти.

Еве најди 3 множители кои ќе дадат производ 244. Освен 61, 2 и 2 друга опција е 122,2 и 1, ама па така z ќе има вредност 0 што не е природен број. Трета опција не гледам.

Едит: ОК тоа било решението.
 
Најлеснио начин е да го разделеш на прости множители изразо од левата и десната страна, и решението после е елементарно.
Браво на сите шо се уклучија.
--- надополнето: 8 ноември 2012 во 19:59 ---
наградата оде за Колеунас Ориевичиус.
 
може да се исти... Да тава е решението.

Luki, си ме разочарал. Го имав тоа решение ама не го земав во предвид затоа што обично x, y и z означуваат различни броеви. Друг пат ваков превид да не ти се случи ;)
 
“Најди ги сите тројки на броеви (х,у,z)“ Ако напишеех оти првио и третио са исти, ептен ја олеснува работата.. Требало да напишеш решението бе човек...
Ајде моралната победа оде за тебе.

Иначе тие се бројките, ама ние ги тераме сите комбинации у задачата...
 
Така е... Беше ја речиси решил он. Три пати проверувах јас да не сам грешка со мојто решение. На крај текна ми оти има само парни броеви дадено, а резултато е непарен.
--- надополнето: 8 ноември 2012 во 20:09 ---
Luki, си ме разочарал. Го имав тоа решение ама не го земав во предвид затоа што обично x, y и z означуваат различни броеви. Друг пат ваков превид да не ти се случи ;)
Иначе јас се чудеех, зашо не си напишал решение. Обично ептен брзо ги средуваш... Извини, оште еднч.
 
Еве една многу полесна задача за да се одморите од вчерашната борба.
Ако се соберат природните броеви од 1 до некој природен број х, се добива трицифрен број со еднакви цифри.
Кој е бројот х?

Помош: За тие што ја заборавиле, формулата за пресметување на збир на природни броеви од 1 до х е:
х*(х + 1)/2
 
Еве една многу полесна задача за да се одморите од вчерашната борба.
Ако се соберат природните броеви од 1 до некој природен број х, се добива трицифрен број со еднакви цифри.
Кој е бројот х?

Помош: За тие што ја заборавиле, формулата за пресметување на збир на природни броеви од 1 до х е:
х*(х + 1)/2

x=36
36*(36+1)/2 = 666 :)
 
Ако збирот на цифрите на еден трицифрен број се помножи со 36, се добива истиот тој број?

Јас најдов еден таков број: 648
( 6 + 4 + 8 ) * 36 = 648
Дали постојат и други трицифрени броеви со оваа особина?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom