Веќе некое време ги читам темиве што ја зафаќаат оваа содржина. Ова што го пишувам, го пишувам исклучиво од мое име и од мое искуство. Никогаш не ми правело разлика кој од каде доаѓа, пошто секој се труди да стигне таму каде мисли дека ќе му биде најдобро или барем подобро од досегашното. Али, во последниве година -две, буквално каде и да се свртам, све што слушам е навреди за мојот град. Те Скопје било прљаво, те било пренаселено, те скопските девојки биле овакви, па онда онакви, па исто и скопските дечковци, па правите скопјани више не постоеле, те смрдело, те немало чист воздух, па луѓе се гушеле, па го мразеле и така во недоглед. И сите овие муабети се кажани без и најмала провокација од моја страна.
Земено све ова у предвид, кој кого навредува? Кој е непристоен во случајов? Тој што дошол во туѓ град и константно го плука или тој што си го брани своето? Немам намера да се препукавам, али не може да очекувате дека ќе ни го направите градот подоле од гомно и дека ние мирно ќе си ќутиме. А тоа дека „провинцијалците“ и утре ќе бидат во Скопје, што се однесува до мене - нема проблем. Али би било фино да бидат попристојни према градот што некој си го смета за свој и што си го сака баш ваков каков што е.