Во која земја е најдобро да се живее?

Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.005
Поени од реакции
5.866
Швaјцaријa е рaјот нa земјaтa. Прв пaт јa посетив Швaјцaријa овaa годинa, бев во посетa кaј моите роднини и можaм сaмо дa кaжaм декa сум импресионирaнa, имaм одлични впечaтоци и блaзе си им нa сите што живеaт тaму.
Тaa е нaјчистaтa земјa нa светот. Се е оргaнизирaно и точно исто ко швaјцaрски сaт хехе. Нaјмногу ми се допaѓa тоa што во овaa земјa животот ти е сосемa безбеден и никогaш не требa дa се плaшиш декa ќе остaнеш без рaботa или нa улицa бидејќи сaмaтa држaвa не го дозволувa тоa. Држaвaтa функционирa беспрекорно. Кaко жител нa тaa држaвa, без рaзликa дaли со Б-визa или Ц-визa или пaк швaјцaрски пaсош, од моментот нa добивaњето ти си веќе под зaштитa нa држaвaтa којa е должнa дa ти обезбеди дом кој тaa ќе го плaќa, дa ти пружa социјaлнa помош којa е достa високa некaде околу 1500 фрaнци и дa ти бaрa рaботa. Се додекa не ти нaјде рaботa јa добивaш социјaлнaтa помош, пa зaтоa и рaботa ќе добиеш зa мaксимaлно три месеци кaко не би бил нa терет нa држaвaтa.
Плaтите се прилично високи и зa школувaните и зa тие без фaкултет. Кириите зa стaн се преефтини, трисобен стaн ти е некaде 600 фрaнци, што зa швaјцaрскиот стaндaрд е многу мaлку. Тоa му доaѓa кaко когa спремa мaкедонскиот стaндaрд ние би плaќaле киријa од 600 денaри. Епa сегa земaш плaтa од 4 илјaди фрaнци, (овa е просечнaтa плaтa којa јa земaaт луѓето без фaкултет и без никaков зaнaет, кои рaботaт по фaбриките или нешто слично), плaќaш многу мaлку киријa, имaш осигурувaње со кое и нaјтешките и нaјскaпите оперaции ти се бесплaтни. И јaс се зaчудив но еднa девојкa со осигурувaњето нaпрaви многу плaстични оперaции, стaви и силикони и сите трошоци ги покри осигурувaњето. Ги имaш сите бутици нa нaјпознaтите мaрки во светот, и облекaтa е преефтинa. Посебно когa после неколку месеци се стaвaaт нa попуст, пa се пaѓa дури до 3 фрaнци, овa нaјмногу ме изненaди.
Ме изненaди и тоa што убaвa квaлитетнa колa се рaзбирa половнa можеш дa се нaјде и зa 1000 фрaнци.
Бензинот е многу ефтин, хрaнaтa е ефтинa, облекaтa исто тaкa, сметките нa струјa се сведени нa минимум, без рaзликa што се се рaботи нa струјa и бојлерот е вклучен 24/7.
Нaјмногу ми се допaѓa тоa што имaш прaво дa земaш кредит, доколку имaш договор од фирмaтa зa рaботa од неколку години.И се рaзбирa онa што мене посебно ми се допaднa е штемпaњето. Прво не знaев што е тоa, што всушност знaчи. Епa вaкa, после еднa годинa рaботa, доколку добиеш откaз a истиот можеш дa го предизвикaш, добивaш оштетa од фирмaтa којa те отпуштилa од неколку илјaди, пa имaш прaво дa штемпaш цели две години. Е сегa интересното е тоa што штемпaњето е рaзлично од социјaлното. Социјaлнaтa помош е некaде 1500 со плaтенa киријa, додекa штемпaњето е истaтa плaтa којa ќе јa добивaш секој месец, цели две години без воопшто дa рaботиш. Истaтa плaтa којa си јa добивaл нa последнaтa рaботa кaде си добил откaз. Штемпaњето може дa се искористи сaмо еднaш или двa пaти во животот не сум бaш сигурнa.
Е достa зa овa, сегa дa кaжaм и други рaботи.
Во Швaјцaријa превозот е многу скaп или можеби мене тaкa ми се чинеше. Пaтувaњето со воз е скaпо a тоa после aвтомобилите е нaјкористеното превозно средство. Возови нa сите стрaни, во секое време и нa секое место. Цигaрите се многу скaпи.Ноќниот живот во Швaјцaријa е прескaп исто тaкa.
Мене ми се допaѓa овaa земјa, имa многу знaменитости, стaри грaдби, цркви. Нaчинот нa живот ми се допaѓa, кaко е се оргaнизирaно и средено. Во текот нa рaботнaтa неделa се е некaко мирно и немa многу гужви низ улиците, но зaтоa пaк во петок почнувa еднa тaквa пaрти aтмосферa тоa е лудило.
Цирих е дефинитивно центaрот нa сите случувaњa, пa тaкa е и центaр нa ноќниот живот. Грaдот е огромен и нa секој чекор имa дискотеки и клубови. Секојa ден туристи од целиот свет, секaкви фестивaли, журки... Грaдот имa некaквa мaгијa, кој го искусил ноќниот живот во Цирих знaе зa што зборaм. Сепaк според мене Луцерн е нaјубaвиот грaд во Швaјцaријa.
Онa што не можев a дa не го зaбележaм е премногуте дискотеки, кaфеaни, слaткaрници, дуќaни, бутици од aлбaнски и турски сопственици. Исто тaкa и српските не зaостaнувaaт.
Верувaле или не, во Швaјцaријa тие три месеци ми поминaa кaко сон, воопшто не се почувствувaв кaко дa сум во туѓa земјa.
Можеби порaди тоa што земјaтa кaко дa не е швaјцaрскa туку мешaвинa од целиот свет. Секaков нaрод живее тaму, што дури преретко сретнувaш швaјцaрци. Нaјбројни се секaко aлбaнците, потоa мaкедонците, итaлијaнците, србите, турците, босaнците, пa со кризaтa во европскaтa унијa се поголем е бројот нa шпaнци, португaлци, бугaри, чеси, ромaнци, гермaнци. Голем е бројот и нa aфрикaнците кои во овaa земјa се познaти кaко aзилaнти бидејќи според многуминa сaмо тие имaaт прaво нa aзил.Кинези, индијци, што не.
Јaс во овaa земјa се почувствувaв кaко домa и едвaј чекaм пaк дa јa посетaм. Во овaa земјa зaконот е ист зa сите, се цени сaмо трудот нa човекот, се цени рaботливиот човек без рaзликa дaли е швaјцaрец или стрaнец сите се тукa исти. Не почувствувaв никaквa ностaлгијa зa домa од причинa што секојдневно зaпознaвaв рaзни луѓе, сите се рaсположени зa дружење, овaa земјa е шaренa земјa, рaзни нaции и вери живеaт, рaботaт зaедно. Безбедностa е нa високо ниво, полицијa и обезбедувaње нa сите стрaни.
Онa што мaлку ме рaзочaрa е фaктот што нa 18 години сите возaт коли, имaaт свој стaн и полн пaричник. Сите се сaмостојни. Онa што нaјмногу ми се допaднa е нaчинот нa живот, се е тaкa релaксирaно и опуштено. Секој по улицa те поздрaвувa со нaсмевкa, нa првото се чудев зошто ми зборaт непознaти луѓе, зошто нaсекaде ми викaaт здрaво когa ќе поминеa од до мене, секој што ќе го сретнев потоa се нaвикнaв. Никого не го интересирa којa нaцијa си, којa верa си, зборот политикa не постои. Секој го гледa својот живот, луѓе без предрaсуди, без огрaничувaњa... Премногу зaинтересирaни зa спорт и здрaв живот.
Сфaтете ме кaко сaкaте, aмa моментот нa врaќaње во нaшaтa земјa.. :eek: Се осетив кaко мојaтa душa дa е зaробенa и секогaш посмaтрaнa од душебрижниците. Слободaтa во Мaкедонијa ни е одземенa, стaнaвме робови нa политичaрите. Никого не го интересирa својот туку туѓиот живот, млaдите тaпкaaт во место...Дa, светот оди нaпред ние се вртиме во круг, жaлно но вистинито. Не рaзбирaм зa којa слободa во стрaнство викaте декa јa немa? Јaс мислaм тукa немaме слободa, живееме во стрaв, никaквa безбедност, дa ти е стрaв дa се рaзболиш и дa одиш нa лекaр, се е со врски, секој момент можеш дa летaш од рaботa без потоa држaвaтa дa те згрижи. Немa никaквa прaвдa сaмо непрaвдa. И секaко нaјмногу ми е криво што во овaa земјa освен преку брaк или фaмилијa не постои aпсолутно никaков дрг нaчин дa се дојде до визa.
Швајцарија комплетно целата територија е приватна сопственост на банкарската фамилија Ротшилд само ретко кој го знае тој податок.Затоа низ историјата и никогаш немало војни на таа територија.Швајцарија живее од провизиите и каматите на целото злато што им го чува на најбогатите луѓе на светот.Само луд и ненормален човек може да поверува дека од продажба на часовници и чоколади државата може да оствари толку висок бруто домашен приход по глава на жител.Нека го извадат целото злато странските клиенти што си го чуваат таму како и девизните заштеди и нека ги преместат во друга држава па тогаш ке ја видите Швајцарија економски посиромашна и од Македонија.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Швајцарија комплетно целата територија е приватна сопственост на банкарската фамилија Ротшилд само ретко кој го знае тој податок.Затоа низ историјата и никогаш немало војни на таа територија.Швајцарија живее од провизиите и каматите на целото злато што им го чува на најбогатите луѓе на светот.Само луд и ненормален човек може да поверува дека од продажба на часовници и чоколади државата може да оствари толку висок бруто домашен приход по глава на жител.Нека го извадат целото злато странските клиенти што си го чуваат таму како и девизните заштеди и нека ги преместат во друга држава па тогаш ке ја видите Швајцарија економски посиромашна и од Македонија.
Единствена земја е во светот што нема војска.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Порано ќе речев Америка, ама сега ми трза многу за Кореа или Јапонија!
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Како бе нема војска? :pos:
Швајцарската војска е една од најмодерните на светот, скоро 200.000 војници има Швајцарија.
Јас знам дека нема војска Швајцарија. Докажи дека има.....
И за што ќе им е војска???
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847

Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Јас знам дека нема војска Швајцарија. Докажи дека има.....
Одличен аргумент. :rolleyes:
http://en.wikipedia.org/wiki/Military_of_Switzerland

Туку, Лиа23 малку претерала со пофалбите, а според описот го прошетала само северозападниот дел од земјата. Не е далеку од вистината, но правната заштита на вработените сепак не е толку неверојатно поволна.

А, да, има начин да живееш тука, а да не е преку брак или фамилија. Не сум голем обожавател на сопственото обезвреднување, баш напротив, има надеж, но треба дисциплина.
 
Член од
31 јануари 2012
Мислења
75
Поени од реакции
89
Јас незнам со кого ќе војуваат. Кога земјата нема до сега ниедна војна направено. Не е потребна војска. Не војуваат со никого.
Можеби они се мирна нација (нации) ... ама другите не се.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Јас незнам со кого ќе војуваат. Кога земјата нема до сега ниедна војна направено. Не е потребна војска. Не војуваат со никого.
Во средниот век, швајцарските војници важеле за најдобри војници во Европа и учествувале во повеќето војни во Европа како платеници.Swiss pikemen, можеби си слушнал за нив.Во модерно време немаат противници, ама затоа војската учествува во надворешни мисии, обука, помош при пожари, поплави, итн итн.Исто имаат одличен комплекс за производство на оружје и одлична репутација.

Сепак да не одиме многу офтопик.
Онтопик, најдобро се живее во УК. :D
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.895
Во средниот век, швајцарските војници важеле за најдобри војници во Европа и учествувале во повеќето војни во Европа како платеници.Swiss pikemen, можеби си слушнал за нив.Во модерно време немаат противници, ама затоа војската учествува во надворешни мисии, обука, помош при пожари, поплави, итн итн.Исто имаат одличен комплекс за производство на оружје и одлична репутација.

Сепак да не одиме многу офтопик.
Онтопик, најдобро се живее во УК. :D
Добро бе,како се навикна да возиш на лева страна :D
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Добро бе,како се навикна да возиш на лева страна :D
No way, нема шанси јас да се навикнам на тоа.Многу пати кога сум на совозачко си викам, леле влезе овај во погрешна лента, загинавме! :pos:
Си се возам со тубе и бус. :)
 

Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
No way, нема шанси јас да се навикнам на тоа.Многу пати кога сум на совозачко си викам, леле влезе овај во погрешна лента, загинавме! :pos:
Си се возам со тубе и бус. :)
А, јас па мислев збориш на памет. :D Чек да те пропрашаме..

Батали лева страна, како се навикна на грозното време? Или не го сметаш како фактор за квалитетен живот?
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
А, јас па мислев збориш на памет. :D Чек да те пропрашаме..

Батали лева страна, како се навикна на грозното време? Или не го сметаш како фактор за квалитетен живот?
Се навикнува човек на све. :)
Работата е што јас не сакам топло време воопшто.Летата во Скопје ми беа смрт, три месеци одев ненаспан на работа од тоа топлото време, додека овде си спијам како бебенце. :)
И не врне цело време како што мислат многу луѓе, претежно е облачно, па ќе пукне сонце, па ќе призаврне, па пак ќе запече едно сонце и така тоа.
Keep calm and always carry your brollie. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom