Обама официјално победник. Сигурно слави вака:
![]()
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 10:52 ---
Едвај чекам да ги видам реакциите на тие што се палат на Америка и нивната политика и што се против марихуаната...
Да ставиме и тон

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Обама официјално победник. Сигурно слави вака:
![]()
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 10:52 ---
Едвај чекам да ги видам реакциите на тие што се палат на Америка и нивната политика и што се против марихуаната...
Не мислам дека Рон Пол нешто направи, и дека нешто промени. Мислам дека го доживуваат како чудак и во самата партија. ГОП никогаш нема да понуди таков профил на кандидат за претседател.
Типчиња како Рон Пол ќе добијат на избори кога Робин Худ ќе стане градоначелник на Нотингам наместо шерифот. И мене ме бендисува човекот, ама нема шанси покрај овие два блока, имено поради причините кои ги набројав.
Не го бранам Обама, ниту мислам дека е супер, а Нобеловата награда е лакрдија. Ама од онаа селска будала Џорџ Буш наследи црна финанска дупка. Во такви услови, кого сакаш стај го да биде престедател, ќе има бајаги тешка работа. Во Америка се чувствуваат разлики кога Буш беше претседател и кога дојде Обама.
Од тројката Кенеди, Реган и Клинтон, овој во срединава е тотален идиот. Тоа што Реган беше одличен популистички оратор и забвљач, нема врска со неговата способност како претседател. Него му легна како кец на десетка исцрпениот СССР. За Кенеди и Клинтон се саглам.
Ромни ти делува претседателски. И мене ми делува. Фина фризура има. Импресивен си-ви. Ама, не гледам огромна разлика во квалитет. Башка, ако идеме на победа со драпања за абортус, хомо бракови, традиционални вредности, патриотизам, тури му пепел. Од последниве претседатели, едионствено Клинтон, според мене, имаше саглам економска програма и фокус на економијата и развојот. Другиве се сите talking heads.
Вие си бевте со Обама, ама ние сме за Ромни... Нас не ни е баш до веселба.(се шалев)
Помошта за одредени индустрии која беше одобрена во последниот мандат на Буш помладиот истекува оваа година, сега Обама и демократите ќе треба да покажаат познавње на американската економијата. Досега се расправаа за абортусот и за здравството, а сега ја има целата економија на врат. Обама за минатиот мандат беше поддржан од Вол стрит оваа година поддршката беше за Ромни, ќе има чистка и таму. Обама е за повлекување од Блискиот исток, значи затворање на многу работни места во војската, а со тоа и доослабување на Америка на глобален воен план. На сметка на воените повлекувања демократите ќе ја зајакнувале администрацијата, а нивната администрација е способна исто колку нашава, а во школскиот систем се милиони сетлосни години зад нас.
С`е на с`е убаво што победи Обама. Нека видат што е расизам сега, а не нас овде да ни кажуваат за демократија. Демократија не е само да избереш на висока функција некој дилбер од некоја малцинска група.
Реизборот на Обама е одлична вест за Џорџ Буш помладиод. Со реизборов на Обама ќе може да се направи една паралела помеѓу двата претседатели. Иако историјата кон Барак Хусеин Обама ќе биде повеќе наклонета, сепак сметам дека Американците набрзо ќе си ја увидат грешката за сите навреди кон Буш.
Имаше црна дупка со невиден буџетски дефицит која тешко се полни ако нема контрамерки. Нејсе. Економистите (оние кои не настапуваат од позиција на политичко лоби) можат да понудат компетентна анализа за учинокот на Џорџ Буш и Обама.Обама наследи огромна финансиска дупка од легендата Буш, но многу аналитичари сметаат дека економијата врви низ циклуси кој не се баш подложни на менаџирање. Мислам дека Буш (покрај несомнениот идиотизам со кој располагаше) ја имаше таа несреќа да го јавне погрешниот економски талас, а после него економијата можеше само нагоре да тргне. Обама го начека моментот на заздравување, но не мислам дека тој лично и неговата администарција се кој знае колку заслужни. А и не може да се каже дека се случи драстичен раст. Сега ти си таму, и можеш подобро од мене да судиш за секојдневниот живот, моите заклучоци се сепак посредувани...
За имиџот, да, се согласувам, Ромни баш делува претседателски, онака архетипски американски претседател. Но ќе се сложиш дека човекот е финансиски гениј, и дека се покажал мега успешен кога менаџирањето на комплексни системи е во прашање...
Дрвењето за абортуси, хомосексуалци, традиционални вредности е дел од фолклорот на американските избори, и тешко дека било кој републикански кандидат може да избега од тоа...
вива ла Ристо и неговиот ресторан ВергинаМакедонците во УСА секогаш ќе гласаат за републиканците !вива ла Ристо Гуштеров
Имаше црна дупка со невиден буџетски дефицит која тешко се полни ако нема контрамерки. Нејсе. Економистите (они кои не настапуваат од позиција на политичко лоби) можат да понудат компетентна анализа за учинокот на Џорџ Буш и Обама.
Финаниски гениј е многу ласкава титула која не би ја доделил на Ромни. Берни Мејдоф е финансиски гениј кој веројатно опслужува некој напален црнец во затворот. Финаниски гениј ќе биде оној кој ќе го дотера доларот да биде евро и пол, како што беше. Многу малку има финансиски генијалци.
Еве како Ромни ги направил паритеЗа имиџот, да, се согласувам, Ромни баш делува претседателски, онака архетипски американски претседател. Но ќе се сложиш дека човекот е финансиски гениј, и дека се покажал мега успешен кога менаџирањето на комплексни системи е во прашање...
Морам да споменам дека ноќеска на анкетава горе 51-50 водеше Обама.
Сега 71.60 - буљашки народ, одпосле гласа, тибам демократија на кајганава![]()