Сакав да потенцирам дека е лажна од проста причина што „либералите“ на форумов се разбира во негативна конотација ќе бидеме први прозвани. Значи се бара декриминализација ( да не се казнуваат тие дела), а не легализација на бракови.
Во врска со темава, јас ќе се изјаснам исто како и во претходната од каде потекна и оваа дискусија.
Доколку две возрасни особи, со правилен раст и развој и свест имаат желба да стапат во однос, а се од една фамилија, јас незнам зошто би имала против нив. Ако планираат потомство свесни се дека медицински е докажано дека плодот ќе излезе со деформации. Тоа треба и сметам дека го знаат пред да стапат во однос. Ако имаат желба да му наштетат на сопственото дете, јас незнам како би ги спречила понатаму, освен да се посомневам во нивниот капацитет на размислување.
Незнам како им се раѓа привлечноста
Секој однос што е доброволен, помеѓу две возрасни особи кои свесно размислуваат, јас немам никаков проблем со тоа.