Законот на Телема

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ко Џурџефбљак си станал, хахаха.

Ве престпри во копии негови
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Ова песна напишана од Bruce Dickinson (front man на Iron Maiden) е инспирирана од „Книгата на Законот“ (Liber AL vel Legis) . Еве го и стихот:

Не плаши се, о пророку, откако овие зборови се изречени, ти нема да зажалиш. Ти си несомнено мојот избраник; и благословени се очите што ќе ги гледаш со задоволство. Но јас ќе те скријам во маска на тага: тие што ќе те видат ќе стравуваат дека си паднал: но јас те воздигнувам.“ - Liber AL, II:53

А еве ја и песната, со соодветен наслов, нормално, Брус Дикинсон е во прашање (тој направи и филм за Кроули):
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
The Dictator, како обожавател на Iron Maiden, сигурно знаеш дека многу песни на овој бенд се инспирирани од делата на Кроули (тој е Англичанец нели, како и членовите на бендот).
Revelations од албумов „Peace of Mind“ е една од тие песни.
Само разгледај ја „The Vision and the Voice“ и ќе знаеш што мисли со стихот: Just a Babe in a Black Abyss :) Исто и наредните неколку стихови се одлично врзани со „Книгата на Тот“, дело на Кроули за таротот.
Целата песна е поврзана со Јога(стихот „the venom that tears my spine“ e поврзан со кундалини и три и пол свитканата змија која лежи во муладара чакра), Тарот(Обесениот човек и Будала што се споменуваат во песната) и Магика(Бездната и нејзиното надминување) поврзани во една целина.
И нормално, The eyes of the nile are opening - you'll see , Хорус не смееме да го заборавиме. :love:

Последните стихови, ќе ги оставиме необјаснетни, премногу е за пишување а и не е тоа за вас. :sneaky:

Еве одиме со песната, поздрав до вас: Ipsissimus, The Magus, Алкарина, Darklady, Donald Sikert, Шкорпион, Ateist :


P.S. Moonchild песната од албумот „Seventh Son of the Seventh Son“ е исто така инспирирана од истоименото дело на Кроули.
P.P.S. Таман инфо за оние кои се занимаваат со „теории на заговор“.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266

Еве цитати за да ја доловите нормално смислата на песната. :pos:

Секој маж и секоја жена е ѕвезда!“ - Book of the Law, I:3
Дојдете, о деца, под ѕвездите и исполнете се со љубов!“ - Book of the Law, I:12
Тие ќе ги соберат моите деца во нивната прегратка: тие ќе ја донесат славата на ѕвездите во срцата на луѓето.“ - Liber AL,I:15
Зашто тој е секогаш сонце, а таа луна. Но кон него е крилестиот таен плам, а кон неа надвиената ѕвездена светлина.“ - Liber AL, I:16
. Сега, значи, јас сум ви позната по моето име Нуит,... Бидејќи сум Бескрајна Вселена, и Безбројните Ѕвезди во неа, правете и вие така. Не ограничувајте ништо! Меѓу вас нека не се прави разлика помеѓу нешто и што било друго;“ - Liber AL, I:22
Така имате ѕвезда и ѕвезда, систем и систем; нека едното не го познава добро другото!“ - Liber AL,I:50
Привикајте ме под моите ѕвезди! “ - Liber AL, I:57
Јас сум пламен што гори во срцето на секој човек, и во јадрото на секоја ѕвезда. Јас сум Живот, и дарител на Живот, но сепак спознавањето на мене е спознавање на смртта.“ - Liber AL, II:6
Ние немаме ништо со отфрлените и неспособните: нека умрат во својата беда. Оти тие не чувствуваат. Сочувството е порок на кралевите: згази ги бедните и слабите: тоа е закон на силните: тоа е наш закон и радост на светот. Не мисли, о кралу, за таа лага: Дека Мораш Да Умреш: навистина ти нема да умреш, туку ќе живееш... Сонце, Сила и Вид, Светлина; тие се за служителите на Ѕвездата и Змијата.“ - Liber AL, II:21
Јас сум сам: нема Бог каде што сум јас“ - Liber AL, II:23
Јас сум воздигнат во твоето срце; и бакнежите на ѕвездите се истураат силно по твоето тело.“ - Liber AL, II:62
Но запомни, о избранику, да бидеш јас; да ја следиш љубовта на Ну на ѕвезденото небо; да ги бараш луѓето, да им го кажеш овој радосен збор.“ - Liber AL, II:76
Completing the circle widdershins, retire to the centre and raise thy voice in the Paian...“ - Liber XXV (startripping :) )

Има премногу за цитирање, но мислам дека ова е доволно. Пробајте вие да најдете други врски со нашата философија и нашите свети книги, без разлика дали се философски или пракса.
Сега, уживајте во музиката и зборовите :)

П.С. Интересно е што се споменува Божица, а не Бог. ;)
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Човекот е книга напишана од внатре и од надвор,таа има наслов-име,внатре се запишани закони,правила,верувања,сеќавања,убави и лоши работи.
Од таа книга треба да изгорат сите букви,зборови и реченици додека вашиот ум не стане како туку што родено бебе..бела и празна книга.

Во таква состојба човек станува еден вид посредник помеѓу еден непознат свет и овој овде.
Од таа книга извираат зборови,но истите не може да ги запишете во таа со празни страни,затоа како олеснување истите се изговараат,а други ги запишуваат или самите ги запишувате.

Исто како кога човек има физиолошка потреба да се олесни-испразни.Па откако се испразни, пушти вода.

Тоа кое сега го промовираш како добра вест за некоја книга која сведочи за нечие духовно олеснување треба да се фрли во огин или пушти по вода.
Тоа можеби преставува за тебе некаква духовна храна или своевиден патоказ кон некаква духовност,па може ќе се почуствуваш гладен ако истата некој ти ја земе(уништи),а кога на човек ќе му се одземе храната што се случува?

Сите такви книги во огин,пушти ги по вода.

Знаеш каде завршува секој измет.


man-jpg--book-open-3-jpg.jpeg
човекот е книга
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Благодарност до сите што дојдоа денес на предавањето за Телема, Магика и Кабала...
Се надевам научивте нешто + и потикнавме кај вас многу прашања кои ќе сакате да си ги одговорите со учење и пракса....
Се гледаме во некоја наредна прилика.

93 93/93
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Благодарност до сите што дојдоа денес на предавањето за Телема, Магика и Кабала...
Се надевам научивте нешто + и потикнавме кај вас многу прашања кои ќе сакате да си ги одговорите со учење и пракса....
Се гледаме во некоја наредна прилика.

93 93/93
Следниот пат,наместо пенкала ,ќе ни давате јажиња или сами да си носиме? :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Следниот пат,наместо пенкала ,ќе ни давате јажиња или сами да си носиме? :)
Ти како и обично и тема грешиш кај што пишуваш, а сега како што гледам си го погрешил и предавањето.
Кој знае кај си се свлечкал и кој знае што и кој ти зборувал.
Ние не делиме пенкала ниту јажиња. Не знам кој те лажел...

Поделивме празно Дрво на Животот за да можат слушателите сами да го пополнат и научат нешто.
И научија... кој бил знае, кој не бил, лае.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Podelivte prazno drvo,od drugata strana so azbuka.

Aj shto podelivte prazno drvo,ama ne kazavte shto e plodot od toa drvo.
Sledniot pat viknete nekoja rok grupa,svitkajte po eden dzoing i vuala.Duhovno ke doprete do bozenstvoto.
Nitu prazni drva,penkala,777 .
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Podelivte prazno drvo,od drugata strana so azbuka.

Aj shto podelivte prazno drvo,ama ne kazavte shto e plodot od toa drvo.
Sledniot pat viknete nekoja rok grupa,svitkajte po eden dzoing i vuala.Duhovno ke doprete do bozenstvoto.
Nitu prazni drva,penkala,777 .
Не ми е јасно зошто некој би потрошил три часа за нешто кое го смета за "празен плод"......
 

Kajgana Shop

На врв Bottom