Секакви рецепти

Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Оти?
Јас праам чоколаден пудинг (малку потечен од обично) и му растопувам екстра млечно чоколадо за готвејне, сето се размешува убаво, и излева доста добро..
Туу бе, зашо мене не ме бива за ништо :( Ќе треба да вежбам
Баш ќе го пробам утре овоа да видам, само како да го направам потечен пудингот? Да го мешам помалку време и да не му дозволам да се згусне или...?
 
L

Luki Junior

Гостин
Туу бе, зашо мене не ме бива за ништо :( Ќе треба да вежбам
Баш ќе го пробам утре овоа да видам, само како да го направам потечен пудингот? Да го мешам помалку време и да не му дозволам да се згусне или...?
Не, нека си се згусне, само ќе му ставеш повеќе млеко од пропишаната доза. Јас го правам од око, (ако сака 500 мл млеко рецепто) јас му ставам 100-150 мл повеќе и му растопам 100 грама чоколадо...
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Не, нека си се згусне, само ќе му ставеш повеќе млеко од пропишаната доза. Јас го правам од око, (ако сака 500 мл млеко рецепто) јас му ставам 100-150 мл повеќе и му растопам 100 грама чоколадо...
Го направив и најверојатно ми успеа оти преубаво ее :vozbud:
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.166
Шпагети на сицилијански начин




Потребни состојки:
  • 400 г шпагети
  • 300 г домати
  • 200 г модри патлиџани
  • 5 лажици маслиново масло
  • 1 лажица пармезан
  • лук (по вкус)
  • босилек (по вкус)
  • сол (по вкус)
  • бибер (по вкус)
  • зачин од сув зеленчук (по вкус)
  • магдонос (по вкус)
Начин на подготовка:
1. Измијте ги модрите патлиџани, исечкајте ги на коцкички, посолете ги и оставете ги да пуштат сок. Олупете ги доматите, исечкајте ги во коцкички и додадете ги во садот со модрите патлиџани. Лукот исечкајте го многу ситно и оставете го да се динста со маслиновото масло 5 минути.
2. Потоа во тавчето додадете ги исечканите модри патлиџани и доматите, малку иситнет босилек, магдонос и другите зачини и динстајте уште 15 минути.
3. Шпагетите сварете ги во солена вода, исцедете ги и додадете ги приготвениот сос. Пред да ги послужите, посипете ги со пармезан или со рендан кашкавал. Пробајте нема да зажалите многу е вкусно
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Тиквени бухтли



Состојки


  • 25 гр. квасец
  • 50 мл. млака вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка брашнo
  • За тесто
  • 250 мл. пире од тиква
  • 250 мл. млако млеко
  • 1 полна лажица мед и 50 мл. зејтин
  • 4 лажици шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица екстрат од ванила или 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1/2 лажичка мускатно оревче
  • 750 гр. брашно
  • За премачкување
  • 50 гр. стопем путер или маргарин
  • За полнење
  • по ваш избор џем или мармалад кој го обожавате и имате
  • За посип
  • количината вие ке си ја одредите шеќер во прав
Подготовка

1. Квасецот ставете го во млаката вода, додајте шеќерот и брашното и оставете нека стаса.
2. Во млекото додајте го медот, шеќерот, загрејте малку да се сето тоа стопи, додајте го зејтинот, солта, ванилата и мускатното оревче, префрлете во садот во кој ќе месите.
3. Додадете го пирето од тиквата, стасаниот квасец и почнете да додавате од брашното, измесете го целото тоа. Треба да добието мазно и меко тесто, но да не се лепи на раката. Оставете го да стаса, па пак премесето го, оставете уште еднаш да стаса.
4. Префрлете го тестото на набрашнетата работна маса, измесете и поделете на 24 еднакви парчиња, од секое парче формирајте топчиња. Земате со рака едно од топчињата, сплескајте го, на средината ставете од џемот и затворете го тестото притоа повторно да добиетое форма на топче.
5. Кога веке сте ги оформиле, секоте топче умакајте во стопен оладен путер или маргарин и редете во модлатата. Оставете ги да стасат околу 15 мин. додека се загрее рерната на 200 степени. Печете ги 10 мин на оваа температура, а потоа намалете ја на 180 и нека се печат уште 15-20 мин.
6. Печени извадете од рерната, малку да оладат, посипете со шеќер во прав.




Вкусни и меки се. :)
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.166
Чоколадни бисквити со кафе

Потребни состојки (за 20 бисквити):
  • 1 1/2 шолја (за кафе) сенаменско бело брашно
  • 1/2 шолја какао
  • 1 печиво
  • 3 супени лажици путер, омекнат
  • 1 шолја шеќер
  • 2 големи јајца
  • 1/2 шолја corn flakes со чоколадо
  • 2 супени лажица горко филтер кафе

Начин на подготовка: Рерната загрејте ја на 220 степени. Во длабок сад, заедно измешајте ги брашното, какаото и печивото. Во друг сад измешајте ги путерот и шеќерот со виљушка, додека не се стопи шеќерот. Потоа, мешајќи го путерот, додавајте ги јајцата, едно по едно и мешајте сѐ додека не се соединат. Потоа, сувите состојки (брашно, какао, печиво) додавајте ги полека во садот со течните состојки. Мешајте додека целата смеса не се соедини. На крајот, додадете ги кафето и чоколадираните corn flakes. Целата смеса измешајте ја со раце, поделете ја на два дела и формирајте ролати. Ролатите ставете ги во калап со хартија за печење. Печете 30 минути. Откако ќе се испече бисквитот, почекајте десетина минути да се излади и потоа од него сечете помали бисквити, со должина по ваша желба. Калапите ставете ги уште 10 минути да се печат и потоа извадете ги.
Тестото е толку вкусно, што постои опасност да го изедете пред да ги направите бисквитите. :pos:
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Знае ли некој како се конзервираат печурки, како оние од продавница шо се?
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.166
Капучино кекси
Потребно е:
  • 220 г брашно
  • 20 г какао
  • 125 г ладен путер
  • 65 г бел шеќер
  • 60 г кафеав шеќер
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 1 јајце
  • прстофат сол
за ганаж:
  • 180 г бело чоколадо
  • 60 г хопла
  • 2 лажици капучино
Подготовка: Во сад просејте ги брашното и какаото. Додадете ги белиот и кафеавиот шеќер и солта. Ладниот путер брзо исечкајте го на помали коцки и ставете го во брашното и шеќерот. Со прсти втријте го путерот во брашното, за да се соединат и да добиете трошки.
Во оваа смеса додадете го јајцето и екстрактот од ванила. Брзо месете со раце и формирајте тесто. Тестото поделете го на два дела, секој дел завиткајте го во пластична фолија и ставете ги во фрижидер да се ладат најмалку 1 час.
Рерната загрејте ја на 160 Целзиусови степени. Земете две тави за печење и обложете ги со хартија за печење. Двете теста, едно по едно, со сукало исукајте ги многу тенко (помеѓу две парчиња хартија за печење), со дебелина од околу 2 мм. Од едното исукано тесто направете тркалезни форми со калап (може и чаша), а од другото исукано тесто исто така формирајте тркалезни форми, но со мало дупче во средината (од чаша за ракија). Наредете ги во тавчињата за печење и ставете ги да се печат во загреаната рерна околу 10-12 минути. Кога ќе бидат печени, оставете ги добро да се оладат. Додека се ладат, подгответе го филот.
Во длабок сад на ситната страна од рендето изрендајте го чоколадото. Во тенџерче ставете ги хоплата и капучиното и гответе до степен на вриење. Кога хоплата ќе биде врела, прелијте ја врз изренданата бела чоколада. Мешајте за да се растопи убаво. Вака подготвен филот (ганаж) ставете го во фрижидер да се олади, само колку да се стегне. Кога филот ќе биде компактен, а не течен, филувајте ги колачињата: на тркалезните колачиња ставете од ганажот и преклопете ги со колачињата со дупка. Од оваа смеса се добиваат 20 колачиња.


:love:

 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Теријаки пилешки крилца





Состојки

  • 1,5 кг пилешки крилца
  • За маринада
  • 1 шоља соја сос
  • 1 шоља вода
  • 1/2 шоља мед
  • 1/2 шоља кафеав шекер
  • 1/4 шоља јаболкова киселина ( јас ставив балсамико оцет )
  • 1/4 шоља масло
  • 1 лажица (4-5 чешнина) згмечен лук
  • 1 лажичка џинџер во прав
Подготовка

Се мешаат сите состојки за маринадата. Се додаваат крилцата од кои претходно се отстранети крајните делови. Се меша добро и се остава да отстои во фрижидер најмалку 1 час.
Се загрева рерната на 175 Ц.
Во плиток сад за печење се става хартија за печење. Се редат крилцата во еден ред со кожата надолу. Се покрива со фолија и се печи 30 мин.
За тоа време маринадата се проврива малку да се згусти, скоро како мед. .
Се вади фолијата, се превртуваат крилцата, се печат уште 30 - 45 мин два пати премачкувајки ги со згустената маринада на секои 15 мин.
На крај треба да бидат карамелизирани, лепливи, неодоливи....


Ептен се вкусни. :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Теријаки пилешки крилца





Состојки

  • 1,5 кг пилешки крилца
  • За маринада
  • 1 шоља соја сос
  • 1 шоља вода
  • 1/2 шоља мед
  • 1/2 шоља кафеав шекер
  • 1/4 шоља јаболкова киселина ( јас ставив балсамико оцет )
  • 1/4 шоља масло
  • 1 лажица (4-5 чешнина) згмечен лук
  • 1 лажичка џинџер во прав
Подготовка

Се мешаат сите состојки за маринадата. Се додаваат крилцата од кои претходно се отстранети крајните делови. Се меша добро и се остава да отстои во фрижидер најмалку 1 час.
Се загрева рерната на 175 Ц.
Во плиток сад за печење се става хартија за печење. Се редат крилцата во еден ред со кожата надолу. Се покрива со фолија и се печи 30 мин.
За тоа време маринадата се проврива малку да се згусти, скоро како мед. .
Се вади фолијата, се превртуваат крилцата, се печат уште 30 - 45 мин два пати премачкувајки ги со згустената маринада на секои 15 мин.
На крај треба да бидат карамелизирани, лепливи, неодоливи....


Ептен се вкусни. :)
Или у супермаркет купуваш преприготвена маринада у шишуле. Понекогаш е поефтина варијанта иако е ќеФ сам да праиш.
Џинџер че да беше на маЌедонцки ѓумбир ;)

Јудо една, сеа ми се пријаде, а имам скроз сите ингридиенти (состојки де) и ќе морам да прам.
Само, воа ја не го знам како теријаки. Како бафало вингс, нелути. Оти ја клаам и луто у маринадата.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Или у супермаркет купуваш преприготвена маринада у шишуле. Понекогаш е поефтина варијанта иако е ќеФ сам да праиш.
Џинџер че да беше на маЌедонцки ѓумбир ;)

Јудо една, сеа ми се пријаде, а имам скроз сите ингридиенти (состојки де) и ќе морам да прам.
Само, воа ја не го знам како теријаки. Како бафало вингс, нелути. Оти ја клаам и луто у маринадата.
Jас баш како Teriyaki го имам сретнувано и порано низ рецепти, со некои мали измени нормално. Еве еден пример, еве и уште еден. :)

А за поедноставна форма со готов сос има припрема на крилца во слатко лут сос.

Кило крилца се ставаат на картија за печење во соодветна тава, се посолуваат и се премачкуваат со готовиот сос. На 220 степени се печат околу 15 минути и уште пола час на 200 степени. Има многу такви рецепти во кои не се губи време ама има отсуство на мерак. :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Rekof, merak e golema rabota.

No, moze i bajagi poFkusni da se ako otsotjat preku nokj vo marindata udaeni.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom