Одличен воведен пост и одлична тема. Мислам дека си во право.
Значи вака. Како показател за тоа дали ќе има криза како во Грција мислам дека е најдобро да се гледа и тековната сметка затоа што задолженоста знае да вара понекогаш. Јапонија има 200% задолженост, но тоа е внатрешен долг и затоа не е проблематичен. Ок имаа изгубена деценија, но да ја оставиме таа работа за во друга тема.
Кредитите се одлична работа ако паметно се инвестираат парите. На пример да си замислиме теоретски дека некоја земја зема кредити (и има негативна тековна сметка) и ги инвестира парите во патишта и во фабрики кои се профитабилни. Тоа не е проблем затоа што кога ќе ги заврши инвестициите таа земја ќе прави пари со тие инвестиции, ќе има суфицит и ќе ги отплати кредитите.
Кредитите се проблематични кога прават глупости. И мислам дека тоа и се случува на Македонија. Колку што можам да разберам од телевизија пари се вложуваат во споменици, спортски терени и слични работи кои се за многумина убави и носат политички поени, но за жал не носат пари. Да не си гаиме илузии ниту една држава на светот не знае да менаџира добро со пари и најчесто ги трошат на глупости.
Колку што можам да разберам од воведниот пост од 2004 до 2011 година сме се задолжиле за 3 милијарди евра. За жал Македонија нема фирми и имот во толкава вредност кој би можела да му го продаде на странци што значи дека на тој начин кредитите нема да можеме да ги отплатиме. Значи ја немаме ниту таа опција.
Единствен начин да ги отплатиме кредитите е еден ден да имаме суфицит и да имаме поголем извоз отколку увоз. За да имаш поголем извоз треба да си конкурентен. Македонија не е доволно конкурентна. Да беше конкурентна уште денес веќе ќе имавме поголем извоз отколку увоз и минусот на тековна сметка ќе беше еднаков на странските инвестиции и немаше да имаме кредити.
Друго што е битно е дали кредитите се во приватен или во државен сектор (тој податок ти фали во воведниот пост па не знам дали се тоа кредити во државен или приватен сектор. Претпоставувам зборуаваме за државен.).
Австралија како држава веќе неколку децении има негативна тековна сметка (current account deficite), но државниот долг е низок и тој дефицит е за сметка на приватниот сектор кој паметно ги инвестира парите па затоа немаат криза. Овде би го замолил членот
FARANG кој се разбира од економија да даде мислење дали сум во право во овој параграф или можеби грешам.Иако е темава за македонија може малку да се научиме и од австралиското искуство.
Прашањето е дали можеме да ги вратиме кредитите кои се веќе земени и веќе искористени (потрошени). Одговорот зависи од многу работи. Ако можеме да ги вратиме и ако еден ден успееме да влеземе во суфицит нема да проблем. Но ако не кредиторите еден ден ќе сватат што се случува и ќе се повлечат, а нас не чека долга и болна криза со уште поголема невработеност која ќе трае. Некои ќе речат дека полошо од ова не може да биде. Ерор. Секогаш може да е полошо. Ако денес имаме дома струја еден ден нема да можеме да си приуштиме струја на пример. И тоа ќе трае додека не се отплатат кредитите. Ок најверојатно нема да е толку лошо, сепак се ќе зависи од тоа колку сме задолжени.
Е сега да ти одговорам на прашањата накратко. Да треба да бидеме загиржени заради задолжувањата и може да ни се случи да сме како Грција. Странците даваат кредити додека мислат дека имаат корист, но ако се посомневаат во нашата способност за плаќање нема повеќе да даваат и ќе сме како Грција. Како што рече единственото решение е да се намали со кредити и да се спроведат реформи кои ќе ја подобрат нашата конкурентност. Треба да се штеди многу повеќе и нормално и да се инвестира. Странските инвестиции не се решение затоа што се слични како кредитите (еден ден ќе си ја земаат добивката исто како кредитите што ќе треба да се вратат).