Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.913
Поени од реакции
6.490
Инспириран од моменталната економска ситуација во РМ, со постојано задолжување, ја започнав темава, сакајки да го направам помасовно прашањето дали Македонија може воопшто да ги врати кредитие и дали секој кој размислува за иднината воопшто би требало да биде загрижен.

Немам намера да барам кривци ( и СДСМ и ВМРО имаат катастрофални грешки на тоа поле ), но работата е што јас не гледам излез.

Значи, во моментов на започнување на државата ни, Македонија превзема 5,4 % од долгот на СФРЈ ( кој изнесувал 16 милијарди УСД)
1991 година- 0,8 милијарди евра надворешен долг.
Понатаму-
2004 година - 2,0 милијарди евра
2006 година - 2,5 милијарди евра
2008 година - 3,3 милијарди евра
2010 година - 4,1 милијарди евра
2011 година - 5,0 милијарди евра
( извор Народна Банка http://nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400 )

Е сега, точно е ( што би рекол Ставревски ) дека Македонија е малку задолжена држава. Ако гледаме така и од Грција има 10-тина држави што се позадолжени од неа. Не е битно кој колку е задолжен , туку кој како може да плака обврски. За некој директор кредит со рата од 300 евра е ништо, но за работник и рата 150 евра е многу.

И како Македонија ке ги плати девизните кредити?

И не, не е одговорот дека ако го стегнеме каишот, ке зголемиме даноци или сл. ке обезбедиме доволно средства.
Ке обезбедиме, да, ама ДЕНАРИ.(. + ке предизвикаме др. економски проблеми )
Со денари неможеме да ги платиме надворешните обврски, ни треба странска валута.

Се запрашал ли некој како една држава обезбедува девизи?
Како Македонија ке дојде до евра, на пример?

Од она што јас знам, има повеке начини, од кои некои се нереални за Македонија, а некои се реални, ама се долгорочно катасторфално економски лоши. Малку опции се и реални и добри.
Ај по ред-

1. Македонија да штампа евра
Ке отштампа, ке предизвика девалвација, ама ке има пари да плати. Македонија не штампа евра, така да нереално, да.

2.Македонија да има позитивен надворешен трговски биланс.
Ова значи, повеке евра да влезат во МК од извоз, а помалку да излезат за увоз. За нас, засега и ова е нереално.
Македонија 2011 има увоз 4,8 милиј.евра, а извоз 3,2 милиј. евра. Плус цца 0,45 милиј девизни дознаки ( евра што пракаат иселеници, плати на Македонци во странство итд ) пак прават дупка.
( извор, исто НБРМ)

3. Нов кредит.
Реална можност и го решава проблемот моментално. Долгорочно, ништо не сме направиле, пошто за х години ке треба д го вракаме и него + камата. Не го решава проблемот, само го пролонгира и го зголемува. Засега , за патриотите на власт ова им е најчесто решение.

4.Странски инвестиции.
Ке ја продадеме ЕВН, рафинерија, Телеком.... на странци и ке влезат евра во Македонија.Е сега, лошо е што овде немаме неограничени ресурси за продавање. Добар дел веке е продаено, а проблемот пак не е решен, односно по официјалните податоци, напротив, се зголемува.
Долгорочно, ова е уште полошо економско решение.
Странците со ова прават бизнис. т.е. ако дале 100 мил (пример) за Телеком, по х години по нивниот бизнис план, тие имаат цел да ја вратат инвестицијата + да заработат.
Односно, ако вложиле 100 мил., за 5 години (пример) ке сакат да вратат назад 110 мил. Никој не влува во ништо ако не планира да заработи.
И пак, од каде ке бидат дополнителните 10 мил заработка ? Едноставно, ке ја покачат цената на телефонот, бензинот, струјата...односно парите пак ке ги платиме ние и тие пари повторно ке бидат изнесени надвор од Македонија.( и пак мањак евра )

5. Странска инвестиција која има за цел бизнис наменет за извоз.
Единствена реална можност за развој и економски раст на една држава. Само со оваква инвестиција, странците пак ке вадат евра од Мк, но и ке ги обезбедуваат еврата од странство, а државата ке има корист од вработувања, придонеси, даноци...
Колку што јас знам , малку се оваки инвестиции ( ЏонсонМети, Џонсон Контрол, МиталСтил..) И засега, и нивниот извоз не стасува да ја покрие дупката во надворешниот биланс и + да обезбеди вишок евра во државата за покривање на обврски.

Други опции? Јас не знам.

И мислам дека единсвен излез од ситуацијава е намалување на земање на нови кредити максимално, форсирање на нови странски инвестиции за извоз и цела програма мерки за зголемување на извоз и намалување на увоз ( односно, форсирање на извозни фирми со стимулации, разни поволности, евтини кредити за подршка на извоз, економски промотори во функција на извозни фирми, понатаму мерки за намалување на увоз, кампањи за македонски производи, дополнителни давачки на увезена стока со цел зголемување на конкурентноснт на домашна конкуренција и сл).

Без големи мерки, верувајте дека Грција не ни бега.
Што мислите, што ке се случи сега, моментално, доколку странците (NWO, ММФ, странски комерцијални банки, ЕУ фондови...) не ни дадат нов нареден кредит?
Немаме доволно струја, немаме нафта, немаме доволно храна...а немаме и девизи да купиме. Може ли некој да претпостави што ке се случи ?
Имаме ли претстава колку зависиме од странци?
И колку држава во која се зависи од странци има право да се кажа самостојна, суверена, независна....
 
Може ,ако земе уште еден кредит :D
Абе не е тоа муабетот, муабетот е секојдневно тролање можело неможело, овој овака направил оној онака направил. Прво зачленуење на форум и одма ја копира некоја статија од некаде и продава бубрези... Да се трошеше толку време на барање работа и работење отколку на тролање дали цацко или друг ни е крив, друга држава ќе бевме сеа.
 
Ќе имат западните банки пари за зимајне.
Европа нема механизам да натера некоја држава да си подмире давачките и кредитите.
 
Може, може. Данок за женачка, данок за умирачка, данок за поголем капацитет на бели дробови итн ит....
И пак ке бидат ДЕНАРИ. Нема со денари да ги вракаме кредитите во странство? Или ке се појавиме со денари и ке кажеме “ сакам да купам евра “?
--- надополнето: 5 ноември 2012 во 22:17 ---
Ќе имат западните банки пари за зимајне.
Европа нема механизам да натера некоја држава да си подмире давачките и кредитите.

Не знам дали е така едноставно....:)
Ако е, ОК...
 
Не знам дали е така едноставно....:)
Ако е, ОК...

Не е едноставно, ама ајде како ќе натераш некој да ти врне пари назад, ако нема.
Говореме на државно ниво. Рекетарството не се важе?

Грција е у криза од 2008ма.. Денеска е 2013та оште малку. Евро немат врнано назад. Цела Европа праве механизми како да се рефинансира грчката криза, и са оште на чекор 0. НЕ са почнале со рефинансирајнето.. Едниствен начин една држава да натера друга држава да си отплате дуговето е контролирана воена интервенција. Ама тава едвај ли ќе се случе.
 
Зашо да му ја мислат овие на власт за тоа ? Овие кредити ке ги враќаме ние и нашите идни генерации. А оддолжувањето нема да трае краток период, бидејки се ова што се случува кај нас е, искрено, ненормално!
 
Ќе имат западните банки пари за зимајне.
Европа нема механизам да натера некоја држава да си подмире давачките и кредитите.
Кога ќе ти ги с'сне муџахединине од косово и албанија ќе видиш дали ќе враќаш или нема, или доста е само да се договорат никој да не ти продава жито 6 месеци, абе ќе плаќаш и ќе прашуваш дали си уште дужен да не треба на комшиите некој цех заостанат да се плати :pos:
 
Кога ќе ти ги с'сне муџахединине од косово и албанија ќе видиш дали ќе враќаш или нема, или доста е само да се договорат никој да не ти продава жито 6 месеци, абе ќе плаќаш и ќе прашуваш дали си уште дужен да не треба на комшиите некој цех заостанат да се плати :pos:

На грција тија ли работи ги прават?

Говореме за цивилизирани методи, не за педерски клоци по ташаците.
 
Прво ќе пробаме со ова, па после ќе се тешиме како браќата грци со ова...

Не зависи од нас, од другите зависи...
 
Ќе ги врати но проблемот засега е што краткотрајниве кредити кој се земени се враќаат со други кредити и така постепено расте долгот. Овие исто така се со релативна висока камата. Странските кредити од ЕУ, ИМФ итн. се со помали камати. Но јасно е дека кога и да е ќе треба да се стегне ременот, прашајнето е кога, а тоа ќе има последици за цело општество.
 
На грција тија ли работи ги прават?

Говореме за цивилизирани методи, не за педерски клоци по ташаците.
Да не ми дојдеш под рука синче,ако се размавам мижум и мавам не гледум дека ударам. :mad:
Знааш колко ми теже раката ка бијам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom