Што го прави човекот човек?

Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Соочуството, разбирањето..
Човечноста..
 
Член од
24 август 2008
Мислења
2
Поени од реакции
0
Човекот го прави човек самиот разум, грижата на совеста, љубовта, меѓусебното почитување и разбирање и исто така признавањето на своите грешки и ИЗВИНУВАЊЕТО.
 

L-A-V

who cares? =)
Член од
2 декември 2008
Мислења
477
Поени од реакции
57
парите.......
 

Круме

Life, Get One!
Член од
28 март 2010
Мислења
449
Поени од реакции
32
Карактерот и домашното воспитување!
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
Хмм... Се е битно .. А и сите работи еден со друг се поврзуваат! .. Ама јас сепак мислам прво карактерот , почита .. и уште некој внатрешни особини , а после и надворешните! :)
 
T

theTinule

Гостин
Разумот!

Ниедно друго животно нема разум, а има се останато..
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Што значи да се биде човек?
За некои изгледа многу едноставно, за други пак е тешка и безнадежна борба. Сепак, на почетокот, сите го добиваме истото, во текот на животот мора да се соочиме со истите работи, за на крајот, да сфатиме дека сме се избориле најдобро што сме можеле. Овие правила важат за сите:

1. Добивате тело, кое можеби ќе го сакате, можеби ќе го мразите, но ќе остане ваше за цело време.
2. Ќе учите лекции. Ќе ве запишат во неформално училиште со полно работно време, наречено „живот“.
3. Не постојат грешки, само лекции. „Растењето“ е процес на обиди, пропусти и експерименти. Неуспешните експерименти се подеднакво дел од процесот, како и оние кои успеваат.
4. Лекциите се повторуваат додека не се научат. Секоја лекција ќе ви биде презентирана на различни начини, сè додека не ја научите. Кога ќе ја научите, може да преминете на следната.
5. Учењето лекции не завршува никогаш. Не постои период од животот кој не содржи лекции. Ако сте живи, тоа значи дека сè уште има лекции за учење.
6. Нема подобро место од „овде“. Кога вашето „таму“ ќе стане „овде“, вие ќе најдете друго „таму“ кое повторно ќе изгледа подобро од „овде“.
7. Другите луѓе се безмалку одраз од огледалото пред кое стоите. Не можете да сакате или да мразите нешто кај некоја личност, доколку тоа не рефлектира некоја особина која си ја сакате или мразите кај себе.
8. Што правите во животот е ваша работа. Ќе ги имате на располагање сите ресурси и алатки. Што ќе направите со нив зависи од вас. Изборот е ваш.
9. Вашите одговори лежат во вас. Одговорите на животните прашања се во вас. Сè што треба да направите е да погледнете, да послушате и да верувате.
10. Ќе заборавите на сево ова.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.235
Поени од реакции
30.470
свеста. моралот. ум.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Абе вака.. Ние сме како и сите животни ако гледа некој од страна..

Ако застане човек спрема друг човек која ќе биде разликата меѓу тие 2ца? убавината,љубовта,карактерот,упорноста,вештините и така натаму..

За жал во денешно време се пропаѓа во вода .. Сега се гледа облеката,моќта,парите и сл.. Многу ретко кој цени некој да е вреден и некој кој се мачи.. Успева тој што има некое име и авторитет кој му дошол со помош на парите..
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
РАЗУМОТ, ЉУБОВТА (кон се околу нас), МОРАЛОТ и МОЌТА ДА СОЗДАВАМЕ/КРЕАТИВНОСТА (многу поголема од што мислиме). Иако уште од "тabula rasa" не програмираат дека сме LABOR, дека сме зли, себични и секакви други срања, всушност, ние луѓето сме мали богови полни со љубов и сме на пат да го разбереме тоа (верувале или не :p)

Ќе издвојам дел од стиховите на Киплинг, кои сосема се вклопуваат во оваа тема...и се повеќе од доволни за да опишат што го прави човекот човек.

Ако можеш да го сочуваш разумот, кога сите околу тебе го губат;
Ако можеш да веруваш во себе и кога сите се сомневаат;
......
Ако си излажан, а самиот не лажеш или ако си омразен, а самиот не мразиш;
Ако можеш да сонуваш, а соништата да не завладеат со тебе;
Ако можеш да мечтаеш, а мечтаењето да не ти биде цел;
......
Ако можеш да гледаш како пропаѓа сето она на кое си го посветил целиот живот
и одново без збор да почнеш да создаваш;
......
Ако можеш да разговараш со пониските од себе
без да ја истакнеш својата супериорност
или во друштво на помоќните од тебе
го задржиш своето достоинство;
......
Ако можеш една незаборавна минута
да ја исполниш со содржина која трае шеесет секунди,

...........ќе бидеш човек..........
Хех, според ова, добро ми иде. :) Добар цитат.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Трудот...
Трудот го прави човека, ЧОВЕК !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom