Сега малку за околу возењето за време на носење итен пациент.Морам да признаам дека се навикнуваат луѓето веќе како да се однесуваат кога ќе слушнат сирени позади себе и знаат дека треба само да се поместат во десно во зависност колку дозволуваат условите на патот (не треба да се качуваат по тротоари) туку само да го забават малку движењето на своето возило а не да оди пред него како чистач

.Тука во овој коментар морам да истакнам дека порано и да сакаше некој да направи место неможеше,затоа што немавме широки улици.Додека сега сите улици посебно во Скопје се доста проширени и сега има каде да се поместат другите возила за да може да помине брзата помош.
Добро е ако постојат промени на позитивно.Особено на булевар или улица со 4 ленти не би требало да е проблем.Ама еве на пример ‘главната улица‘ во Струга е хаос, посебно во викенд, а во лето е циркус...еднонасочна во правец на езерото, а другата лента претворена во паркинг за да можат општинарите да си го извадат одморот.И сега замисли во таа ситуација 50 возила во колона, 500 метри за 20 минути се возат, а во спротивната насока возило на Брза Помош со некој давеник од плажа.Заебано.За улиците со 4 ленти уште дел луѓе не можат да се навикнат да се тргнат на ротационо и сирена, редовно гледам такви ситуации.Последната, комбето со пациент залетано максимум, пред него возилото никаква реакција, веројатно очекуваше продолжување на комбето во десната лента.И после некои 5 секунди тргна Брзата помош по десната лента, истовремено и идиотот во возилото пред нив
Околу поделбата на возила никој не знае точно кој колку возила ќе добие.Овие возила се за сите поголеми градови во Македонија.Скопје како главен град со 700 000 жители и дневна миграција од внатрешноста на државата и странци-туристи има околу 900 000 жители а преку викенд и повеќе,треба да добие најмногу возила.Според мене Скопје треба да добие 20 возила затоа што има и обезбедувања на разни свечености,прослави на плоштад,спортски натпревари итн. Да не должиме мислам дека сега ви стана малку од малку по јасно околу функционирањето на Итна Медицинска Помош-Скопје.
Доволно е за Скопје 20 возила, луѓето од други места нормално се плашат да не е обратно спрема досегашната пракса.За начинот на распределување не е пресудно населението, можат да земат и поголем број фактори:
- статистиката (ако воопшто водат) колкав процент на пациенти во КЦ Скопје (па и регионалните КЦ) се од локални, колкав процент се донесени од возила од друга општина/болница
- колкав е бројот на пациенти во секоја установа поединечно
- тежина на медицинските третмани односно рангот на секоја установа поединечно
- старост на возниот парк на секоја единица
- патиштата во околина на секоја единица на БП
Најчесто во помалите или најмалите градови секој потежок случај ќе го проследат до најблиската поголема болница, со оглед дека се лимитирани во персонал и опрема (од Ресен па дури и од Кичево, Дебар секој посериозен случај го носат во Охрид, Битола или дури директно во Скопје) па не е лошо приоритетни да бидат Пехчево, Берово, Демир Хисар, Дебар, Пробиштип, Крива Паланка...па после другите поголеми места
За тоа си во право.Овие возила се купени фургон и преземени од друга фирма за внатрешноста да ја уреди,а можеле да ги земат патнички па да ги преправаат после затоа што амортизерите на Фургон за транспорт на стока и патнички се различни и амортизацијата е различна и нормално е по мека вожњата во патничката верзија.Ова сега што го кажувам има разлика од типот на возило.Има разлика помеѓу Фиат Фургон и Рено Фургон.
Го имаме првиот недостаток

Се надевам работеле професионални каросеристи и пазеле на моментот дека се болнички возила.