Набавени 70 нови возила за итната медицинска помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Центрите за итна медицинска помош ќе добијат нови возила со кои навреме ќе стигаат кај болните. Министерството за здравство набави 70 возила за итна медицинска помош, од кои едно е за педијатрија.

getImageThumbnail.axd

Возилата имаат најсовремена опрема потребна за спасување животи, и се како подвижни болници, вели министерот за здравство Тодоров.

„Амбулантните возила располагаат со ЕКГ апарати, со дефибрилатор, со теле медицина, тоа значи дека може да комуницираат со болниците, да се следи пациентот, со надворешен пес мејкер - тоа ќе спасува животи. До сега го немавме при транспорт за кардиохирургија или за интервентна кардиологија од некои од градовите во Република Македонија во Скопје. Тука се губеа животи, затоа што немаше таква опрема. Потоа има респиратор кој е исто така клучен при долг транспорт”, вели Никола Тодоров, министер за здравство.

Возилата имаат најсовремени системи за стабилност, надворешни рефлектори за да можат докторите да пружат помош и надвор од нив. Возилата ќе бидат распределени во сите центри за итна медицинска помош во државата. Чинат 275 милиони денари. Покрај во опрема, се вложува и во нов кадар во центрите за итна медицинска помош. Ќе се вработат 80 нови доктори.

Извор

Не сум провладино настроен, точно е дека здравството има уште многу реформи пред себе, но ова е за пофалба, барем во овој сегмент од државното здравство!
Кој не се возел во старите амбулантни возила, незнае какво е чуството! Како во тракторска приколка да се возиш!
 
Па тоа е за општо добро на сите, само будала би можел да има против.
Одлично е ова треба. Само треба да ги сменат и возилата на тие што идат т.е. Домашна Посета, со старо Југо идат бе! Па тоа колку троши и како се исплати одржување не разбирам. o_O
 
Со многу малку пари можат да набават дизел возила 1.4 литри од германскиве автоплацеви, немора нова да се купува!
 
Паметно од нивна страна. Сега само да дознаеме дали се само за Скопје или ќе има и за другите градови во Македонија.
 
Зошто стари? Имаме пари за беспотребни споменици, а ова е нешто што треба! Нови возила требаат и да се исплатливи.
Претпоставувам, сите за Скопје?
Фала курцу.
Една паметна работа во милион глупости.
Паметно од нивна страна. Сега само да дознаеме дали се само за Скопје или ќе има и за другите градови во Македонија.
„Амбулантните возила располагаат со ЕКГ апарати, со дефибрилатор, со теле медицина, тоа значи дека може да комуницираат со болниците, да се следи пациентот, со надворешен пес мејкер - тоа ќе спасува животи. До сега го немавме при транспорт за кардиохирургија или за интервентна кардиологија од некои од градовите во Република Македонија во Скопје. Тука се губеа животи, затоа што немаше таква опрема. Потоа има респиратор кој е исто така клучен при долг транспорт”, вели Никола Тодоров, министер за здравство.

Возилата имаат најсовремени системи за стабилност, надворешни рефлектори за да можат докторите да пружат помош и надвор од нив. Возилата ќе бидат распределени во сите центри за итна медицинска помош во државата. Чинат 275 милиони денари. Покрај во опрема, се вложува и во нов кадар во центрите за итна медицинска помош. Ќе се вработат 80 нови доктори.
Не дочитувате..:coffee:
 
Зошто стари? Имаме пари за беспотребни споменици, а ова е нешто што треба! Нови возила требаат и да се исплатливи.

Мислев во контекст дека се жалат немало пари за нови возила, еве нека купат половни. Инаку кога имаше пари за нови автомобили (25000 евра за еден) за министрите, тогаш зошто да нема и за вистинските потреби на граѓаните и општеството воопшто!
 
Имало или немало пари народов наш вика за здравје не се штеди. Ќе се скрати ако не од друго место, а ако се толку за народот нека даваат 20% од нивната плата за тоа. :)
 
Не дочитувате..:coffee:
Добро де. 50 за Скопје, и по едно возило за секој град. Не е доволно. Со оглед на полураспаднатите лади од прилепска брза помош.
--- надополнето: 2 ноември 2012 во 16:31 ---
Имало или немало пари народов наш вика за здравје не се штеди. Ќе се скрати ако не од друго место, а ако се толку за народот нека даваат 20% од нивната плата за тоа. :)
Народот плаќа и за здравството преку даноците и останатите наплати. Проблем е погрешното трошење на парите.
 
Добро де. 50 за Скопје, и по едно возило за секој град. Не е доволно. Со оглед на полураспаднатите лади од прилепска брза помош.
Во Скопје има и добри возила од Јапонската донација, па би требало да се сконцетрираат кон другите градови сега.
 
Ако поделбата оди по проценти, тогаш Скопје има 700,000 жители за опслужување, а државава брои околу 2,300,000 граѓани. Значи 30 возила за Скопје останатото за другите градови. Истакнаа дека старите возила ќе се употребуваат за руралните места.
 
malku se 70 za Skopje, nemaat Skopjani kultura za vozenje i propushtanje na vozilo so sirena.

За ова си во право, во САД кога бев, кога ќе поминеше возило на брза помош цел сообраќај застануваше и се тргаше настрана. Кај нас сум имал можност да пијам кафе карши државна, циркуси се дешаваат со коливе кога ќе проба да влезе комбето во болница.
 
Со оглед на полураспаднатите лади од прилепска брза помош.
Остај тие па тие, една година памтам им откажаа кочниците па со пациент внатре направија сообраќајка. За малце во една рекичка ќе отидоа..:cenzura:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom