Најубаво село во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата theMac3donian
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде малце да ја заживееме темава.
Повеќето кажаа дека најубаво село во Македонија е Лазарополе.
Колкаво е селото,колку жители има,како се движат цените на плацевите за градба дали има вода струја телефон...?
 
Дефинитивно Гургуница. Селото се наоѓа во Тетовско, на падините на Шара, до кој води тесен пат и зимно време е непристапен. Во селото живеат само од Албанска националност, претежно жени, деца и стари лица, бидејќи мажите им се по Швицарска. Селото е во самата планина со поглед на Козјак:
гургуница.jpg

Ова е сликано од терасата на една од куќите во селото.
 
Џабе тој поглед Леандра коа патот е недостапен зимно време... Па не дај Боже да му се слоши на човек не можат да стигнат до основна помош... Ќе седат и ќе го гледаат езерото, па ќе им мине? Си треба и инфраструктура добра на денешно време за да едно село биде НАЈУБАВО
 
Секако. Мислев за природа и поглед во кој уживаат, иначе ни вода немаат имаат посебни канали направено, па се собира водата во подрум :D
Вода им носат со цистерна и пијат вода флаширана. Професорите во училиштето спијат :)
 
Kako be, neli u Gurgurnica im napravija asfaltiran pat?
 
Џабе тој поглед Леандра коа патот е недостапен зимно време... Па не дај Боже да му се слоши на човек не можат да стигнат до основна помош... Ќе седат и ќе го гледаат езерото, па ќе им мине? Си треба и инфраструктура добра на денешно време за да едно село биде НАЈУБАВО
Не е џабе,секој различно си го сваќа одењето во село.
Многу повеќе ме привлекуваат села потешко достапни без водовод со изворска или бунарска вода топлена на ќумбе одколку “викендиците“ во селата со сателитска интернет џакузи...
 
Битола е нај нај. со инфраструктура, најголемо е абе се знаете што да ви кажувам :P
 
Секако. Мислев за природа и поглед во кој уживаат

Е тоа да, само да знаеш каква желба ми е да имам прекрасен поглед кој никогаш нема да здосади, ама... ај може некогаш ќе биде и тоа
 
Јабланица едно од најубавите села во Западна Македонија:
Кого го интересира повеќе може да прочита на страницава.
http://www.mojatajablanica.com
 
Вишни

575981_10150952698625233_1920568791_n.jpg

314808_10150952697895233_166729064_n.jpg

409671_10150952695255233_1653090889_n.jpg
 
Стојаково.
Многу интересно место. Има посебен дух.
Село со голема желба за град.
Улиците се селски, такви стандарт, а куките гратски. Многу интересен микс ми е.
Плоштадот му е едвај плоштад а има и кафичи :cool:

Посебно ми се допага патот кога одиш кон селото. Не знам точно зошто, но има посебен шмек.

Сакам еден ден кога ќе сум во пензија, да си изнајмам мала мала кукичка, и да живеам таму, и во дворот да си имам кокошки, и да си ги шетам по центарот на селото :vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom