Скептик сум по природа
Во случајов, скептик сум дека свестта/умот на индивидуата продолжува по смртта на телото. Тоа е затоа што умот и свеста ги гледам како производ на работата на мозокот, што ако не се лажам, е и генерално прифатениот став на научната заедница.
Во примеров што го даде (out of body experience) човекот што го напуштил своето тело е сеуште жив така?
Така да, тоа не е во контрадикција со моето тврдење дека кога телото умира, умира и свеста/умот (не сакам да речам душата, зошто носи религиозна конотација).
Имаш нешто што би ја поткрепило твојава хипотеза (освен религиозни текстови се разбира).