Толстој
екс Бомбастичен
Англичанката Дороти Пил, која го прослави својот 110. роденеден, откри дека престанала со пушењето кога наполнила 104 години.
- Задоволна сум што конечно се откажав од цигарите, изјави оваа жена за британските медиуми. Според нејзиното признание, по откажувањето од зависноста од цигарите, таа продолжува да „живее нормално“, потпинувајќи секој ден по чашка со шери бренди, или виски, јави дописникот на МИА од Лондон.
-Не пијам многу, а виски не земам пред седум часот навечер, вели Пил.
Таа живее во еден дом за стари луѓе во англискиот град Хал. Двапати во животот има преживеано тешко авионско бомбардирање на германската воена авијација, во текот на Втората светска војна.
- Не знам како, после се она што ми се случи, успеав да живеам толку долго, вели Дороти Пил, шегувајќи се дека „неа изгледа ништо не може да ја убие“, ниту бомбите во текот на војната, а ниту цигарите и алкохолот, што признава дека ги користи уште од својата младост.
После второто нациситичко бомбардирање, што таа среќно го преживеала, се омазжла за човекот што ја спасил од урнатините. Сега зали дека тој не успеал да „дотурка до својата стота година“ и што од тогаш живее сама.
извор:Сител
Верувате во ова?