Толстој
екс Бомбастичен
Апстрактните и обемни текстови во учебниците, кои не одговораат на возраста на учениците за кои се наменети, како и неретките фактички грешки, се должат на тоа што учебникарството во Македонија е на почеток и нема стручни авторски тимови, па на конкурсите се јавуваат индивидуалци.
Владо Тимовски, декан на Педагошкиот факултет во Скопје, кој и самиот членувал во рецензентска комисија, изјави дека имало случаи кога еден автор понудил ракописи за три различни предмети. Според него, проблем на македонските учебници е дидактичкото обликување на содржините, односно учебникарите често не можат поимите да ги трансформираат за детскиот ум.
- Има многу забелешки и критикувани учебници. Во овој период се трагаше по нови учебникари и тие се пријавуваа на конкурс. Како член на комисијата, видов многумина кои се по два-трипати пишувачи на учебници, а тоа е нестручен приод. Немаме воспоставено практика учебниците стручно да се вреднуваат и врз основа на тоа понатаму да се прават подобри учебници. Тие не подлежат на валоризација. Јас се залагам, на пример, по една година употреба да се направи трибина за учебникот и да се укаже на грешките и тој да се критикува. Има пропусти и се надевам дека тоа ќе се надминува, изјави Тимовски.
Директорката на Бирото за развој на образовението Весна Хорватовиќ во одговор на новинарско прашање рече дека Мнистерството за образование и наука преговара со познати светски издавачки куќи за преведување учебници од природните науки, кои се користат во наставата во другите европски земји, а да се приспособат на македонскиот образовен систем.
- Се согласувам дека кај дел од учебниците има одредени грешки и осцилации во квалитетот и затоа министерот, во рамки на своите надлежности, веќе формираше експертска комисија која работи на стручно мислење и евентуална препорака за измени или повлекување на некои учебници, рече Хорватовиќ.
Директорката на БРО додаде дека учебникот треба да биде помагало, а не единствено средство за учење. Покрај него да се користат и компјутерите за пристап до едукативни содржини
извор: Алфа
Имате забележено некој грешки или текстови кои не се сватливи за возраста на ученикот?