Фудбалски карти

  • Креатор на темата Креатор на темата KangarooMKD
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
52
Колекционер сум на фудбалски карти, ме интересира дали има некој колекционер овде или пак некој има карти а сака да ми ги подари? :P
 
Јас имам огромна колекција на фудбалски карти, посебно од интер кога идев на времето да ги гледам . :D

Имаш имаш, од трите најдолгото колега :pos:
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 15:20 ---
За карти частам пиво! :icon_lol:
 
Баш сеа најдов 4 карти што ми останеле од Македонија - Ирска кога беше отварањето на стадионот ако не се лажам 0-2 изгубивме, исто од Вардар - Бате Борисов ја чувам.. од Србија во Белград на европсково (ракомет тоа) и уште една од кошарка најдов Македонија - Босна и Македонија - Велика Британија изгледа само тие се преживеани мада ако прочачкам дома сигурно ќе најдам уште некои... голем дел се фрлени одма.

Убава работа е ова собирањето за успомен да знаеш дека си бил посебно кога ќе ги разгледаш по 20тина години да речеме :)
 
Баш сеа најдов 4 карти што ми останеле од Македонија - Ирска кога беше отварањето на стадионот ако не се лажам 0-2 изгубивме, исто од Вардар - Бате Борисов ја чувам.. од Србија во Белград на европсково (ракомет тоа) и уште една од кошарка најдов Македонија - Босна и Македонија - Велика Британија изгледа само тие се преживеани мада ако прочачкам дома сигурно ќе најдам уште некои... голем дел се фрлени одма.

Убава работа е ова собирањето за успомен да знаеш дека си бил посебно кога ќе ги разгледаш по 20тина години да речеме :)

Јас од 2006 па наваму ги имам картите од сите репрезентативни натпревари што се одиграле на домашен терен, сега со колекционери од Белгија, Италија и слично се менувам за наши карти за постарите или пак од мк-клубовите во Евро Куповите. Ако не ти требаат, би те замолил да ми ги дадеш дека за мене картите значат многу, со оглед на тоа што немам многу дупликати, ги раздадов сите по други земји. Частам пиво! :D
 
Знам дека не е фудбал, ама можеби ќе ти значи..

Прегледај го приврзокот 51638

P.S. Во Мадрид се надевав дека ќе ја гледам Барса. Ништо, барем го гледав Пандев. (y)

Имам некои карти и од ракомет и кошарка, но мислам дека тебе повеќе ти значи ова, европски шампион не е шала :) ако имаш некои фудбалски карти би ги прифатил веднаш ако сакаш да ги поклониш :D
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 16:47 ---
Дел од мојата колекција - првиот официјален натпревар на Македонската репрезентација во квалификациите за Евро1996 :

564946_10151178787343921_1407303131_n.jpg


Вториот :
156104_10151178787293921_1908347803_n.jpg


1995 година - Вардар - Бордо :
541320_10151178787263921_619536908_n.jpg


Имам уште многу... си го обожавам хобито, но сепак ми е многу жал затоа што нема многу колекционери во Македонија :)
 
Ах, како ме потсети на Македонија - Данска, бев на стадион. Тој гол на Митко Стојкоски - неповторливо чувство.
:cuc: :place:

 
Од последните натпревари :

Шкотска - Македонија
282372_10151237339723921_1845529824_n.jpg


Хрватска - Македонија
424739_10151220212593921_1312692699_n.jpg


Македонија - Хрватска :
199855_10151190443423921_1600830118_n.jpg


Македонија - Србија :
285140_10151190443498921_556635319_n.jpg

--- надополнето: 31 октомври 2012 во 16:51 ---
Ах, како ме потсети на Македонија - Данска, бев на стадион. Тој гол на Митко Стојкоски - неповторливо чувство.
:cuc:

Сум бил многу мал, картата е од татко ми :P
 
И јас собирам карти, ама не ги давам :icon_mrgr:
Собирам од мечеви на кои сум присуствувал, друго не ме интересира.
Штета што на многу гостувања кај што сум бил или не давале карти или па картата ти ја кинат и ти ја земаат на врата :(
Слично и на запад ради членска, ради тоа што се плаќало на рака, или ради тоа што било гага во минатото, имам карти од Вардар само од две сезони и тоа од сезоната кога како група бојкотиравме па си купував карти од билетара и во сезоната кога немаше членски (2009/10 мислам беше) па купувавме карти. Имам и од ракомет нешто, а имам и карта од трета Македонска лига пошто на еден меч се наплаќаа карти.
Имам карто од Вардар, од гостувања против Работнички, од ракомет кај Металург, од фудбал кај Ѓорче, Ренова, Силекс, а другиве не ни давале карти или ни ги кинеле на врата :( Исто имам и еден куп од репрезентативни мечеви фудбал/ракомет.
Голем дел од картите ги имам и изгубено, али од кога почнав да ги собирам на едно место си стојат таму.
 
Јас имам карти од македонска лига и репрезентација.....
Имам од оваа сега Македонија- Србија
Вардар - Шкендија
Вардар - Работнички
Календарче од Комити што го даваа како карта на некои утакмици.
Македонија - Ирска
Вардар - Пелистер
Вардар - Дрита
РК Вардар - Металург
И еден куп необележани карти на Вардар од сезоната кога испаѓавме и кога Комити продаваа карти.

Сега за сега не ги давам.......можеби некој ден би ги продал на некој колекционер.....сега ми се спомени :)
 
Видете ако имате некои дупликати кажете ми, ако ги немам ќе се менуваме и ќе ви најдам карти од Вардар од минатото што ги немате.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom