Godric напиша:
Фрустрациjата е токму во тоа што како нациjа сме премногу слични со Србите во многу аспекти.
Ама другарче, не знам веќе што треба да додадам на темава да сфатиш дека сите со сите други се слични во многу аспекти по целиов Балкан. Изземи и тргни ги на страна некои од националните атрибути и ќе видиш дека во многу нешта сите на Балканов сме слични, и тоа воопшто не е чудно или проблематично.
Godric напиша:
Кажав за азбуката, сега разбирам дека немало избор во тоа време но во денешни услови изводливо е да се направат „мали“ корекции во правописот (што и се наjавени
делумно на моjа инициjатива) .
А јас веќе ти одговорив за азбуката.
Имаме тука и некои теми за македонскиот јазик од историски аспект и слично, ама ако сакаш дискусија што засега само лингвистичка анализа тогаш треба на соодветниот подфорум.
Ако е така ова што го посочуваш околу транслитерацијата на латиница, и баш ти си иницијаторот, тогаш браво!
Ама колку што гледам тие "мали" корекции во правописот не ја тангираат моменталната македонска азбука, туку начинот како таа соодветно да се транслитерира на латиница, така?
Godric напиша:
Другите фрустрации се во тоа што про-владините медиуми (Вечер, Сител, Курир) известуваат не само про-владино туку и про-српско, пример наведов одбележувањето на годишнината од Кумановската битка коjа дури и ти би се сложил дека не била во корист на Македонците.
-Точно е дека во Вечер и Сител провејува ако ништо друго тогаш константно српско присуство во сите сегменти на "информирањето", што е особено уочливо кога 99% од нештата што се пренесуваат немаат никаква врска со Македонија.
- Самото известување за тоа одбележување не е "про-српско" затоа што е тоа сепак настан што се случуваше во Македонија, и македонската јавност треба да биде информирана за тоа.
Е сега дека во "известувањето" имаше некои коментари што не беа на место и без потреба ги фалеа гостите од север, или дури им ги правдаа очигледните провокации како таа на српскиот претседател Николиќ дека демек "Македонија ништо не изгубила од балканските војни", и дека "Ослободувањето на Македонија почнало во Првата Балканска Војна", тоа ни под разно не требаше да се прави од страна на поединци на македонски медиум.
Godric напиша:
Не сакам да мешам политика но добар дел од населението е манипулирано од 2те наjголеми партии од кои едната турка антицизам + доза на србофилиjа а другата на своите митинзи вее Српски знамиња.
Ај поарно не мешај политика зашто ептен ќе ја закашкаш работава.
Godric напиша:
Со тоа им даваме мотив на соседите да ги утврдуваат тезите околу нашиот наводен постанок во средината на 20 век.
Пак од реченица во реченица имаш контрадикција во кажаното.
Како прво споменуваш некаков "антицизам", а веднаш после тоа соседите ќе ги утврдувале тезите околу нашиот постанок во средината на 20 век..?!?
Godric напиша:
Да не зборуваме за Српските преводи по тв-каналите,
Зборуваш за сателитските или баш за македонски тв канали?
Godric напиша:
Српските програми, музиката кои и те како се еден вид на пропаганда но малку од луѓето се свесни за тоа.
Точно е тоа, ама па тогаш требаше до сега да станеме Латино-Американци, или еве сега Турци
Godric напиша:
Повеќе се фокусираме на историjата отколку на сегашноста мислеjќи дека денес нема пропаганди ко во минатото. Па нема човек во моjава околина коj не е имун на таа пропаганда, дури и врз мене тоа влиjае.
Хмм... фокусот на вниманието на масата се менува и моделира според потребите.
Има врска во тоа што го кажуваш, ама не може се да влезе под заеднички чадор наречен пропаганда.
Godric напиша:
Денешните настани кои ме фрустрираат се само резултат на некои про-Српски активности во минатото. Тоа беше мотивот да jа отворам темава
Точно е дека имало такви, и за жал сеуште ги има.
Ама како што ти образложив на долго и во детали во првиот мој пост овде, во голем дел тоа што си го напишал не е така, а некои нешта ти се дури и тотална измислица.
Како на пример тоа за наводното прогласување на "Независна Македонија", што демек била оформена од страна на фашистичка Бугарија.
Godric напиша:
За време на Втората светска воjна, Вардарска Македониjа ќе се наjде под контрола на Фашистичка Бугариjа коjа ќе оформи држава-марионета „
Независна Македониjа“ коjа за знаме и грб ги има ВМРОвските симболи но за жал со про-бугарска конотациjа и е предложена како протекторат на Фашистичка Бугариjа но набрзо ќе се распадне и Вардарска Македониjа ќе се врати кон Jугославиjа.
И целата оваа измислица си ја "поткрепил" со линк до Википедија.
Ај да те цитирам што ти самиот си напишал на темата што ја посочи за јазикот:
Википедија е целосно промашена, таму кој стигне уредува па така и статиите се субјективни,
...
И кога сме веќе кај тоа, ај да не се повторувам по сто пати и да се вртиме во круг.
Не е проблем да се прави муабет за било што, ама подфорумов е за Историја.
Ако сакаш да дискутирме и упорно да ја промовираш одредената теза, ќе треба малку да се потрудиш и да доставиш некои соодветни докази за кажаното, а не цело време да бидат рекла-казала муабети.