Па не викам дека сме им криви, ама да каже човек дека не е ништо страшно, дека се работи за “ветерче“, а тоа го гледа на компјутер, на другата страна од светот е апсурдно.
Мене ми е жал за тие луѓе, има опасност да изгубат се што имале, да им се оштетат домовите или уште полошо да ги изгубат животите. Не ми е јасно како било кој може да гледа на тоа со сеир... Искрено, ги жалам луѓето што ваква ситуација може да посматраат од призма на сеир. Можеби затоа од секогаш сум мразела и црн хумор.
Кај нас Охридско се подигна малце се направи цела паника, не дај Боже да треба со ваква работа да се соочиме. Со природата никогаш не си на чисто, непредвидлива е... додуша и самиот човек си допринесе до уништување на природата, ама тоа не значи дека нема да сочувствувам со луѓето таму.
Замисли некој во 1963 да чул за земјотресот во Скопје и да каже: Ај бе па и ти шо бе пеерче едно земјотресче нишо посебно, а живее у пм, некаде на Фиџи.