Океј, редно време е и јас да удрам еден update.
Од периодот на Пивофест, до Виноскоп, се до мојот роденден, успеав да налетам (договорено, полудоговорено, и сосема случајно) на следните фаци:
Forrest Gump - Уште еден straight brother from another mother, како господинот Biggus Dickus. Дечкото е музичка енциклопедија, а во исто време, ако ги има потребните алатки при себе, и jubox на две нозе. Ранет од грдата страна на животот, сепак наоѓа сили да биде постојано насмеан и полн со енергија (која немам поим од каде ја црпи). Да не спомнувам колку добра смисла за хумор има
musketarr - Шармантно и згодно другарче на Forrest, не многу активен член на кајганава, но дефинитивно гледам зошто се добри пријатели, бидејќи многу од истите карактеристики ги носат и двајцата во себе, и он е постојано насмеан весел, и знаат да одржуваат добра атмосфера кога се во група.
Acid &
Олимпија - Беа со неколку пријатели на Виноскоп. Немам многу што да додадам, бидејќи не беше директно запознавање, туку повеќе како индиректни препознавања кој е кој, и остана на тоа. Ваљда сум бил проценет како unapproachable person
. I did get some awkward stares though ..... I hope I left a jolly good gay impression!
Од дистанца де
.
Iskra - Значи имаше повеќе души тогаш на Виноскопот, мене само девојчево, освен другите кои ми беа веќе познати, ми остави јако позитивен впечаток. Слатко лице, пријатна личност, секогаш со огромна насмевка, шарманта девојка
. Штета што немавме повеќе време тогаш. А и атмосферата не беше баш идеална за разговарање, со гласната музика итн.
Грејвдигер - Енергичен, весел, пријатен, chill дечко. Немав прилика да направам некој подолг/подлабок муабет со него, ама од тоа време кое го поминав на Виноскопот таа вечер, човеков ми остави многу добар впечаток, и дефинитивно е некој, кој ако сакате добро друштво за негде, да биде обавезно земен за в предвид за придружба.
Ставрогин - Човек со јак карактер, обожава да дава предизвици, сака да дебатира, и не-дај-боже да се најдеш со него на маса, а немаш цврсти ставови самиот, немаш огромна волја, и си инаетлив
. А да, и челични нерви. Зошто дебатите со него ќе потраат. Ама пак се ужива во истото, особено ако имаш пиво при рака за опуштање
. Исто, дами, доста е згоден, за некој маж кој без малку дупло постар од мене
Velvet She - Значи девојкава е движечи феномен
. Не знам како поинаку да ја опишам ... Висока, витка, со плава коса, шармантна насмевка, дружељубива, доста комуникативна, chill chica. И го има најмилозвучниот глас што сум го сретнал кај женска особа
. Јас не знам зошто типкава не работи како модел или барем во радио водите, ќе растури и на двете полиња. И да, доаѓа во пакет со висок IQ, и добар пристап при дебати и дискусии, евидентно после следење на неколку такви "дуели" во живо
. И ги има најдобрите вкусови во однос на филмови и ТВ
.
Wolf-Rayet - Се надевав потајно дека не сум единствениот нерд за астрономија на форумов, и конечно можам да го откачам она forever alone лепенка кога се работи за прашањево
(Иако тука може да се спомне и Sagan, но тоа кога ќе се најдам во живо и со него). Друже, многу ми е мило што те запознав! И имаш најкул ник на кајгана (за тие што знаат што всушност името и значи
).
AnFem - После не знам колку спремање и договарање, уште повеќе спремање и договарање, мислев ќе биде само попусто натегање и ветување поради околностите во кои сме и јас и она, но конечно ... КО-НЕЧ-НО! И со неа се сретнав. Девојката директива од Шведска право кај мене на роденден со најоткачениот подарок што сум го добил од женско до сега
. Згодна, со добар сенс за стил, и со фризурка која ич не им стои на многу славни фацки, ама на неа ебано добро и стои!
, особено во комбинација со нејзината опседнувачка насмевка
.
Fasty - Интересен младич, со вокабулар кој и пркоси на неговата возраст која нема да ја откривам
, важно знае да направи комична ситуација ако сака, дури и кога се обидува да биде сериозен (што разбирам потполно, ми се има случено истото многу пати кога и јас бев на негова возраст). Инаку типот личи на млада верзија од Chester од Linkin Park. I kid you not ladies. Штета што не е веќе активен на форумов (по личен избор), ќе беше добра едиција
.
虚空 無限 - Интересен карактер, глас, и движење. Уникатен човек. Жими се, кога го видов, прво нешто што ми асоцираше беше англиски лорд или принц. Дефинитивно блaгородна прогенија
. Смешен, забавен дечко. Успеа да најде време и на роденден да ми дојде, и покрај друго обврски
, и како после да не го сакаш? Само кој ѓавол го натера да си го смени никот од Сталкерот, во ...... па не знам ни што значи новиов ник ..... јас си го викам Јангцекјанг (и не се лути
).
Антоние - Дечко за кој немав баш некое позитивно мислење од форумов, но во живо, иако не поминавме некое значајно време во муабетење, сепак успеа да ми ги скрши претходните впечатоци кои ги имав за него. Дефинитивно пријатен човек за разговор, и далеку пообјективен отколку што мислев, за разни работи. А да, и има одличен вкус за девојки
Sussaro - Го запознав и овој дечко
. Иако дебата е можна, би било вртење во кругови (ако си на спротивната страна). Да речеме дека претходните впечатоци не ми се баш променети, но со него е далеку подобро да се разговара во живо отколку овде.