Хумано е, ама не е хумано да се збогатиш на нивни грб, како што секогаш испаѓа. Само ја прифаќаат играта затоа што немаат некој голем избор.
Кај мене трудот е труд, без разлика каков е, јас еднакво го ценам.
Колку и да ви звучи наивно, јас овака гледам на ова: Јас имам менаџерски способности, ти знаеш да плетеш. Прво и основно, пред да договорам било каков бизнис со тебе, јас ќе те проценам како личност. Ако си ок, ќе ти помогнам. Дури и ако треба јас да финансирам за да започнеме со работа (ова не го зборувам од памет, веќе ми се случило). Ќе работиме тимски, ќе ги подмириме трошоците и на крај ќе го поделиме еднакво она што останало. Јас нема да гледам на ова како мој бизнис, туку како наш, заеднички.